Анархија

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Не бе друже, каква париска комуна. Зборувам за анархистички комуни. И точно тоа ти кажувам дека исчезнуваат или се локализираат. Првата колку ми е познато, (можеби има и постара, не сум сигурен) е во Америка некаде 1850та, отприлика. Во Израел има и ден денес (попознати како кибуци) преку 200, кои датираат од почетокот на минатиот век.
Аха, ок.

А за Париската комуна, што мислиш?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
А за Париската комуна, што мислиш?
Ништо. Не сум сигурен, но мислам дека нема врска со темава, можда грешам, нека ме исправат тие што знаат повеќе.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Колку време бе Мики? 50, 100, 150 години? Колку е доволно да се види? Па и нека е 150, веќе поминаа, првите такви колонии датираат од средината на 19ти век, и се се на микро ниво. Не е новост анархизмот.
Кои се тие територии кои имаат континуирано анархија 50,100 или 150 години?
А кога Скопје ќе стане Стокхолм, не мора Стокхолм еве Малме или Халмстат да не претеруваме....4000 години имаш држава некаква на твојата територија а најголемо достигнување се врби од 0,25 милиони евра и баркони палми...али треба да се има разбирање, бидејќи концептот си е супер...само треба време...и пари. Пола животец.

Не знам колку време. Ќе видиме. Ако не е добро, самото ќе исчезне.

Кога спомнуваш 19 ти век, веројатно алудираш на Париската комуна.
Идејата била одлична, но за тоа време без оружје и многу крв веројатно била осудена однапред на пропаст.

Сега е веќе друго. Демократија демек е, и никому не сметаат ваквите комуни, па да видиме како отсега за 100-150 години ќе се развијат.
Имало оружје и многу жртви и големи борби, за нивно добро 30.000 луѓе стрелала власта бидејќи рајата не можеле да сфатат колку е прекрасна државата. Дури Француските единици заедно со Пруските вршеле напади, а до пред месец-два биле во војна...
Јес да е демократија ама чат пат за нивно добро ги убиваат, понекоја авионска бомба, death squads, гранатирање на училишта...онака...;) Дури и медицински третман во жолтата соба оние кои ја подржуваат државата го сметаат за помало зло.

Дали? Не сум знаел дека во бившата ни држава не биле комунистите на власт. Очигледно не биле, бидејќи јас „Животинска фарма“ и „1984та“ ги почитав во далечната 1984 та год, (која случајност а..:) ) на „мајчиниот ни “ јазик, српско-хрватски. Па дури и анимираниот се појави некоја година подоцна. Инаку да ќе се сложам дека го опишувакомунизмот (не бољшевизмот), а се започнува со принципите на анархизмот (дури и Маркс не бил толку оригинален, принципите на комунизмот се „позајмени“ од анархизмот)
Еве што кажува Орвел во предговорот на едно од првите изданија на својата книга. Каква анархија, какви жални врби...да, во Југославија ја одбанирале пред да ја прочиташ, заборавив да напоменам.
http://home.iprimus.com.au/korob/Orwell.html
http://www.enotes.com/animal-farm-criticism/animal-farm-george-orwell

Имал прилика да види кои се и што се бољшевиците во шпанската граѓанска и како што напоменав се борел заедно со анархистите против бољшевиците и нацистите и два пати е ранет. Имаш и книга околу тоа, нон-фикшн.

Смрт на неколку десетици илјади е подобрата опција отколку смрт или асимилирање на сите 1500000. Некогаш изборот се сведува на помалото од двете зла. Висок степен на криминал на почетокот имало и во САД, па тоа не ги спречило да напредуваат.

Инаку, по сликите гледам колку на Чиапас не и е потребна надворешна поддршка и колку успеале сами. Катастрофална образование и уште полошо здравство. Ама битно живееат по стариот код на Маите и никој не ги тормози. Ќе умрат среќни, иако можеби од болест што шпанскиот колонизатор ја лечи со пеницилин.

Само веќе почнавме да вртиме во круг. Дискусијата ќе нема напредок се додека не дадете логичко објаснување зошто анархистичките средини не се шират. Надвор од тоа, другите луѓе се глупи и не можат да ги препознаат придобивките.

