Donald Sikert
Jane Vitington
- Член од
- 28 ноември 2008
- Мислења
- 8.283
- Поени од реакции
- 5.614
Незнам зашто упорно Анархистите го употребуваат зборот робови, мислејќи на работниците, навистина неможам да сфатам бидејќи и јас сум работник т.е. работам за плата, не сум газда и досега никогаш не сум се почуствувал како роб, ако некој сосила ме тера да му рмбам, без јас да сакам, тогаш да речам дека сум роб, но како може да сум роб кога самиот доброволно сум ја прифатил таа и таа работа, под тие и тие услови и со таква и таква плата, значи како може нешто што е на доброволен принцип прифатено да претставува ропство б.т.в. никој никого не тера сосила да прави нешто што не сака, ако на едно работно место не чини, тогаш секој човек има право и можност да го напушти тоа работно место и да си побара подобро, значи има доброволен избор, никој со пиштол над глава не го тера да остане на тоа работно место цел живот, исто така секој има право и можност да си ја побара среќата и на друго место(друг град, друга држава) никој никого со сила не тера да остане да живее и работи на едно место, светот е отворен и ако на едно место нечини, тогаш секој има право да си ја побара среќата на друго место .......... тука не гледам ропство, ропство е нешто насилно, кога некој со сила те тера да правиш работи што доброволно не сакаш да ги правиш !
И пак ќе го повторам ова, ако Капитализмот е навистина толку суров, тежок, лош, репресивен, робовски систем, зашто тогаш сите трчаат да живеат во тие земји(западните), а никој не трча да живее на пр. во земјите од Латинска Америка, Африка, Азија(поголемиот дел), источна и Југоисточна Европа ? Еве конкретно за Македонците кои се иселуваат од државава, зашто сите се преселуваат исклучиво во западна или северна Европа, САД, Канада, Австралија, а таму нели ги чека смртоносен, робовски и трул Капиталистички систем ............. е сега господинот Токатер ме праша зашто никој од Чиапас не сака да дојде да живее во Македонија, епа како да дојде да живее кај нас, кога и кај нас е иста марка како и таму, никој не е глуп од лошо да оди пак во лошо, туку нормално дека ќе бара подобро, а тоа подобро се знае каде е ............ миграциите секогаш се прават со цел да се најде нешто подобро, зашто населението од високоразвиените земји(прв свет) не оди да живее во земјите кои се во развој(втор свет) или пак во земјите од третиот свет, а зашто пак населението од земјите во развој(втор свет) и од земјите од третиот свет својата среќа ја бараат исклучиво во земјите од првиот свет(високоразвиените земји), сигурно има нешто или пак прават голема грешка, бидејќи таму ги чека лош и опасен робовско-репресивен Капиталистички систем ! Зашто нашиве иселеници(Македонска дијаспора) 90% од нив живеат во земјите од западна и северна Европа, САД, Канада, Австралија, а многу е помал бројот на Македонци кои живеат да речеме во Латинска Америка, или пак во некоја од бившите Социјалистички републики од некогашниот Источен блок .. значи сепак колку и Капитализмот да не е идеален(се сложувам дека е далеку од идеален систем), сепак е далеку поидеален од разно-разни Социјализми Комунизми Анархизми и.т.н.
Зашто секој еден рандом Балканец на пр. кој отишол да живее и работи во некоја од развиените земји, станал човек, а истиот тој човек овдека ќе бил голтар(така да се изразам), ако е толку лош тој систем, зашто секој што отишол таму станал човек, значи сепак постои нешто позитивно штом луѓето ги тера да одат натаму во потрага по бољи живот !
Болдот е токму тоа што го посакувал секој владетел во историјата- да поседува робови кои ќе мислат дека не се робови и дека служат по своја волја.