Анксиозност

Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
karan
Ефектот од апчињата се чувствува после 15-20 минути. После 6 месеци ти си веќе зависен од нив, нема никаков ефект, а штетата што ја прават е голема.

freelance
Анксиозноста нема да исчезне со апчињата. Убаво што си го сменил начинот на живот, ама тоа можеби не е доволно. Треба да дојдеш до суштината на проблемот, а не знам дали ќе успееш сам. Затоа е потребна терапија. Не за да и каже докторката што да правиш, туку да ти ги постави вистинските прашања.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
karan
Ефектот од апчињата се чувствува после 15-20 минути. После 6 месеци ти си веќе зависен од нив, нема никаков ефект, а штетата што ја прават е голема.
Овој вид апчиња не создаваат зависност.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Јас не верувам дека не предизвикуваат зависност. Оние што знам дека земаат Асентра земаат веќе неколку години и никако да престанат. Се работи за голем бизнис и не верувам многу во добрите зборови и препораки на некој лекар што зема процент од продадените лекови.

Уште еднаш: лековите не го решаваат проблемот што го имате, само ги ублажуваат симптомите. Тоа е исто како да ви влегол трн в нога и наместо да се потрудите да го извадите, вие го третирате само загноениот дел.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543

Со цитати и извадоци од предавања и слични теории, нема да им помогнеш на сите тука што си имаат проблем...Пробај за почеток да наведеш некој вистинит пример, нешто што реално се случило, некое искуство и сл. па тек тогаш врз база на тоа да советуваш...А вака со суви теории кои си ги препишала од некое предавање, џабе ти е све...
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Blondi

Јас би дала само неколку напомени:

1. Со сета почит кон исклучоците, ама факт е дека најголем дел од лекарите во Македонија се бивши студенти по медицина, т.е. ретко кој се надградува, информира, едуцира. Инаку не би препишувале терапии кои се стари 30 години и чии несакани ефекти се познати.

2. Апчињата, кои во Македонија ги даваат како да даваат Пеперминт, не се лек за состојбата во која се наоѓате. Тие само помагаат да можете да профункционирате и да се соочите со проблемот. Треба да се даваат на кратко време и дозата да се намалува - нешто што лекарите во Македонија не го прават.

3. Ова можеби треба да биде прво: анксиозноста е знак дека треба да направите коренита промена во животот. Анксиозноста е знак дека долго време правите нешто што се коси со вас самите, правите нешто што не ве прави среќни, т.е. ги вложувате сите сили, правите се‘ да бидете она ШТО НЕ СТЕ!!

4. Ви треба некој за да пребродите. За време на паничните напади, ви треба некој што ве разбира и ве сака. Значи некој што ќе биде со вас, иако сте тргнале на прошетка и после 20 метри сакате да се вратите назад.
За да дојдете до суштината на проблемот ви треба стручно лице. Не секој психолог или психијатар одговара на секого. Сами ќе си одредите дали човекот наспроти вас ви помага или не.

5. Занимавајте се со работи во кои уживате или откријте нови. Плетењето и везењето се многу медитативни, а не се скапи ниту мора да имате талент за да се занимавате со нив. Сликајте, пејте, играјте! Јогата и медитацијата се многу полезни.

6. Не се напрегајте повеќе отколку што треба. Анксиозноста нема да ја снема ако се обидете да се изгубите во обврските и да работите до бесвест. Она што може да ви се случи е целосна исцрпеност на организмот кое само ќе ја влоши ситуацијата.

7. Нешто што можеби ја прави анксиозноста „неизлечива“ е што сите сакаат да бидат како што биле. Анксиозноста ја доживуваат како лош сон, после кој се’ ќе биде како што било и порано.
Не, нема да биде и НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ. Начинот на кој сте живееле пред анксиозноста ве исцрпил и ве кутнал. Треба да промените нешто, а не со носталгија да се сеќавате на времето какви сте биле. Не ја сфаќајте анксиозноста како борба, туку начин на раст и созревање. Треба да ги напуштите старите претстави, старите обрасци на однесување и „да се потсетите дека сте заборавиле да се сакате. Сте заборавиле дека ВИЕ сте љубовта на вашиот живот. Не вашите родители, не вашите деца, не вашата работа, туку вие, самите. Без вас, нема љубов, нема живот“*.

*цитат од едно предавање :)
Кој дел ти е теоретски и несфатлив? Цитат е само тоа што е во наводници. И тоа исто така е жива вистина.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Јас не верувам дека не предизвикуваат зависност. Оние што знам дека земаат Асентра земаат веќе неколку години и никако да престанат. Се работи за голем бизнис и не верувам многу во добрите зборови и препораки на некој лекар што зема процент од продадените лекови.

Уште еднаш: лековите не го решаваат проблемот што го имате, само ги ублажуваат симптомите. Тоа е исто како да ви влегол трн в нога и наместо да се потрудите да го извадите, вие го третирате само загноениот дел.
Тоа што со години земаат вакви лекови не значи дека станале зависници. Тоа го прават бидејќи терапијата не дава трајни туку само привремени резултати. Во основа лежи стравот од повторна ремисија на состојбата доколку се прекине терапијата. Јас имам вакво искуство и воопшто не е тешко да се престане со земањето лекови.
Само можам да се согласам дека лековите не го решаваат проблемот. Но бидејќи проблемот е од психолошка природа помагаат дури да помине извесен период и даваат доволно време човекот да го промени својот однос и поглед на животот а притоа да биде способен за секојдневни нормални активности.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062

не сакам да го повторувам 394493 пати, ама кај мене создаде физичка зависност асентрата и тоа беше прилично гадно.
 
Член од
23 октомври 2012
Мислења
11
Поени од реакции
14
Со овој проблем сум над 5 години симптомите се како и кај сите што ги читав , срцебиење , вртоглавица , стегање во градите , немање на воздух ,трнење низ лицето и главата и сл. на лекар сум бил милион пати , имам испитано се живо , на крајот заклучокот е секогаш истиот - " на нервна база ти е " . Имам пиено лекови кои ми ги има дадено лекарот од типот на дијазепам хелекс и лексилиум . Самоконтролата е единствен спас и ништо друго , едноставно коа сум во таква состојба си велам на самиот себе дека се е во ред , без паника , длабоко дишам , ќе поседам 10 минути ќе одморам и готово.Одприлика тоа е.
 
Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246

se okolu tebe e predizvik ...i ti moras da se vozdrzis....zemi edno dabce ..kakvi doktori kakva anksioznost :)
 
Член од
16 септември 2012
Мислења
19
Поени од реакции
5
абе сите се излечивте од анксиозност па ве нема :vozbud::tapp:
--- надополнето: 27 декември 2012 во 21:00 ---
абе сите се излечивте од анксиозност па ве нема :vozbud::tapp:
 
Член од
16 септември 2012
Мислења
19
Поени од реакции
5
дали е можно после толку испиено асентра и хелекс спасот да го најдам во магнезиумот пијан 3 дена и незнам како да опишам како се чуствувам, како роден одново...
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.326
Поени од реакции
7.076
дали е можно после толку испиено асентра и хелекс спасот да го најдам во магнезиумот пијан 3 дена и незнам како да опишам како се чуствувам, како роден одново...
Недостаток на магнезиум
Недостаток на магнезиум може да настане по долговремена употреба на диуретици или како резултат на лоша апсорпција од страна на желудникот. Недостаток на магнезиум доведува до грчеви и болки на мускулите, страв, халуцинации, тахикардија, намален апетит, зголемена раздразливост, страв, осетливост кон промена на климата, појава на хроничен замор,болки во желудникот, а честа е и појавата на пролив. Недостатокот на магнезиум го зголемува ризикот од остеопороза – болест која доведува до зголемување на кршливоста на коските, особено кај повозрасните лица, претежно жени во менопауза.
па недостатокот на магнезиумот покажува слични симптоми со анксиозноста,можеби твојот проблем лежи тука.......овде вели дека можен е проблемот со желудникот и апсорпцијата......
 
Член од
16 септември 2012
Мислења
19
Поени од реакции
5
се осекам како роден осекам мала температура како да ми се стоплија мускулите, веке не сум раздразлив итн... чудно ми е сеа :) после толку време да се осетам убаво...
--- надополнето: 4 јануари 2013 во 02:22 ---
како да ми се разбистри мозокот :vozbud:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom