Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.322
Поени од реакции
21.578
Една година подоцна, при историска шанса да го пратат ДУИ во опозиција и да го вратат Кичево кај македонец градоначалник, тие гласаат за ДУИ во Кичево и Струга, и со тоа го одржуваат ДУИ на власт.

И после плачат зошто народот ги нарекувал предавници. Има зошто.

 
J

joli1

Гостин
Сега не, меѓутоа изминатите години името и те како беше пречка. Се тоа набројано и бетер - го имаа бугарите. Доколку некако магично го немавме спорот во 1990та, и најмоќната држава во регионот не помагаше наместо да не кочи веројатно ќе бевме во ЕУ пред Бугарите, ние ќе бевме тие што ги блокираме а и албанците ќе немаа политичка моќ да ни се качуваат глава. Едноставно нема земја што повеќе ни го има загорчено животот од Грција.

Е сеа ние сме мајстори за да го промашиме моментот, го ,,решивме,, спорот кога нема никаков интерес во ЕУ за проширување, капак на тоа не проценија дека Бугарија ќе ни го спопика. Веројатно со слично визионерство некој иден Заев ќе го реши спорот со нив, за Србите да имаат време да ни се наместат од позади.
Не би се сложил потполно со тебе.

Грција не ни го загорчи животот, туку политичките партии со промовирање на ЕУ како единствен начин за да имаме солиден животен стандард и правда во државава.

Нажалост овој народ, како и одредени политичари не сфатија дека промените доаѓаат од внатре, а не од некој екстерен фактор кој што ќе не држи за уши за тоа како ги трошиме парите и слично.

ЕУ не сака држава која што штампа пасоши на криминалци, ЕУ не сака држава која што нема што да контрибутира у ЕУ, Германија и Франција не сакаат да финансираат уште една држава која што нема што да им понуди, ЕУ не сака целиот фокус да го насочи кон држава која што у 21 век сеуште има проблеми од партиско вработени административци, итн, итн.

Исто и у врска со промашување на моментот, доколку сакаа ЕУ одма ќе не примеа. Верувај ми дека да беше у прашање некоја друга европска држава, ЕУ и те како ќе имаше интерес да се прошири, но на нив им одговара да бидеме вазал држава која што со децении и векови ќе ја лажат дека сме блиску за почеток на преговори.

Државава 30 години да вложуваше во информатичко општество, во образование, наместо да се лаже дека ЕУ била антидот за се, сега немаше ни да ни треба ЕУ.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Zaev voopšto ne ni trebaše da se nafaka da bide pretsedatel na SDSM i da stanuva premier, što mu faleše koga si beše gradonačalnik na Strumica, a voedno i lokalen biznismen, nešto što sekako ke si ostane i vo idnina. Ednostavno vo burni vreminja ja prezede partijata (2013 god.) otkako Branko se povleče od liderskata pozicija na Bihaćka, pa potoa moraše na razno-razni načini nekolku godini cvrsto da se bori so vlasta/režimot na Gruevski, pa jadeše i kotek vo sobranie na 27.april.2017 god. od razulavenata tolpa koja upadna vnatre, a vednaš otkako stana premier go fatija teški problematiki t.e. moraše da go rešava trideceniskiot spor so Grcija, nešto za što nitu eden prethoden premier nemaše hrabrost, kako i sporot so Bugarija i.t.n. Pa potoa taman se reši sporot so Grcija i zemjata malku se stabilizira dojde covid krizata koja trae veke skoro celi dve godini i ja istošti ekonomijata na državata. Kako i da e i kako i da bilo edno e fakt, a toj fakt e deka idniot premier na Makedonija nema da gi ima problemite koi gi imaše Zaev t.e. ne ke mora da rešava tricedeniski spor so Grcija, vo NATO veke sme členka, imavme uspešen popis posle celi dve decenii, covid krizata e veke vo zalez... Idniot premier na Makedonija koj i da bide ke ima mnogu pomalku glavobolii i problemi od Zaev koj vsušnost se spasi i konečno digna race i od partijata i od premierskata funkcija, neka si uživa vo životot i neka si bide raat, što da go boli glava vodejki edna propala država, koj pa političar izlegol na kraj so ovoj narod koj neznae što saka ... Kurto-Murto prikaznata, zmija ili magare, pogolemo ili pomalo zlo i se taka vrtenje vo eden magičen krug do beskonečnost !
Си го кљечел на кољена за вработување море хеј, признај. :icon_lol: :D
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
10.314
Поени од реакции
18.393
Значи никогаш немаше да влеземе, без разлика на периодот. Луѓето забораваат дека после Преспа а пред Бугарите, нас не блокираа Франција и Холандија. Тоа што Грците те превеслале да им прифатиш се што сакаат не значи дека они нема да купат оружје за 2 милијарди од Французите па они да те блокираат. Или нема да повлечат некој дипломатски врски и да те блокираат Шанија, Кипар, итн ...

