Мислам дека е повеќе прашање на субјективна интерпретација. Но, дискусијата всушност повеќе се врти околу етимологијата на зборот атеизам отколку за самата суштина. Теизмот претпоставува постоење на Бог обично во класична монотеистичка смисла како кај христијанството, исламот, хиндуизмот, јудеизмот и тн. Атеизмот e целосно отфрлање на теизмот поширока смисла, или во потесна во форми како деизмот, пантеизмот (кој и во самиот назив го има зборот теизам, малце апсурдно би било да се спротивни - и не е исто со атеизмот, знаеме дека а-то пред зборот значи негирање). Тука негде меѓу тие 2 интерпретации е одговорот дали будизмот атеистичка филозофија, религија, религиозно гледиште whatever... Има повеќе дефиниции, не знам која е вистинската, но мене поприродно ми е атеизмот да го сместам во смисла на отфрлање било какви божества, богови, спиритуализам, бог во оваа или онаа смисла или било што инсинуира некаква религиозност. Кога станува збор за некаква повисоко смисла на постоење, атеизмот има нихилистички став, барем ја тоа така го доживувам. Не ја гледам потребата придавката „атеистичка“ да го користиме за секоја религија која не го дефинира Бог на класичен начин како некое антропоморфно битие, уште повеќе така и се губи концизноста на атеизмот. Но, многумина некои иако имаат некакви си свои убедувања, верувања се декларираат како атеисти само затоа што не сакаат да се идентификуваат со оние верниците од „класичните“ религии само ради тоа што не сакаат да ги класифицираат во иста група, едноставно за нив е понизност да речат дека не се атеисти, се плашат дека некој ќе претпостави дека се лековерни или ќе ги стават во ист кош со тие што ги сметаат како такви, а тие се доволно паметни што сфатиле дека Бог не е некое човече како Ѓорѓи Колозов и мора да ја искористат секоја прилика да го докажат тоа, ама па од друга страна си имаат свои убедувања и ако ги р`чнат по истите истото веќе не е толку смешно и не се толку саркастични. Нејсе, ја би рекол, тие не се атеисти, иако е прашање на толкување... да, си прочитале некоја дефиниција и се декларираат за атиести најчесто од причината малце погоре ама... кат д булшит, се знае кое е општоприфатеното значење на атеизмот, кое и тумачење да го користиш нема да го смени значењето. Не веруваш во класичен бог него во деистички, океј, чуму атеизам кога двата збора можат да си имаат посебно значење и да не влагаме во полисмисености. Атеизмот отфрла се тоа, дури и во цитати, дискусии на научници во таа смисла се користи, па некои ќе кажат дека се атеисти, некои дека веруваат во некаков креативен бог, некои некаква спиритуалност, Ајнштајн полемизирал дали е пантеист или атеист или нешто слично. Ти си рекол дека си атеист зашто си прочитал некаде дека не веруваш во дедо госпот рај и пекол, ама „вистинскиот“ атеист дали веруваш во креативен бог, дали во бог - креатор надвор од време-просторот, дали реинкарнации, дали чакри, дали спиритуализам подеднакво ќе ги отрфла тие идеи како смешни или бесмислени за него. Ништо не менуваш со тоа како ќе се наречеш, а по врат а по шија, дали по пат дали по друм одиш, дали курва или нимфоманка, дали пијаница или страсен љубител на алкохолот. Атеизмот нека си остане атеизам, за другото си има соодветни изрази.
Сума сумарам, иако будизмот го нема како централна фигура Бог, или агностички се однесува спрема таа идеја т.е. не е битна за поведението на поединецот, сепак далеку е тоа од она општоприфатено што е за атеизам. За многумина е чудно „отсуството“ на Бог па одма истапуваат со тези те не било религија било филозофија, те бил атеизам будизмот и слично. Апсурдно е, кога флагрантно е дека будизмот се занимава баш со религиозни теми: живот, смисла на постоење, раѓање, умирање, природата на човекот и универзумот. Религиозни теми не се само „верување“ или „неверување“ во господ, постоењето на догми не е екслузивен услов нешто да се нарече религија. Атеистите не се занимаваат баш со овие работи, барем не од тој аспект. Значи, во суштина, колку и да манипулираме со зборови, будизмот е религија и далеку од атеизам. Има некои фаци исто што мислат дека будизмот е кул и ќе ти се изнакажат колку го почитуваат, нирвана кул им звучи, ама пак најчесто реинкарнацијата сигурно е глупост за нив или си го сфаќаат во некоја метафоричка смисла што везе си нема, колку да бидат кул и различни, ама од друга страна да ги маскираат вистинските причини и да си останат општоприфатени као рационалисти. Сакаат да се ебат а да не им влезе. Тие најчесто тенденциозно инсистираат дека будизмот е атеизам.