Анархија

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Не изумот, производот. Да не се работниците, магарешки ташак што ќе им се оствари сето тоа.
Па за некој да го направи, некој треба да го смисли, нали.
Или на тоа не ти текнало?

Знаеш срце, затоа што неможе секој да води банка, или нафтена компанија, или погон за произвотство на коли, некој треба да чисти вециња, служи храна, мие садови, и ред други работи што тебе како жена ти се познати. И бидејќи комплексноста на работата е таа што е, а тежината субјективна, нај комплексните работи се нај платени, а нај едноставните (што не значи и по лесни, наравно) се послабо платени.
Апропо тоа, за тој компјутер што го користиш, во мајкрософт мора да постои хиерархија и ред, затоа што секој може да мете, но не секој може да програмира.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Навистина стана чуден светов, Анархисти користат компјутер/интернет, возат автомобили, моб-тел., па дури мислам дека има и Анархисти кои имаат сопствени бизниси т.е. газди се, а на други места трубат дека несмеело да постојат хиерархии во општеството у смисол газда-работник и сл. ........ Но всушност кога подобро ќе размислам и не ги окривувам Анархистите поради тоа, од друга страна пак секојдневно среќавам и гледам левичари кои одат по цркви и слават верски слави по дома, а среќавам и гледам и десничари, демо-христијани и конзервативци кои се коцкаат, лумпуваат, пијат, ку*ваат, па дури и дрогираат, а има и конзервативци со поинаква сексуална ориентација ........... така да сите идеологии се срање и нитуеден човек не живее онака како што му налага идеологијата !
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Хиерархија...:facepalm:
Не бе мали, ништо точно не кажа. Абер немаш за “тие општества“ туку муабетот е нешто као како мали Џокица замишља каос, анархију, панкере и тако то.
Не ги користат благодетите бидејќи такви не постојат, туку постојат производи кои ги купуваат преку сопствен труд. Релациите по кои единката мора да се раководи за да преживее се поставени многу пред да се роди. Ништо никому не е дадено, се се заработува. Но цената која се плаќа е проблемот. А тоа е - од 10 часа работа (пример), 5 се трошат за власта, 4,5 за газдата и половина час за работникот. И демек лицемерно било ако купел нешто кое ќе го плати неколку пати поскапо поради државни намети отколку што има пазарна вредност...ниту за смеење ниту за плачење...
Ако некој кој се перцепира себеси како анархист а работи под капиталистички односи тоа е затоа што мора и што нема избор. Што не значи дека избор не може да се направи, после стекнување на материјални услови or skills за тоа. Многумина го прават.

Тоа што тие производи и услуги постојат не ги прави ексклузива на капитализмот и државата, покажано во многу примери. Иако пола свет нема доволно да се прехрани, канализација, водоснабдување и основни услови за пристоен живот после 7000 години постоење држава, милијарди жртви кои паднале поради тој систем и тотална ирационалност во трошењето на ресурси.....сеуште има ликови кои тврдат дека државата како концепт е успех. Aiiii lele brat vide raketata na nasa na jutup...cek da napolnam voda od cisterna se vracam za pola sat, ce pravime muabet.

Паразитирање можеби е така сфатено у маало, но тоа не е паразитизам. Прочитај не се срами ако не веруваш.
Здравје еден ден ќе видиш како се ствара некое материјално добро...вака пак се вртиме во круг и мали џокица испада из игре...
Капитализам, капитализам, капитализам.
Срање е, срање е, срање е.
Да, повеќе од јасно е дека ќе го кењаш коа ти го јадеш подебелиот крај во чмар. Го јадам и јас, ама не цмиздрам, туку робувам, за утре такви ко тебе да ми робуваат.
Значи. Не збориме за капитализам, разбери. Не ни сакаш моите ставови да ги чуеш околу капитализмот, и како јас го замислувам идеалниот систем.
Зборуваме за Анархија. Држи се до АНАРХИЈА.
Пошто Ништо за Анархија не кажа, неам ни што да те цитирам.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Благодетите на капитализмот, створени од раката на работникот.
Е лицемерно користењето на компјуер, не викам не. Ама благодарение на тој компјутер, се организираме, се запознаваме, па полесно е после „на улица“. Да не навлегувам во детали.
Баш е фино да ги „маваш со нивни камења“, па колку сака нека биде лицемерно. А ако е потребно и правен факултет ќе завршам и во одело ќе се ставам. :icon_mrgr: За да стигнеш до целта, не бираш средства ;)
Работникот крваво го има платено своето егзистирање меѓу “благодетите“ на капитализмот.
Она што овде се кажува од подржувачите на капитализмот е дека капиталот е основата на напредокот, што е смешно.
И ропските крици “за благодарност“ на таквиот систем кој воопшто го оставил работникот да егзистира.
Но и не е така лошо, 96-процентните вршат инвазија, можеби во 2040 AD со меѓусебна соработка на владите на РМ, Србија и Албанија а како резултат на работата на институтот за вселенски истражувања од Тирана, скопскиот универзитет за технолошки менаџмент и центарот за сателитска навигација од Ниш (како филијала на оној од Цетиње) ќе биде изработен проект за мисија на Сатурн.