Вие навистина ли мислите дека Бугарија ја има сувереноста да може да блокира нешто во интерес на Германија или Франција или ЕУ? Никогаш немаше момент, како Македонија или Македонци во ЕУ не влагаме ниту ќе сме влегле некогаш. Како Бугари, Срби, Паеонци, Дарданијци, Марсовци. ДА. Али како Македонија и Македонци никогаш.

Не можеш да се договориш со луѓе на кои им смета твоето постоење.

Да потсетам кога се започна со Проектот Вардарска Долина или поточно Луково Поле, проект кој би имал негативни последици по Грција, се дигнаа локални УЧКари, невладини групи за заштита на природата и дури во ЕУ и на крај ЕУ ги сопре кредитите. Али истите групи исчезнаа во моментот кога проектот сопре, на истите групи не им сметаа десетиците мали хидро централи. Си имаме работа со ЕУ групи кои активно работат против Македонија.

И повторно за крај. Заев беше избраникот на ЕУ. Нивното најдобро и најспособно. Заев е олицетворението кое можете да го очекувате од некое идно ЕУ владеење. Мила Царовска не си ги вадеше од никаде тие нејзините проекти. Тоа беа се ЕУ проекти.
Не зборам за лани кој не блокирал, туку години уназад кога ЕУ беше во експанзија. Конкретно за Бугарија зборам, беа бетер од нас и влегоа во ЕУ. Секако не е само ЕУ во прашање, како држава ќе бевме далеку во подобра состојба доколку имавме подршка од Јужниот сосед наместо ембарга и блокади.
Која е твојата теорија зашто не мрднавме во процесот на интеграција, ако не се нашите драги соседи во прашање?
Ако те разбирам, ти мислиш дека има некоја струја во ЕУ која работи со цел уништување на македонците, а тоа не се нашите соседи?
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Албанците сакаат Дуи да падне. Тоа се гледа по резултатите од западна Македонија, па и во Арачиново. Во Чаир и Сарај сеуште се недопирливи. Сакаат промена на политичкиот ентитет кој 2 децении е на власт, а им испорачува гол национализам, и притоа ги пика своите партиски стаорци кои не знаат 2 збора македонски, по јавната администрација.

