Кога некој постира видео или линк до текст пишан на други сајтови, обично не ги сметам за одговор на вакви теми. Едно е што пишува, друго е како вие лично го живеете тој живот во комуната (или макар да знаете како фнкционира)
Имав многу практични прашања за тие сквотови (наместо да теоретизираме), ги подредив ама постот го избришав (надевајќи се дека нема да ме цитирате со декларации за некои похумани општества) ама очигледно отсуствува вашата волја за конкретни одговори на конкретни прашања-каков функционира таа заедница.
А некои од прашањата за нивниот реален живот (не теоретизирање) пошто веќе постојат такви заедници (па да пренесете од тамошното позитивно искуство) беа
- каде се сместени тие жители во т.н. сквотови во градовите, во чии згради, чија инфраструктура користат, кој го управува/контролира монетарниот систем, дали имаат заеми/банки за поголеми потреби (куќа, стан), како се решени комуналните дејности, дали користат сопствени енергенси и ресурси и научни/развојни компоненти или се потпираат на развојот на технологијата од надворешниот свет, што прават со вишокот производи, а што во години на недостаток на храна, како оди справувањето со невработеноста.
На пример од ваше лично искуство и сознанија од досегашните проучувања на тие комуни едно прилично едноставно прашање
како се вреднува трудот во една анархистичка комуна, а како произведените добра?
Какви сквотови?!
Измешани ти се многу работи поради непознавање, кооперативите немаат врска никаква со сквотови или комуни. Сквотови се несериозна работа.
Не само линковите и постовите не ги читаш...убаво ти се нацрта што и како, не знам како го стави во домен на теорија. Дали треба да почнам со “се собрале Митре,Ставре,Петко и Станко и се договориле...“
Постои категорија добивка која се дели меѓу членовите кои се рамноправни во донесувањето одлуки. Ако видеото со 60 годишни искуства на 100.000+ луѓе ти е ирелевантно...не знам.
Сместени се во објекти кои сами ги градат преку финансирање на градежни кооперативи.
Исто и водовод, канализација, патишта.
Делумно користат сопствени енегренси, а делумно не. Се работи на тоа постепено да се намалува некаква зависност од енергенсите кои се под контрола на државата.
После почетниот период на финансирање од свои заштеди и дел со донација на селаните кои верувале во идејата, со развојот и економскиот успех на кооперативот дел од добивката се договориле да служи за развој на нови технологии. А бидејќи нема газди и акционери кои во класичните системи го земаат најголемиот дел од добивката, да се одвои за сопствен интерес во иднина и не било нешто особено компликувано.
Исто важи и за финансирањето на новите кооперативи и примањето нови членови кои немаат свој капитал да вложат. Она што го позајмуваат за да се стекнат со свое учество потоа го враќаат како договорен дел од својот дел на добивката.
Секако дека се потпираат и на технологијата од надворешниот свет, ваљда нема да измислуваат тркало па да почнуваат од нула. Имаат свои истражувачки центри во кои се работи на усовршување на производството и технологијата. Во случајот, се работи за најголемиот производител на машини за домаќинство на Иберискиот полуостров, еден од мрежата кооперативи. Друг од конфедерацијата на кооперативи е производител на врвни CNC машини. Камено доба...
Не постои недостаток на храна така да тоа спаѓа во домен на шпекулации, ако ги мавне цунами, метеор или нешто слично.
Примерот е поучен и поради тоа што е изграден цел модерен град со сета инфраструктура на местото каде почнале, некое зафлено селце.
Невработени...нема. Иако во нивниот образовен систем постои и секојдневна можност за стекнување нови знаења, практични (едукацијата е половина дел во чколија, половина на работно место и во тек, во од, се учи она кое се слуша на часови).
Ова ти се накратко искуствата на кооперативите, посебно оние поголемите.