Darklady
Модераторка
- Член од
- 29 октомври 2011
- Мислења
- 5.673
- Поени од реакции
- 35.343
Ќе им простев, ако членовите беа рандом ликови. Да собереа луѓе од улица, подобро ќе се справеа.Сме имале многу „... е се што треба да знаете за оваа држава“ но, на Државна Изборна Комисија да им требаат реакции од јавноста за да сфатат колку е малоумно тоа да важат ливчиња без печат, е тоа е горе на врвот.
Ама никако не можам да им простам затоа што станува збор за дипломирани правници.
Кондарко е 100 години член на Државна изборна комисија.
Даштевски е дипломиран правник, магистер по меѓународни односи и дипломатија, доктор на политички науки. И со ставањето на својот потпис на една таква Одлука, тој си стави црна дамка во својата кариера.
Ако си способен да се справиш со сите притисоци од надвор, и со углед и достоинство да го браниш тоа што си го градел, тогаш прифати да бидеш дел од нешто. Доколку сметаш дека може да подлегнеш на притисоците и да се бламираш за сите пари, тогаш барем не се нафаќај.
Објавувањето пак на официјалните податоци е приказна за себе. Па на дигитрон да ги сумираат резултатите, на прсти да ги бројат и цртики да тргаат, побрзо ќе прерачунаат