Можеби ако се смени Дуи, ќе се промени и политичкиот наратив. Можеби. Се надевам, ама не верувам. Дуи мора да оди во опозиција, рака под рака со Сдссм.
Исти к**рац друго паковање ти се и Алијанса, можеби уште побетер националисти.
Се сомневам и дека самите прават игра, и ја зајакнуваат втората партија се со цел да имаат бекап за континуирано владеење (во позадина).
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.314
Поени од реакции
18.393
ЕУ не сака држава која што штампа пасоши на криминалци, ЕУ не сака држава која што нема што да контрибутира у ЕУ, Германија и Франција не сакаат да финансираат уште една држава која што нема што да им понуди, ЕУ не сака целиот фокус да го насочи кон држава која што у 21 век сеуште има проблеми од партиско вработени административци, итн, итн.
Значи не споредувајте со европски држави, јасно е со која земја треба да се споредуваме. Со Бугарија и евентуално Романија. Држави кој беа во секој поглед бетер од нас а сепак ги протуркаа во ЕУ.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Другари , само Димче може да не оправи.
Само он ги има тие муда да оди против ДУИ и цела анти-македонска пропаганда.
Само он има муда да се бори правно да си го вратиме идентитетот.Да се измоча на "придавката" северна што би рекле некои..
Само во него лично јас верувам дека може барем честа да ни ја врати.
Па после да ја оправа државата.

Да ви кажам нешто , цел живот сум ВМРО , затоа што верувам во идеалите што тој збор ги носи , и се борам за нив.
Ама Мијалков и Груевски со цела профитерска багра и го удрија копачот на таа партија.Оваа сегашна постава се траги-комедија и не вреди да се коментираат.
Ова ВМРО не е подобра иднина само тоа да се разјасни.

Ако дојде време нова влада да се прави и ДУИ сеуште биде во неа , треба сите да си го удриме ножот у грклан директно.Од таму потекнуваат сите , ама буквално сите срања у државата.Таму симболот е национализмот и до крај ке се држат до тоа.За нив постои само зборот АЛБАНЦИ.

Гласајте за Левица народе , треба да им се даде шанса , покажаа дрка не се само на зборови јаки.
Друже јас имам лафено со луѓе кои го имаат преживеано и Ленин и Сталин! Истава девиза била, да го симнеме јаремот! На крај сосе јаремот, без гаќи и без кошула ги испратиле во Сибир(тие што имале среќа да не бидат стрелани). Полека, не се јаде се’ што лета. Нема бланко доверба веќе, сега Мара знае како е да бидеш невеста;) Нека потрае Димче 2-3 години вака, нека изгради гласачко тело( и јас ќе помогнам), да видиме што ќе прави, после муабет ќе правиме!
Оти лесно е со пароли: Школо ќе направиме, ама деца немаме! И деца ќе направиме:confused:
Истиов чур го кркаше маЌедончето со МЕМЕРО, зад брендот се собра багра која мање више беше иста со комуњарите:toe:
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Абе дајте да му помогнеме на муртинското говедо. Фејсбук, Твитер оставки -тури им пепел.

Еве јас ќе му ја напишам оставката, ќе го седнам од позади во кола на детското седиште и ќе го однесам кај Форина да му ја предаде.

Слушнав Коста Костадинов, овој моронот, поетот, актерот плачел вчера додека течел северниот прес. Жал да му падне на човек за детето.
placko.png
Еве лично јас ќе ургирам за него, да бира во која општина на град Скопје сака да добие метла и лопатка, да заработи некој денар, да подзачисти малку по улиците и парковите. А сите заеднички ќе му купиме по некое чоколадо, да му се качи шеќерот, да се смири малку.

Денеска попара северњаците, ги среќавам низ градов. Слушам им гори газот, посебно на оние кои работат по администрација, што од скоро пуштиле нога таму со договорче, а дремат по дома, ама демек вработени биле. Метла, се тоа надвор ќе оди.

И како беше онаа северџанска реторика, на бањатите де. Дека ние небањатите сме стока, со која бањатите не заслужувале да живеат во иста држава. После секој пораз го слушаме тоа. Ми се свиѓа.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
687
Поени од реакции
662
Па редно време е да кажете, има или нема сега? :icon_lol:



Друже што сакаш збори за СДСМ но факт е дека од 2002-2006 албанците не смееа да писнат, сите тн "права" од двојазичност до државни земјишта, џамии, амнестии, застапеност итн. итн. беа дадени во времето на лажниот патриот грујо кој избега како кукавица и си ги остави своите потчинети да гниjат по затвори.