А кога ќе донесат троа од тие прстените, ќе види раја шо е тоа држаа...
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
робувам, за утре такви ко тебе да ми робуваат.
По стопесиљади марки се кладам дека прва бројка од твоите години е кец. А многу е погрешно да се дискутира на тема:

„Ѕвезда - Партизан“
„Капитализам - комунизам - анархија“
„Жерав или Штрк“

Со персони кои имаат кец како прва бројка од годините.

А сад, адио.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
По стопесиљади марки се кладам дека прва бројка од твоите години е кец. А многу е погрешно да се дискутира на тема:

„Ѕвезда - Партизан“
„Капитализам - комунизам - анархија“
„Жерав или Штрк“

Со персони кои имаат кец како прва бројка од годините.

А сад, адио.
Не грешиш, не грешиш :)
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Навистина стана чуден светов, Анархисти користат компјутер/интернет, возат автомобили, моб-тел., па дури мислам дека има и Анархисти кои имаат сопствени бизниси т.е. газди се, а на други места трубат дека несмеело да постојат хиерархии во општеството у смисол газда-работник и сл. ........ Но всушност кога подобро ќе размислам и не ги окривувам Анархистите поради тоа, од друга страна пак секојдневно среќавам и гледам левичари кои одат по цркви и слават верски слави по дома, а среќавам и гледам и десничари, демо-христијани и конзервативци кои се коцкаат, лумпуваат, пијат, ку*ваат, па дури и дрогираат, а има и конзервативци со поинаква сексуална ориентација ........... така да сите идеологии се срање и нитуеден човек не живее онака како што му налага идеологијата !
Чудни и мистериозни се патиштата икономски.
Милиони капиталисти се колнат во слободниот пазар а користат државни механизми да се нафатираат.
Да не беше решението на другарот Денг Сиао Пинг да дозволи аутсорсинг се прашувам како ќе знаевте за најновите мисии на Наса...oh wait you wouldn`t have known...
Pas s maslacem vas ne bi pojeo, имаше еден израз...

Мистерии...:)
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Пак тој за капитализам :facepalm:
СРАЊЕ Е. Океј? :) Никој не ти го спори тоа.
И, како тоа ја прави Анархијата возможна?
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Чудни и мистериозни се патиштата икономски.
Милиони капиталисти се колнат во слободниот пазар а користат државни механизми да се нафатираат.
Да не беше решението на другарот Денг Сиао Пинг да дозволи аутсорсинг се прашувам како ќе знаевте за најновите мисии на Наса...oh wait you wouldn`t have known...
Pas s maslacem vas ne bi pojeo, имаше еден израз...

Мистерии...:)
?????????????????????? Кој ти е тој Денг Сиао Пинг што нон-стоп го збориш ?!
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Капитализам, капитализам, капитализам.
Срање е, срање е, срање е.
Да, повеќе од јасно е дека ќе го кењаш коа ти го јадеш подебелиот крај во чмар. Го јадам и јас, ама не цмиздрам, туку робувам, за утре такви ко тебе да ми робуваат.
Значи. Не збориме за капитализам, разбери. Не ни сакаш моите ставови да ги чуеш околу капитализмот, и како јас го замислувам идеалниот систем.
Зборуваме за Анархија. Држи се до АНАРХИЈА.
Пошто Ништо за Анархија не кажа, неам ни што да те цитирам.
Вакви ко мене нема да ти робуваат.
But have no worries, робови ќе имаш на располагање во големи количини.
Шес-шес-кој-ти-ги-дава...

