Не треба да се стручњак, доволно е или да ги читаш законите за избори, или да имаш common sense со математика.
Еве ти конкретни примери баш од избориве:
За Скопје имаше 12 кандидати за градоначалник, но никој од нив не освои 50% од гласовите, што значи дека во вториот круг одат само првите двајца со најмногу гласови, каде што гласачите што во првиот круг гласале за некој од 10те кандидати што не влегуваат во втор круг сега можат да го дадат гласот за било кој кандидат и со тоа да го променат победникот. Т.е., ако во прв круг Данела имаше освоено најмногу гласови, во вториот круг тие што не гласале ниту за неа ниту за Шилегов сега може ќе гласаат за Шилегов и он ќе победи. Недемократски и нефер е да прогласиш победник со освоени 30-40% од гласовите, затоа што тоа не е мнозинство.
На
претседателските избори 1999 се случи токму тоа. Борис Трајковски имаше освоено 21% од гласовите и беше втор, зад Тито Петковски кој имаше 33%. Како најдобро рангирани отидоа во втор круг, каде што гласачите што во првиот круг не гласале за никој од нив, овојпат гласаа повеќе за Борис и он победи со 53%.
Можеби не се согласувам многу со правилото да има втор круг во општини каде што има само 2 градоначалници, а никој не освоил 50%, затоа што истите тие пак ќе бидат во втор круг и тогаш дури и со помалку од 50% ќе победат, но ете, да го сфатиме како втора шанса жителите на таа општина убаво да размислат кој сакаат да им ја води општината наредните 4 години. Демир Хисар е најинтересен ваков пример на избориве, едниот кандидат 46.92%, другиот 47.37%. Само 23 гласа разлика помеѓу нив. Во втор круг било кој може да биде победник.
Идеално ќе беше ако ни во втор круг никој нема 50% - да има нови избори со скроз нови кандидати, но тоа ќе биде ептен трошење пари. Но од друга страна веќе кога секако се повторува првиот круг во општини што немале 30% излезност - зошто па да не и ова?