За воља на вистината ова "СДСМ" не е ништо подобро во врска со тој проблем, но сето тоа раздавање почна во време грујово и ова беше само продолжение.
Да прашам јас како стоиш со меморијата, цела западна Македонија им ја дадовте на тацна тој период, со новата територијална поделба, власт немаше во овој дел на Македонија, царуваа парамилитарни групи, го паметиш Агим Красниќи и неговите што правеа 2004-2006 во Сарај и Кондово или можеби го заборави и најпознатиот „овчар“ во МК Иснифарис Џемаили.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.791
Поени од реакции
8.500
Не зборам за лани кој не блокирал, туку години уназад кога ЕУ беше во експанзија. Конкретно за Бугарија зборам, беа бетер од нас и влегоа во ЕУ. Секако не е само ЕУ во прашање, како држава ќе бевме далеку во подобра состојба доколку имавме подршка од Јужниот сосед наместо ембарга и блокади.
Која е твојата теорија зашто не мрднавме во процесот на интеграција, ако не се нашите драги соседи во прашање?
Значи Грција била, е и ќе биде нашиот главен проблем. Сакаш решение со Грција за да прекине да не блокира и да ни прави проблеми. Прекини да постоиш. Грција е стратешки сојузник и на Франција и на Германија и на Велика Британија. Имаат монархистички врски и со Шпанија. Кипар за нив е како Косово за Албанија. Не е ни тајна дека имаат соработка со ДУИ а и хеленофили во СДС и ДПНЕ.

Тоа што Грците те превеслале за да прифатиш 60% од нивните барање, не значи дека нема да ги активираат пријателите за да прифатиш и другите 40%.

Они активно работат државата да не се развие, населението да се расели и сите институции да се дезинтегрираат. Дали навистина мислиш ти дека ДУИ туку така буквално иде на секој 4 години од една институција во друга и ги запустува. Ај за некој во кој има пари ќе разберев ама Универзитетска Библиотека. Грците 30 години работат на тоа од Држава да се претвориме во територија со племиња на неа, а некој сонуваат за договор.
 
Последно уредено:

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.816
Поени од реакции
50.000
Секако не зборам за лани кој не блокирал, туку години уназад кога ЕУ беше во експанзија. Конкретно за Бугарија зборам, беа бетер од нас и влегоа во ЕУ. Секако не е само ЕУ во прашање, како држава ќе бевме далеку во подобра состојба доколку имавме подршка од Јужниот сосед наместо ембарга и блокади.
Која е твојата теорија зашто не мрднавме во процесот на интеграција, ако не се нашите драги соседи во прашање?
Затоа што ништо не нудиме и со ништо не можеме да се пазариме. Тоа што се нарекува левериџ никогаш не сме го ни имале бидејќи за тоа е потребен некој минимум на суверенитет кој исто така сме го немале. Едноставно не сме партнер, а ЕУ е пред се друштво на бизнис соработници во кое секој со нешто придонесува. Некој придонесува со територија, некој со технологија, некој со индустрија, некој со пристаништа.
Ние се лажевме дека нашиот придонес може да бидат апстрактни работи како имиња и идентитет, кои буквално со ништо не придонесуваат за доброто на Унијата, а имаат значење единствено за нас овде.

Во поново време па разликите што меѓу ЕУ и УСА се изродија уште толку не оддалечуваат зошто ЕУ очигледно не е заинтересирана за прибирање Американски сателити кои одат во Вашингтон по насоки, а во Брисел по џепарац и одржавање.

