spaso
Search Pretty Girls from your city for night
- Член од
- 5 септември 2008
- Мислења
- 2.746
- Поени од реакции
- 779
Јас би дала само неколку напомени:
1. Со сета почит кон исклучоците, ама факт е дека најголем дел од лекарите во Македонија се бивши студенти по медицина, т.е. ретко кој се надградува, информира, едуцира. Инаку не би препишувале терапии кои се стари 30 години и чии несакани ефекти се познати.
2. Апчињата, кои во Македонија ги даваат како да даваат Пеперминт, не се лек за состојбата во која се наоѓате. Тие само помагаат да можете да профункционирате и да се соочите со проблемот. Треба да се даваат на кратко време и дозата да се намалува - нешто што лекарите во Македонија не го прават.
3. Ова можеби треба да биде прво: анксиозноста е знак дека треба да направите коренита промена во животот. Анксиозноста е знак дека долго време правите нешто што се коси со вас самите, правите нешто што не ве прави среќни, т.е. ги вложувате сите сили, правите се‘ да бидете она ШТО НЕ СТЕ!!
4. Ви треба некој за да пребродите. За време на паничните напади, ви треба некој што ве разбира и ве сака. Значи некој што ќе биде со вас, иако сте тргнале на прошетка и после 20 метри сакате да се вратите назад.
За да дојдете до суштината на проблемот ви треба стручно лице. Не секој психолог или психијатар одговара на секого. Сами ќе си одредите дали човекот наспроти вас ви помага или не.
5. Занимавајте се со работи во кои уживате или откријте нови. Плетењето и везењето се многу медитативни, а не се скапи ниту мора да имате талент за да се занимавате со нив. Сликајте, пејте, играјте! Јогата и медитацијата се многу полезни.
6. Не се напрегајте повеќе отколку што треба. Анксиозноста нема да ја снема ако се обидете да се изгубите во обврските и да работите до бесвест. Она што може да ви се случи е целосна исцрпеност на организмот кое само ќе ја влоши ситуацијата.
7. Нешто што можеби ја прави анксиозноста „неизлечива“ е што сите сакаат да бидат како што биле. Анксиозноста ја доживуваат како лош сон, после кој се’ ќе биде како што било и порано.
Не, нема да биде и НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ. Начинот на кој сте живееле пред анксиозноста ве исцрпил и ве кутнал. Треба да промените нешто, а не со носталгија да се сеќавате на времето какви сте биле. Не ја сфаќајте анксиозноста како борба, туку начин на раст и созревање. Треба да ги напуштите старите претстави, старите обрасци на однесување и „да се потсетите дека сте заборавиле да се сакате. Сте заборавиле дека ВИЕ сте љубовта на вашиот живот. Не вашите родители, не вашите деца, не вашата работа, туку вие, самите. Без вас, нема љубов, нема живот“*.
*цитат од едно предавање
Tocno taka , jas sum primer koj od panicni napadi nemozese da spie , pritisokot mi se krevase do 200 , se osekav kako da nemozam nisto da napravam sam , ama svativ deka PANIKATA i PANICNITE NAPADI se retka privilegija sto ne mu se dava na sekogo vo zivotot , eve denes vekje skoro 2 godini nemam nitu eden panicen napad i gord sum na toa bidejki bitkata koja ja pobediv bese mnogu teska i mnogu lesna i denes namesto panicni napadi sve mi e vo obraten pravec t.e poubavo nego li pred da mi pocnat panicnite napadi i zatoa vikam deka sekoj koj ima panicni napadi e golema privilegija ili eve da kazam dar od boga .
- Mora da gi smenite starite so novi naviki i problemot e povekje od resen
--- надополнето: 6 октомври 2012 во 23:41 ---
и така, бев на лекар и завршив со асетра 50мг и хелекс 0.25мг...некој коментар?! совет
Lekarstvata ne pomagaat mnogu ajde uste od start da ti kazam , ASENTRATA e katastrofalen lek , ja go piev 100 mg i se osekav ko duh i na svoja glava gi prekinav site terapii , a HELEX mozes da si pies dodeka ne ti se vospostavi povtorna harmonija na nervniot sistem , inaku trgaj ASENTRA dodeka ti e vreme .
--- надополнето: 6 октомври 2012 во 23:44 ---
последнава недела, нешто почна да ми е ко глава во облаци, како да см надвор од моето тело ... многу е лошо чуството.... незнам што да правам, дали да одам на лекар... значи кога ке легнам, многу ми е лошо се осекам како да лебдам, ама не е удобно ВООПШТО, ги осекам нозете како да не ми се дел од телото, како да сум надвор... дали е ова анксиозност,, многу сум под стресс во последно, незнам како да се справам, имам премногу обврски.. ке ве молам за совет како да ја смирам анскиозноста.. доколку е тоа, или пак можеби е висок крвен притисок...премногу сум загрижен и многу се депресирам , студент , знаете како е .. незнам како да се ослободам од стресот а и со тоаа да се ослободам од ова страшна состојба која ја немав се до пред оваа недела.. curse you anxiety ! ! ! !
Resenieto ti e pred nos .