Многу лош обид за cherry picking, со оглед на тоа што оригиналниот одговор е само два поста над твојот. ;)
Како што кажав, не постои заедничка основа на која би се споредиле двете места. “Аиии брат овие ме потсетуваат на косоварине, само кукаат а западот им веруе...“
Тоа што таа држава е одржувана на вештачко дишење е факт. Ќе видиме иднината што ќе каже. Кое асимилирање кога популацијата со различи замислени другарчиња од вас постојано расте таму а онаа со поинакви ја снемува, дај да видиме колку и дали запатистите направиле некаков зулум некаде....ама тоа е, навистина е излишен муабет веќе. Зошто, затоа што најголем дел од популацијата не знае ни што е тоа, не ги знае основните поими во животот и се научени некој друг да ги управува макар тоа значело и половина живот. Исто како што со векови и милениуми луѓето ја прифаќале чумата како нежно непромеливо, небесна ствар, божји план. Тоа не ги спречило да умираат масовно ама да се доведе во прашање нешто било надвор од нивната моќ. Но секој со своето...
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Кои се тие територии кои имаат континуирано анархија 50,100 или 150 години?
А кога Скопје ќе стане Стокхолм, не мора Стокхолм еве Малме или Халмстат да не претеруваме....4000 години имаш држава некаква на твојата територија а најголемо достигнување се врби од 0,25 милиони евра и баркони палми...али треба да се има разбирање, бидејќи концептот си е супер...само треба време...и пари. Пола животец.
Не межај баби и жаби, врби и мушмули, скопја и стокхолми, не е за споредба и јасно го знаеш мојот став по тоа прашање и е сличен со твојот.
Има повеќе комуни со утопизам кои веќе прославиле 150 години.
Utopia, Ohio (38°46′34″N 84°03′26″W)
Brentwood, New York (38°46′34″N 84°03′26″W) и координати да ги најдеш на мапа
И има уште деседина со над 50 год. па и над 100
Во Израел постојат (податок од 2010 год.) 270 комуни (кибуци) кои фунционираат по ист принцип некои и над 100 год.
Имаш гугл, провери си.

А приватниот живот на Орвел е сосем друга работа, јас го коментирав делото. И многу си брате буквалиста, самиот почеток на фармата е по принципите на анархизам (без сопственици, авторитети, приватна сопственост, еднаквост......), тоа што ги поминува другите непожелни фази (социјализам, „сталинизам,“ комунизам) е сосем друго 20........
Пис вит ју, брадер....
 
B

Black Guard

Гостин
Anarhija ne e mozna od prosta pricina,imeno interesite na lugeto ne se komplementarni kako sto bilo porano(opstanok)deneska sekoe lice ima svoj interes kon koj teznee da go ostvarim ponatamu drzavate e prirodna tvorba so t.n "nevidliv dogovor" bidejki istata e kontrolor-iskustvoto pokaza dekamnogu lica ne gi pocituvaat dogovorite,standardite za kvalitet,dogovaraat ceni za licno bogatenje pa ottuka nuznosta za drzava se nametnuva sama po sebe,korporaciite isto taka finansiraat 70% od istrazuvanjata no i gi finansiraat univerzitetite,istite rabotat na olesnuvanje na covekoviot zivot,gradenje kolektori,parkovi-dali vo anarhija nekoj ke pogledne podaleku od svojot dvor???

Vsusnost ke se soberat mrzlivi stoki na koi ne im se raboti pa ke pocnat so kidnapiranja,reket,ubistva odnosno terorizam.
 
B

Black Guard

Гостин
Корпорации,корпорации,зли се,НАТО ова,НАТО она,побогу уште ли бе на собирите во скопјето си продаваат муда за бубрег анархистиве,па како во вакцините имало вируси/бактерии(а мора да има за да создаде телото одбрана) побогу зборуваат за НАТО и против нато едно те исто а не знаат за што зборат,јас ја имав честа да буквално ги ислушам нивните тези и заклучокот е не се закана и сонуваат,и тоа е нивниот проблем што СОНУВААТ а за акции ги нема,еве они се нешто налик..

 
A

AnFem

Гостин
:facepalm:

Повторно и повторно тресење зелени. Нема крај!



2748_1129742760345_3751908_n.jpg


Следно што е?

Секоја година се организира протест на денот на НАТО, ама тебе главата ти е во облаци, па од облаците ништо не ти се гледа :)
 
B

Black Guard

Гостин
Не не,имам јас добар хоризонт и скенери,не ми сметаат облаци туку неразбирање.

Ти и многумина немате ПОИМ што е НАТО ако сакаш можеме да отвориме тема специјална за НАТО,за неговото учество и важност во одржувањето на светскиот Мир,за релациите НАТО-РМ ама сето тоа засновано на факти а не антинато пропаганда,значи зборам за Реалност м??

Против кој протестирате??

Па дали сте свесни дека ако НАТО престане да постои нема да поминат 72 часа без притоа да не започнат минимум 2-3 регионални конфликти а за локални да не зборам,е дури тогаш ќе може да се збори за виоено профитерство и варлорди.
 
A

AnFem

Гостин
Супер, отвори. Баш ме интересираат туѓите мислења. А јас да се натегам со тебе-нема. Немам време, а и да имам, нема да го трошам на тебе ;)
 
B

Black Guard

Гостин
Супер, отвори. Баш ме интересираат туѓите мислења. А јас да се натегам со тебе-нема. Немам време, а и да имам, нема да го трошам на тебе ;)

Тема од таков обем бара огромна аналитика,повторна обработка на одамна разгледани податоци поткрепени со факти,значи не ефтини налепници од типот го измислија САРС,НАТО е крвник и не е прашање на време за мене,троши го времето само движи се побрзо подолго ќе живееш а искрено ти посакувам долг живот надевајќи се дека еден ден ќе се удриш шаком у главу и ја сватиш патетиката и твојата заблуда како и на многумина.

Да бевте вие ТИЕ немаше да помагате на стари лица,немаше да донирате средства за сиромашни,да дадат на вести анархистите и оние борци за права од здружението ленка донираа 13 400 евра за срцева операција на 4 годишниот Х.Х??

Ама не,тоа го прават Алкалоид,Т-Мобиле Хуманитарни организации а вие сте далеку од тоа,ве има први на збор а нигде на дела.

И да ќе дискутираме за НАТО но најмалку поради тебе(и така гајле ти е) туку со цел да направиме една квалитетна дебата од повеќе аспекти,но засега сум презафатен но здравје.
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин
И да ќе дискутираме за НАТО но најмалку поради тебе(и така гајле ти е) туку со цел да направиме една квалитетна дебата од повеќе аспекти,но засега сум презафатен но здравје.
НАТО е воена експозитура на американскиот империјализам. Иако самата организација де јуре себеси се дефинира како одбрамбена и се заложува за заштита на западните демократски вредности, таа де факто преставува милитантна алијанса со која се остваруваат тесните гео-политички интереси на земјите членки. Примери во кои глумат „светски полицаец“ има безброј. Од агресијата на СРЈ (без одобрение од страна на Советот на Безбедност, при што целосно е урнат меѓународниот поредок граден врз повелбата на ООН од 1945 година.), прикриената инволвираност во конфликтот 2001 година во Македонија, потоа Авганистан, Ирак па се до Либија and beyond.

Не само анархистите и пацифистите, туку секој здраворазумен човек треба да се запраша дали е човечки да се подржува еден таков воен сојуз.
 
A

AnFem

Гостин
НАТО е воена експозитура на американскиот империјализам. Иако самата организација де јуре себеси се дефинира како одбрамбена и се заложува за заштита на западните демократски вредности, таа де факто преставува милитантна алијанса со која се остваруваат тесните гео-политички интереси на земјите членки. Примери во кои глумат „светски полицаец“ има безброј. Од агресијата на СРЈ (без одобрение од страна на Советот на Безбедност, при што целосно е урнат меѓународниот поредок граден врз повелбата на ООН од 1945 година.), прикриената инволвираност во конфликтот 2001 година во Македонија, потоа Авганистан, Ирак па се до Либија and beyond.

Не само анархистите и пацифистите, туку секој здраворазумен човек треба да се запраша дали е човечки да се подржува еден таков воен сојуз.
Да не одиме многу со оф топици, го чекаме НАТО фанот да отвори тема, па таму да се насмееме. Не сакам да ја расипуваме оваа тема, мила ми е :)
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин
Да не одиме многу со оф топици, го чекаме НАТО фанот да отвори тема, па таму да се насмееме. Не сакам да ја расипуваме оваа тема, мила ми е :)
Океј нека отвори. Имам многу документиран материјал, особено за злосторствата на НАТО во СРЈ. Па да дебатираме со факти и докази, без етикети како што рече самиот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom