Секоја држава е криминален ентитет, не само оваа.
Да, со живеењето под одреден даночен систем секој човек станува дел од грабежот, иако во далеку најголем дел како ограбена страна, освен ако не е на државна цицка.
На што мислиш со тоа поединците дали било возможно или не да се сметале за држава!?
Државата не се состои од нација. Државата и претходи на нацијата отприлика 6.500 години. Нацијата е замислена социјална конструкција каде надвор од самодекларирањето на одредена група луѓе не постои ниедна заедничка особина која ја делат сите припадници на наводна нација, не само тоа туку не постои ни особина која ја дели мнозинството на оние кои се перцепираат како дел од некоја нација.
Дури и денес имаш држави кои не се повикуваат на нација. А нации се ствараат секој ден, и сама можеш да си
измислиш.
Власта не е поклонета моќ. Тоа е кражба, измама и криминал. Државата по својата природа е криминална и создава криминал.
Државниот апарат за да ја одржи државата мора да краде. Иако таа кражба има легална рамка тоа не ја прави помалку кражба. Ако некој ти одземе материјални добра или време под присила тоа е само кражба и ништо повеќе. А тоа се даноците и сите видови намети кои постојат под различни имиња и категории. Но суштината е една те иста, насилно да се одземе нешто.
Stealing for the common good. Just a mind game. Mind fuck to be honest...
Сега и за нелегалните видови кражба. Организираниот криминал како што го познаваме денес, постои во сите можни држави со благослов на власта. Затвор одат оние кои не плаќаат рекет, кои се алчни на штета на власта или каде имаат судар на интерес. Оние кои го забораваат своето место во системот. Ништо повеќе. Апсењето на таквите служи за продавање приказна на поданиците, за вечната херојска и самопожртвувана борба на заштитникот на луѓето, мудриот законодавец, претставникот на судската или извршна власт на државата, по можност пред камери...
Наркотиците се најтипичен пример.
Дали имаш доказ за некакво доброволно стапување во било каков однос на било кој граѓанин со државата и нејзините институции? Докажи дека ти или било кој им делегирал некаква моќ.