Романија и Бугарија конретно нудат брана од исток и секогаш можеле да ја активираат таа карта и да се обидат да се заортачат со Русија или Кина. Сега, нормално дека не можат ради издршката што ЕУ им ја плаќа, а нема да им ја плаќа никој друг, ама тоа е тој левериџ што го имале кога било клучно.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.756
Поени од реакции
5.018
Секогаш кога ова северџаниве/комуњари со нивните газди шипови и цигани го споменуваат зборот "прогресивни" - смени го со "ментално болни" и ќе има смисла.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.314
Поени од реакции
18.393
Значи Грција била, е и ќе биде нашиот главен проблем. Сакаш решение со Грција за да прекине да не блокира и да ни прави проблеми. Прекини да постоиш. Грција е стратешки сојузник и на Франција и на Германија и на Велика Британија. Имаат монархистички врски и со Шпанија. Кипар за нив е како Косово за Албанија. Не е ни тајна дека имаат соработка со ДУИ а и хеленофили во СДС и ДПНЕ.

Тоа што Грците те превеслале за да прифатиш 60% од нивните барање, не значи дека нема да ги активираат пријателите за да прифатиш и другите 40%.

Сакаш подршка од Грција,прекини да постоиш.
Тоа е океј, меѓутоа не го менува фактот дека ради нив сме тука кај што сме, а не ради корупција, непотизам или што ти ја знам.

И не глеам кој би бил интересот на Грција да не постоиме, или да имаат турско/ албански сателит на северната гранца. Тоа беше и едина причина што го прифатија договорот со нас. Немој да мислиш дека ние бевме тие што се убедуваа, тоа беа грците. Памтиш какви протести имаше кај нас и кај нив во врска со договорот?
Е сеа со бугарите е друг муабет, они имаат интерес да се распаднеме и да земат колку толку нешто. И не знам шт ви е толку фасцинантно дека земји ко Грција и Бугарија може да не блокираат. Можат, зашто имаат далеку поголем левериџ од нас. И пријатели, и подршка и се останато.
Автоматски споено мислење:

Затоа што ништо не нудиме и со ништо не можеме да се пазариме. Тоа што се нарекува левериџ никогаш не сме го ни имале бидејќи за тоа е потребен некој минимум на суверенитет кој исто така сме го немале. Едноставно не сме партнер, а ЕУ е пред се друштво на бизнис соработници во кое секој со нешто придонесува. Некој придонесува со територија, некој со технологија, некој со индустрија, некој со пристаништа.
Ние се лажевме дека нашиот придонес може да бидат апстрактни работи како имиња и идентитет, кои буквално со ништо не придонесуваат за доброто на Унијата, а имаат значење единствено за нас овде.

Во поново време па разликите што меѓу ЕУ и УСА се изродија уште толку не оддалечуваат зошто ЕУ очигледно не е заинтересирана за прибирање Американски сателити кои одат во Вашингтон по насоки, а во Брисел по џепарац и одржавање.

Романија и Бугарија конретно нудат брана од исток и секогаш можеле да ја активираат таа карта и да се обидат да се заортачат со Русија или Кина. Сега, нормално дека не можат ради издршката што ЕУ им ја плаќа, а нема да им ја плаќа никој друг, ама тоа е тој левериџ што го имале кога било клучно.
Колку и малце и да нудиме економски и геополитички, пак нудиме нешто. Верувам дека нема да им е сеедно ако во иднина регион што граничи со Еу стане бојно поле, или Ердоган им изгради воена база тука. Така да тоа малце не би им било проблем доколку не коштавме ништо. Ама ако имаш влијателна членка која нејке да влезеш во ниеден случај, тогаш да, тоа што нудиме не вреди за цената. Тоа пробувам да го објаснам.

И сакаш да ми кажеш дека оние литвании и латвии биле помалку амерички сателити од нас, па ЕУ не го размислило тој факт кога ги примаше? Американското дудлање никогаш не било проблем за ЕУ, и ден денес со исклучок на франција ЕУ е американски вазал слично на нас. А и секако зборам за период пред 20-30 години, кога беа бетер.
Едноставно, ниедна од овие земји немаа помоќна земја која ги блокира, напротив имаа подршка од сегде и тоа е разликата во ЕУ интеграцијата.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom