1Нулта корупција
Во Општина Центар и ќе воведеме нулта корупција! Ќе направиме за граѓаните, вистински дигитализирана општина за добивање на сите општински услуги и документи по електронски пат, бесплатен интернет, апликација за паркинг и изнајмување велосипеди, инфомативни смарт-табли итн. Поставување сензори за бучава кои втоматски ќе сигнализираат надминување на дозволните граници.
- Нулта корупција не постои нигде у свет не па кај нас
- Прво писменост да си провери и степен на образование во "најградската" општина пред да почне да ветува дигитализации и апликации
- Сензори мензори ќе престанат да функционираат после 3 недели од нивно поставување
2Стопирање на изградбата на нови станови
(освен во Маџир Маало и во Крњево). Изградбата на нови станови ќе биде блокирана сѐ додека не се постигне и не се врати балансот на територијата од Општината, односно не се изградат потребните улици, детски установи, канализација и целата комунална инфраструктура.
- Добро супер, ајде да видиме да не искочи некој граџевинац да финансирал кампања па да чека возврат
3Изградба на две современи подземни гаражи.
Во овие гаражи 80% од просторот ќе биде за жителите на Центар. Ќе бидат опремени со полначи за електрични возила, како и заштитен простор за велосипеди. А, во Грaдски ѕид, за подземните гаражи ќе се субвенционираат влезни врати со далечинско управување во висина од 30%. Ќе воведеме осветлување и помош за изнесување на насобраниот шут, со што автомобилите ќе ги тргнеме од улиците и од надземните паркинзи, како и давање градежни дозволи за надворешни лифтови на анексите од блоковите, каде што Општината ќе даде 30% субвенции.
- Како овие гаражи ќе ги ограничи за жителите на Центар? Како ќе ги регулира сопствениците на подземни гаражи во градски ѕид да ги паркираат колите во гаражи кога де факто 10% само ги паркираат, другите ги рентаат на пазарџии или им се претворени во шпајзови, што резултира со немање паркинг за другите станари пошто надземја се паркираат сите.
4Формирање Иновативен парк за млади.
Ќе обезбедиме простор, модерно уреден, со модуларна инфраструктура за иновативни и старт-ап компании со современа технологија да работат во Паркот без надомест во првите 3 г. со цел размена на креативни идеи, вмрежување, средби и привлекување на инвестиции од областа на високите и зеленте технологии, работејќи на апликативни проекти.
- Се потпосрав на ова. Иновативен парк за млади, креативно катче. Ок е, со кладиони на секои 15 метра иновативен парк ќе праиш и старт ап, тебе ќе те чекаат децава секако.
5Изградба на четири нови градинки со опфат од околу 600 деца
Во населбите Пролет, Маџир Маало, Дебар Маало и Капиштец, а и проширување на капацитетот на градинката на ул. „Даме Груев“ во строгиот центар.
Супер, не е проблемот во немањето градинки него што дозволувате од популистички причини сите што работат во центар а живеат у свирипичино да си ги носат децата у градинка кај што им е најкомофорно а тие што плаќаат поскап квадрат ради близина на установи да чекаат на ред за запишување или да мора да си бараат друго чаре по приватни градинки.
6Бесплатен оброк за секој ученик од прво до петто одделение.
Учениците ќе добиваат по еден здрав оброк на ден со специјално мени подготвено од нутриционисти. Придобивките се: поздрави деца, еднакви услови за децата, подобрата исхрана води и кон помотивирани деца во образованието.
- Ок супер.
7Центар за деца со посебни потреби – дневен престој
Децата ќе бидат соодветно згрижени во институција каде што ќе има педагози, дефектолози, педијатри, психијатри и негуватели. Потребно е да се откријат нивните способности и таленти и да се унапредуваат со цел секое од децата на свој начин да се интегрира во општеството.
- Ок супер.
8Подготовка на студија за пронаоѓање на причинителите на загадувањето
Подготовка на 3-годишен акциски план за подобрување на амбиен¬талниот воздух во соработка со граѓаните, бизнис-аедницата и НВО.
- Ти ако тек сега ќе правиш студија, значи у мандат нема да го решиш загадувањето.
9Поставување фотоволтаици
Поставување фотоволтаици на институциите во надлежност на Општината, со што ќе придонесе за поздрава животна средина.
- Абе лудница веќе што да ти кажам.
10Субвенции за енергетско ефикасни фасади
Субвенции за енергетско ефикасни фасади за индивидуални градби, како и за премин на греење од дрва кон енергетско ефикасни методи: гас, фотоволатици, пелети, инвертер клима-уреди и сл.; субвенции за чистење на оџаците.
- Ништо од ова нема, ти лифтови не се поправаат и кењаат по влезови не па друго.
11Реконструкција на фасади на постари станбени згради
Реконструкција на фасади на постари станбени згради со енергетско ефикасни фасади. Општината ќе субвенционира со 50% од реконструкцијата, како и субвенционирана замена и на азбестните покриви.
- Ок ви лежи фасадерството имате искуство со барокот.
12Систем за собирање отпад во подземни контејнери
Постепена замена на обичните контејнери со подземни, обезбедени со најсовремена технологија за следење на депонирањето на отпадот, како и дополнителни надземни контејнери, ќе набавиме и специјални возила за миење. Со тоа значително ќе се подобри хигиената.
- Ова ќе се углаат контењериве после некој месец и ќе почне пак да се трупа све горе.
13Проект „Од сива кон зелена“
Масовно засадување и пополнување со дрвореди, зелени појаси околу булеварите за заштита од загадување и бучава, нови растенија, мали урбани паркчиња, зелени фасади, ботаничка градина, тревници низ целата Општина.
- Каде бе?
14Мал Ринг без возила
Ќе ги ослободиме од возила пристапните улици кон плоштадот „Македонија“ и кон Триумфалната порта. Целта е да создадеме поголема пешачка зона, простор за културни и забавни настани и да го промовираме пешачењето како најздрава, најевтина и еколошка форма на транзиција од едно на друго место.
- Ќе им дадете пак пас на одредени џибери да се влагаат до Тренд со курчење, за после година дена да дозволите сите да влагаат и да се вадите на тоа дека немате соработка со полицијата. Веч виџено со Никола Вапцаров, во ред е.
15Проект „Зона 30“ за безбеден сообраќај
Ќе воведеме ограничување на брзината на возење на 30 km/h на дел од територијата на Општина Центар. Таа секако ќе биде пред секое училиште и градинка.
- Супер супер кога ќе почнете да ги штавите орките од Ѓорче и селата тогаш може да поверувам на ова. Се додека не ги чепкате пошто ќе ви бидат секако коалиција ко на сдс, празни муабети.
16Летното кино во Градски Парк
Ќе го вратиме летното кино во Градски Парк, како модерно тродимензионално кино, што истовремено ќе биде и алтернативна театарска сцена во топлите месеци.
- Секако секако, преубаво.
17Локации за млади уметници
Обезбедување локации за млади уметници (вајари, сликари, графичари, графички дизајнери итн.)
- Сите работат у кафичи, незнам кои млади уметници се таргетираат овде.
18Поддршка на Кошаркарскиот клуб „Работнички“
Поддршка на Кошаркарскиот клуб „Работнички“, модернизација и реконструкција на спортската сала „Градски парк“.
- Гарант ќе искочи некое срање во ДУП МУП ШУП да не може шталата да се реновира, а кошаркарскиот клуб Работнички веќе не е ни продажен аргумент за центарци, да не кажам ги заболе скроз.
19Поддршка за вработување на работоспособни лица со попреченост
Ќе создадеме можности за нивно вработување во општинските институции.
- Супер ајде да видиме.
20Два клуба за пензионери и стари лица
Два клуба за пензионери и стари лица, во рамките на постоечките простории на територијата од Општина Центар.
- Супер ајде да видиме.
21Обезбедување помош и нега на стари лица во нивните домови
Проектот опфаќа формирање стручен тим за посета и помош на старите и изнемоштени лица при вршење основни активности. Во овој прект ќе биде вклучена и студентската организација. Да создаваме општествено свесна младина.
- Супер.
22Парк за миленици, заловување на уличните кучиња и стационар
Отворање парк за миленици, заловување на уличните кучиња и стационар за истите, со што се решава проблемот со бездомните животни.
- Викнете го Бафра.