Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
29 септември 2015
Мислења
253
Поени од реакции
333
Ништо нема да биде и со овој Тимчо. Ќе дојде и тој да си лапне нешто. Аеродром уште 4 години нема да види бел ден. Штета што Коневски не се кандидра пак. Имаше план и правила каде треба да се гради.

Тимчо професор на млади години, како е избран можам да претпоставам.
Во развиените демократии се знае кој може да биде професор. Не може дете од 25-30 години да го стават професор и да ја растури институцијата. Треба искуство со години пред да застанеш пред студенти.

И нашево образование е за комедија,
Мицкоски професор, Тимче професор, Каракмишева професор. :eek: Уште Али Ахмети да го стават да им предава на студентиве и завршена работа. Кадар комплетен
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.991
Поени од реакции
4.464
Чекај, не беше Тони Стојановски од Дебар Маало или грешка сум?
Го имам гледано во Аеродром по кладилници. Во меѓувреме ако не се преселил , можно е. Го нема нешто задње време
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.671
По кандидативе на сдс и вмро се глеа дека а локални а парламентарни исто им е. Пукаат со имиња за градоначалници што ги готвеа за пратеници/министри или веќе се тоа. Тоа кажува колку им е do or die ситуацијава.

Е сеа ако ова им е најбоља постава за ним најважните избори, за греота и они и ние.

Камиказа тремаџија и политички неписмен е пак подобра опција од петре, за Данела не сум сигурен, си го носи товарот од СК2014 од партијата.

Иначе по мое мислење ова се задњи избори на Мицко. Прво ако изгуби ќе му кинат глава у партија, второ ако тепа Данела, ми се чини ќе има поголем кредибилитет од него у сама партија и мислам ќе ја скуваат американците за иден лидер на вемерото.

Јас сум Васко Ефтов а вие и јас имаме право да ја знаеме вистината.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.158
Поени од реакции
5.933
Претпоставувам дека Муцунски барем живее во Аеродром, затоа што би било голем срам некој роден во Берово што не ни живее во Аеродром да биде кандидат за градоначалник.
Вториот проблем е, како што веќе кажа @VardarVoSrceto, он е еден од најадекватните луѓе во ДПМНЕ и сигурно ќе има долга (и веројатно успешна) политичка кариера, но дали градоначалничка позиција спаѓа во тоа? Хммм, ако да речеме победи и истера мандат во кој што стварно ќе се види дека нешто сработил и би стекнал доверба кај граѓаните за пак да го сакаат за градоначалник и во наредниот мандат? - Супер, никој нема ништо да му замери. Но ако го местат за градоначалник само колку на крајот од мандатот да му пишува во CV дека бил градоначалник? - Нека се гонат во пичку матер тогаш.

Во секој случај интересен избор на ДПМНЕ (ако е стварно он кандидатот), и многу ме интересира што ќе изјавува наредниов период, дали ги знае проблемите што ги има општина Аеродром и што би направил за да ги реши.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
Јас да сум у партија, намерно би пуштил муабет за коментаторов и Лилиќ како потенцијални кандидати, за после што и да одберат да си речеш „ќути, овој е супер, замисли да требаше да гласам за Лилиќ“ :D
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.791
Поени од реакции
8.500
Не знам на основа мислите дека Тони и Лилиќ би поминале полошо од Тимчо. Посебно Тони. Мислам костимосан кепец образован во америка, син на функционер и во партија/функција директно од пелени влезен. На кој гласачки регион би требало да иде овој? Лисиче, Ново Лисиче, Мичурин, Острово, Јане? Само во стар аеродром кај новите згради овој може да си бара гласачи со поголема успешност.

Најсмешно ми е тоа роден бил во Берово али цел живот живеел во Аеродром. Кој живот бе. Цело образование го поминал во Америка и Канада. Од универзитет директно во влада и професор. На која основа овој е од Аеродром. Пред зграда гарант не го знаат дека постои. Ова е како да речеш Апасиев е аеродромец. :pos:

10-11к им е апсолутен лимит.

Зависно од тоа колку Левица ќе изора терен во Ново Лисиче, Лисиче и Мичурин може и да си помине многу полошо. Овој се кандидира сега за градоначалник зошто во собрание не направи апсолутно ништо за да си ја подигне популарноста ( тоа што правникот не може да се снајде во својата најприродна средина исто така треба да ви каже многу). А гарант калето го спрема за новиот носител на ДПНЕ во ИЕ1 на местото на Гога.
 
Последно уредено:

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.158
Поени од реакции
5.933
Реално, јас стварно не гледам како Дејан Лилиќ би бил лош кандидат. Отсекогаш сум имал мислење дека градоначалник треба да биде способен човек од самата општина што ги знае проблемите на општината и ќе има моќ да ги среди. Моменталниов на Аеродром е сè освен способен.

Иначе, куртониве се очајни...

Значи моменталниот ни градоначалник на Скопје за време на мандадот го има по слики/видеа како не може да гледа од што е камен пијан, али не - проблем бил потенцијалниот кандидат од ДПМНЕ како пиел пиво на екскурзија во средно школо :tapp:
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.868
Поени од реакции
36.915
Колку и да не го сакам тимчо, реално е најбоље опција од тие тројца што ги прочитав (лилиќ, тимчо и стојановски). Се работи за прилично писмен лик, ипак е професор, колку и да е деградирана таа професија, поготово на јустинијан. Стана професор во време на вмро, по директни ургенции од горе. Со оглед на тоа што е цела кариера во академија не верувам да менаџирал нешто реално во животот ама теоретски верувам дека ги знае работите, особено административните постапки, буџетските постапки и целокупното формално правно функционирање на општината. Ако не се лажам еден краток период беше и министер за администрација и информатичко општество. Помага тоа што е прилично амбициозен, па верувам дека градоначалничкава позиција ќе ја гледа како можност за идна лидерска позиција во вмро и евентуално премиерска позиција.

Се на се, pros му се теоретското познавање и амбицијата, con му е немањето на искуство во реален day to day managment. Ако се спореди со другите кандидати во општината, или генерално во сите скопски општини, мислам дека е еден од подобрите, ако не и најдобриот кандидат од понудата на вмросдсм. Како ќе се покаже е друга работа. Победата секако му е загарантирана.


Мислам дека ќе има доста поддршка и од меѓународната, со оглед на тоа што е еден од погодните ликови за нивните политики.

Куриозитет е што на Димче му е веројатно најомразен лик од ВМРО. Тимчо стана професор на катедрата каде претендирал и апасиев своевремено, а знаејќи го каков суетен лик е, нема да му прости никогаш.
Беше на Уставно право демонстратор ама колку што знам таа катедра им била исполнета, па мораше на друга катедра да се најде место за вакво здраво јадро вмровско дете и го направија професор по Римско право, таму каде што Апасиев беше асистент.

Тимчо е бубреже во лој. Нема ден работно искуство освен по академски кругови. Предава за работи што никогаш не бил дел од нивното практикување. И тоа искуство и позиција во академските кругови му е добиена со партиски врски.

Соодветна позиција за него е да се занимава со комунална хигиена и чистење диви депонии. Не би му дал повеќе.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.821
Поени од реакции
50.031
Од нерешителност и неорганиација ќе си го направат Аеродром од готово- вересија.

Против деца на транзициски чирови со неограничени пари, моќ и влијание какви што се во Аеродром и Кисела Вода, не се игра вака аматерски.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.174
Ништо не праат ВМРО со овој. До толку ли немаат друг кандидат да понудат? Па било кој против Марин да го стават ќе има ефект.

Со детево во Лисиче (населба, Горно и Долно), Ново Лисиче па дури и Аеродром ништо не прават. Ќе има такви фикс гласови чисто дека е ВМРО ама џабе им е. Кога ќе отиде (ако отиде) на собири пред овие луѓе, шамари ќе јаде :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom