Колку време бе Мики? 50, 100, 150 години? Колку е доволно да се види? Па и нека е 150, веќе поминаа, првите такви колонии датираат од средината на 19ти век, и се се на микро ниво. Не е новост анархизмот.
Кои се тие територии кои имаат континуирано анархија 50,100 или 150 години?
А кога Скопје ќе стане Стокхолм, не мора Стокхолм еве Малме или Халмстат да не претеруваме....
4000 години имаш држава некаква на твојата територија а најголемо достигнување се врби од 0,25 милиони евра и баркони палми...али треба да се има разбирање, бидејќи концептот си е супер...само треба време...и пари. Пола животец.
Не знам колку време. Ќе видиме. Ако не е добро, самото ќе исчезне.
Кога спомнуваш 19 ти век, веројатно алудираш на Париската комуна.
Идејата била одлична, но за тоа време без оружје и многу крв веројатно била осудена однапред на пропаст.
Сега е веќе друго. Демократија демек е, и никому не сметаат ваквите комуни, па да видиме како отсега за 100-150 години ќе се развијат.
Имало оружје и многу жртви и големи борби, за нивно добро 30.000 луѓе стрелала власта бидејќи рајата не можеле да сфатат колку е прекрасна државата. Дури Француските единици заедно со Пруските вршеле напади, а до пред месец-два биле во војна...
Јес да е демократија ама чат пат за нивно добро ги убиваат, понекоја авионска бомба, death squads, гранатирање на училишта...онака...
Дури и медицински третман во жолтата соба оние кои ја подржуваат државата го сметаат за помало зло.
Дали? Не сум знаел дека во бившата ни држава не биле комунистите на власт. Очигледно не биле, бидејќи јас „Животинска фарма“ и „1984та“ ги почитав во далечната 1984 та год, (која случајност а..
) на „мајчиниот ни “ јазик, српско-хрватски. Па дури и анимираниот се појави некоја година подоцна. Инаку да ќе се сложам дека го опишува
комунизмот (не бољшевизмот), а се започнува со принципите на анархизмот (дури и Маркс не бил толку оригинален, принципите на комунизмот се „позајмени“ од анархизмот)
Еве што кажува Орвел во предговорот на едно од првите изданија на својата книга. Каква анархија, какви жални врби...да, во Југославија ја одбанирале пред да ја прочиташ, заборавив да напоменам.
http://home.iprimus.com.au/korob/Orwell.html
http://www.enotes.com/animal-farm-criticism/animal-farm-george-orwell
Имал прилика да види кои се и што се бољшевиците во шпанската граѓанска и како што напоменав се борел заедно со анархистите против бољшевиците и нацистите и два пати е ранет. Имаш и книга околу тоа, нон-фикшн.
Смрт на неколку десетици илјади е подобрата опција отколку смрт или асимилирање на сите 1500000. Некогаш изборот се сведува на помалото од двете зла. Висок степен на криминал на почетокот имало и во САД, па тоа не ги спречило да напредуваат.
Инаку, по сликите гледам колку на Чиапас не и е потребна надворешна поддршка и колку успеале сами. Катастрофална образование и уште полошо здравство. Ама битно живееат по стариот код на Маите и никој не ги тормози. Ќе умрат среќни, иако можеби од болест што шпанскиот колонизатор ја лечи со пеницилин.
Само веќе почнавме да вртиме во круг. Дискусијата ќе нема напредок се додека не дадете логичко објаснување зошто анархистичките средини не се шират. Надвор од тоа, другите луѓе се глупи и не можат да ги препознаат придобивките.
Многу лош обид за cherry picking, со оглед на тоа што оригиналниот одговор е само два поста над твојот.
Како што кажав, не постои заедничка основа на која би се споредиле двете места. “Аиии брат овие ме потсетуваат на косоварине, само кукаат а западот им веруе...“
Тоа што таа држава е одржувана на вештачко дишење е факт. Ќе видиме иднината што ќе каже. Кое асимилирање кога популацијата со различи замислени другарчиња од вас постојано расте таму а онаа со поинакви ја снемува, дај да видиме колку и дали запатистите направиле некаков зулум некаде....ама тоа е, навистина е излишен муабет веќе. Зошто, затоа што најголем дел од популацијата не знае ни што е тоа, не ги знае основните поими во животот и се научени некој друг да ги управува макар тоа значело и половина живот. Исто како што со векови и милениуми луѓето ја прифаќале чумата како нежно непромеливо, небесна ствар, божји план. Тоа не ги спречило да умираат масовно ама да се доведе во прашање нешто било надвор од нивната моќ. Но секој со своето...