Leo Bonnie
Кад се врате скитнице
- Член од
- 20 декември 2008
- Мислења
- 4.486
- Поени од реакции
- 5.581
Ќе биди интересно со Габриела и Поинаку, на претседателските и на парламентарните разликата меѓу сдсм и вмро беше околу 1000 гласа а Поинаку во 2017 имаа 5000, сега очекувам 8-9000 негде. Така да без нивните гласови во втор круг нема градоначалник, исто и без нивните советници нема да има мнозинство во советот.Многу погрешни се математиките дека Поинаку и Левица во коалиција ќе освојат повеќе гласови, баш напротив тоа ќе значи згаснување на Поинаку, а воедно за вас битолчани големата шанса за враќање на достоинството на градот.
Еве да сум битолчанец хипотетички и пријателите кои ги знам во Битола кои ќе гласат за Поинаку, во случај тие да се во коалиција за Левица попрво раката ќе си ја сечат него да дадат поддршка на Левица.
Друго со ова се губи целата борба и нејзината чиста идеја градот да е пред се и над се, а посебно што самата иницијатива ја губи својата независност и ќе биде оцрната и обоена во партиски бои.
На крај самата Габриела пред да ја основа Поинаку беше десничар , лично не ја знам но со многу десничари кои во тоа време беа дел и околу партијата во која таа беше член ми имат пренесено дека се работи за непоправлив борец кој не се поместува ни милиметар од тоа во што верува, така да ваква коалиција со Левица ќе биде политичко самоубиство и за неа и за Поинаку.
Сигурен сум дека веќе стигаат понуди кај неа и од двете партии за директорски места, за претседател на совет, многу комбинации се во игра но картите се во неа.