.со просветлувањето тој станува Бог, значи нема врска со атеизам..
монотеистичките религии кои го користат емотивниот центар.???
Секој може да стане Бог, гледано од Будистичка гледна точка. за да ја постигне целта требе да уложи многу „труд“
Како во монотеистичките религии што го поимаат Бог станува будистот после n обиди да НЕ СЕ инкарнира, или нешто сосема друго, бог како ... својство, атрибут?
Бог сам за себе? Значи будизмот создава богови?
Прашав брама како конечна точка на еден будист кој што со еони можеби се обидува да стане брама и да се откачи од кругот... што е? Тоа е бог? Тогаш се станува бог? Се соединуваш со бог(велиш нема Креатор, значи нема бог кој што покренал се)?
Дали може да биде некој тука, на земјата бог? Како човек? Или тоа ќе биде само просветлен момак?
Ова другото, не знам ќе треба некој христијанин или муслиман да прашам со кој центар тие се во контакт со божественото им.... мене не ми изгледа многу реално и не точно твоето.
Гледано и од телемитска или било која окултна школа секој може и е Бог ... но различни се концептите за бог... јас те прашувам каков е концептот на бог кај будистите. Ако не постои креатор како бог, што е кај нив богот/боговите? Ако е „Јас“ или „не-јас“ тогаш се станува философија и пракса. Прва наука во светот за подобрување на човековата свест, етика и морал. Еволуција, а тоа е далеку од религија.
Ако е така, и атеист може да стане бог... ако работи вежбите од ПатанЏали (со Џ е, научи да го пишуваш), ако открие што се за него може да биде „бог“ и како може да го спознае (не да верува слепо во него)
И за последното, да тие бараат Бог (зависи од школата како и дали дефинираат некаква божественост), но некои школи одат до тоа дека постои надвор од човекот бог, а другите бараат бог внатре. Во стилот: работи и ќе видиш дека си бог. Истражи малку, и ќе видиш...
Затоа велам, дали може воопшто да се гледа будизмот како религија кога има еден куп разни школи кои и се подудараат едни со други?
И барав цитати каде се вели дека бараат бог? И каде се кажува каков бог...
Цитати момче, да поткрепиме со цитати зборувањето... јас се прашувам многу во однос на тоа каде да се смести будизмот...
Затоа и реков дека фали уште една точка за гласање, не бидува со ДА - НЕ ....
P.S.
Gurdjieff не те јас заморувам со твојот град, друг ти удира зафрканции (
Ipsissimus). Си помеша станиците... што ме мене сега мешаш?