Не е кажано ништо?!
Кажано е се одамна,детално и од сите аспекти, реков нема да се повторувам по илјада пати, види на темава поназад икс страници...не ми се пишува за секој посебно, повторно.
--- надополнето: 22 април 2012 во 21:35 ---
?????????????????????? Кој ти е тој Денг Сиао Пинг што нон-стоп го збориш ?!
Е тоа чудо, никој не го знае а поради него секој има дома мобиљка од двајсе евра...:pos:
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Вакви ко мене нема да ти робуваат.
But have no worries, робови ќе имаш на располагање во големи количини.
Шес-шес-кој-ти-ги-дава...
Но ти веќе робуваш, нали.
И тоа Америка, нали. :)
Седи мирен, трај си.
Сите сме јаки на форум :)
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Пак тој за капитализам :facepalm:
СРАЊЕ Е. Океј? :) Никој не ти го спори тоа.
И, како тоа ја прави Анархијата возможна?
Пријателе, остај тоа Феудализми Социјализми Комунизми Капитализми Анархизми ....................... се е тоа една голема и смислена светска превара ............ така барем вика еден мој пријател и тоа со право !
Колку повеќе се замараш и се спротивставуваш на системот во кој живееш(било кој систем) толку повеќе тонеш, непостои идеален систем, всушност системите си се добри, добро осмислени(не сите), меѓутоа основниот проблем е во тоа што луѓето не се идеални, па со самото тоа и системите се неидеални и пропаѓаат !
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Некој нормален редослед на постирање би подразбирал и читање на она кое било напишано. Бидејќи од твојот пост може да се залкучи дека истото целосно отсуствувало а повторно ги имаме истите мантри кои милион пати беа објаснувани на темата...Каде виде отсуство на пазар, организација, невреднување на трудот....:facepalm:

Кои природни науки?!
http://en.wikipedia.org/wiki/Mutualism_(biology)
http://www.lifesci.ucsb.edu/eemb/faculty/rice/publications/pdf/27.pdf
http://en.wikipedia.org/wiki/Mutual_Aid:_A_Factor_of_Evolution
Видео или линк до текст пишан на други сајтови не се одговор на вакви теми. Едно е што пишува, друго е како некој од вас лично го живеете тој живот во комуната или макар да објасните поподробно како функционира.
Имав многу прашања за праксата на тие сквотови (наместо теории и филозофии), ги подредив ама постот го избришав (надевајќи се дека нема да ме цитирате со декларации за некои похумани општества :) )
А некои од прашањата за нивниот реален живот пошто веќе постојат такви заедници (па да пренесете од тамошното позитивно искуство) беа
- каде се сместени тие жители во т.н. сквотови во градовите, во чии згради, чија инфраструктура користат, кој го управува/контролира монетарниот систем, дали имаат заеми/банки за поголеми потреби (куќа, стан), дали користат сопствени енергенси и ресурси и научни/развојни компоненти или се потпираат на развојот на технологијата од надворешниот свет, што прават со вишокот производи, а што во години на недостаток на храна, како оди справувањето со невработеноста.
На пример од ваше лично искуство и сознанија од досегашните проучувања на тие комуни едно прилично едноставно прашање
Каде виде отсуство на пазар, организација, невреднување на трудот....:facepalm:
Не ги користат благодетите бидејќи такви не постојат, туку постојат производи кои ги купуваат преку сопствен труд.
како се вреднува трудот во една анархистичка комуна, а како произведените добра и услугите?
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Кога некој постира видео или линк до текст пишан на други сајтови, обично не ги сметам за одговор на вакви теми. Едно е што пишува, друго е како вие лично го живеете тој живот во комуната (или макар да знаете како фнкционира)
Имав многу практични прашања за тие сквотови (наместо да теоретизираме), ги подредив ама постот го избришав (надевајќи се дека нема да ме цитирате со декларации за некои похумани општества) ама очигледно отсуствува вашата волја за конкретни одговори на конкретни прашања-каков функционира таа заедница.
А некои од прашањата за нивниот реален живот (не теоретизирање) пошто веќе постојат такви заедници (па да пренесете од тамошното позитивно искуство) беа
- каде се сместени тие жители во т.н. сквотови во градовите, во чии згради, чија инфраструктура користат, кој го управува/контролира монетарниот систем, дали имаат заеми/банки за поголеми потреби (куќа, стан), како се решени комуналните дејности, дали користат сопствени енергенси и ресурси и научни/развојни компоненти или се потпираат на развојот на технологијата од надворешниот свет, што прават со вишокот производи, а што во години на недостаток на храна, како оди справувањето со невработеноста.
На пример од ваше лично искуство и сознанија од досегашните проучувања на тие комуни едно прилично едноставно прашање


како се вреднува трудот во една анархистичка комуна, а како произведените добра?
Какви сквотови?!:facepalm:
Измешани ти се многу работи поради непознавање, кооперативите немаат врска никаква со сквотови или комуни. Сквотови се несериозна работа.
Не само линковите и постовите не ги читаш...убаво ти се нацрта што и како, не знам како го стави во домен на теорија. Дали треба да почнам со “се собрале Митре,Ставре,Петко и Станко и се договориле...“

Постои категорија добивка која се дели меѓу членовите кои се рамноправни во донесувањето одлуки. Ако видеото со 60 годишни искуства на 100.000+ луѓе ти е ирелевантно...не знам.

Сместени се во објекти кои сами ги градат преку финансирање на градежни кооперативи.
Исто и водовод, канализација, патишта.
Делумно користат сопствени енегренси, а делумно не. Се работи на тоа постепено да се намалува некаква зависност од енергенсите кои се под контрола на државата.
После почетниот период на финансирање од свои заштеди и дел со донација на селаните кои верувале во идејата, со развојот и економскиот успех на кооперативот дел од добивката се договориле да служи за развој на нови технологии. А бидејќи нема газди и акционери кои во класичните системи го земаат најголемиот дел од добивката, да се одвои за сопствен интерес во иднина и не било нешто особено компликувано.
Исто важи и за финансирањето на новите кооперативи и примањето нови членови кои немаат свој капитал да вложат. Она што го позајмуваат за да се стекнат со свое учество потоа го враќаат како договорен дел од својот дел на добивката.

Секако дека се потпираат и на технологијата од надворешниот свет, ваљда нема да измислуваат тркало па да почнуваат од нула. Имаат свои истражувачки центри во кои се работи на усовршување на производството и технологијата. Во случајот, се работи за најголемиот производител на машини за домаќинство на Иберискиот полуостров, еден од мрежата кооперативи. Друг од конфедерацијата на кооперативи е производител на врвни CNC машини. Камено доба...
Не постои недостаток на храна така да тоа спаѓа во домен на шпекулации, ако ги мавне цунами, метеор или нешто слично.
Примерот е поучен и поради тоа што е изграден цел модерен град со сета инфраструктура на местото каде почнале, некое зафлено селце.
Невработени...нема. Иако во нивниот образовен систем постои и секојдневна можност за стекнување нови знаења, практични (едукацијата е половина дел во чколија, половина на работно место и во тек, во од, се учи она кое се слуша на часови).

Ова ти се накратко искуствата на кооперативите, посебно оние поголемите.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.396
Поени од реакции
5.021
Благодетите на капитализмот, створени од раката на работникот.
Е лицемерно користењето на компјуер, не викам не. Ама благодарение на тој компјутер, се организираме, се запознаваме, па полесно е после „на улица“. Да не навлегувам во детали.
Баш е фино да ги „маваш со нивни камења“, па колку сака нека биде лицемерно. А ако е потребно и правен факултет ќе завршам и во одело ќе се ставам. :icon_mrgr: За да стигнеш до целта, не бираш средства ;)
Без наука, нема никаков напредок. Работник може да работи колку сака, ама никогаш нема да постигне производство какво што би постигнал со машина. Машините го олеснуваат произведоството во огромна мера. Во некои индустрии, голем дел од производниот процес е целосно автоматизиран. Да не се тие, нема напредок и подобар живот. Машините се воглавно производ на компаниите. Луѓето што ги измислиле машините, своето образование го добиле од добро организирани институции, голем број од нив финансирани од државата.

Работникот ќе го снема во блиска иднина, благодарение на роботите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom