Анархија

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
Не си ме разбрал добро.
Мислам на граници да нема низ целиот свет. А не само во некои одредени држави.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Антианархистите се едни луѓе којшто немаат појма што значи терминот Анархија.
Значи, овој тип на Десничарски идиоти се неспособни да ја сфатат темелната разлика меѓу поимите „ Анархија и Хаос“.

Робовладетелското општество трае и ден денес. Како што во Робовладетелството робовите биле експлоатирани од робовладателите, во Феудализмот закрепостените селани од феудалците, а во Капитализмот наемните работници се експлоатирани од капиталистите

Ние Анархистите сме луѓе што припаѓаме на Работничката класа.
Не може Работничката класа да бидат мрзеливи.
А тие што се снашле со богатство се снашле од нечесни работи. Не се снајдени од копање со Лопата, Казма или Дикел или работање земјоделие...
Некој обичен човек да земе нова кола од ниската класа којшто мизерувал едно децение од луѓето ќе се појавуваат муабети од типот „мамето негово од каде му се парите“.
Или пак ќе отвори некој обичен човек некое мало дуќанче исто така ќе почнат да викаат од каде му се парите. А никој нема да рече Господ да му поможит Алал да му е, да му се збираат парите и да му цвета бизнисот“.

А имаш поинаков случај некој наркодилер, мафијаш, криминалец... којшто има завршено основно одделение неговотоИМАЊЕ Е СТЕКНАТО СО КРАДЕЊЕ ОД ТИЕ ШТО НЕМААТ (причината на неговото имање е тоа што крадел од нивното, дрога, изнуда на рекет, ) има возен парк БМВ М5, Бентли, Ферари и таквиот човек никој воопшто не го осудува од типот мамето негово од каде му се парите, туку за таков имаш муабети од типот
СЕ СНАЈДЕ ЧОВЕКОТ, СИ РАБОТИТ ЧОВЕКОТ ИТН...

Дали е потрудољубив тој што се ранит на туѓи плешти? Не би рекол. Дали то што се родил како син од овега или онега го прајт поинтелегентен или понеинтелегентен? Не

Дали е синот на милијардерот Карлос Слим или на Ворен Бафет попаметен од мене Или да не одиме далеку дали е комшијата (чиј татко е газда на Фабрики попаметен од мене Воопшто не е. Туку баш е глуп. И живее на туѓ грб од сите вработени кај татко му.
Премногу ги мешате и генерализирате работите, како прво не секој човек што ете не е сиромав, мора по дифолт да е баш рекетар, дилер, тепач и убица !
И јас сум работник, значи не сум газда на ништо и на никого и работам за плата, значи никого не експлоатирам и никој мене не ме експлоатира, задоволен сум што она што го имам(просек) и не се жалам и не плачам !
Едноставно не верувам и не поддржувам такви замислени и утопистички концепти како Комунизам, Анархија и сл. што секако е мое право на размислување, за разлика од вас кој иако глумите некаков Хуманизам, всушност сте премногу радикални, дури и бетер од нас(’’десничарските идиоти‘‘) така вие не нарекувате, дури и насилно и агресивно ги предавате вашите НеоКомунистички и Анархистички сфаќања, утопии и филозофии, а не гледате дека само си го губите времето и ви проаѓа животот залудно, одете нешто научете, работете, заработете, доста со 24/7 плукање, цимолење, кукање, сонување... божем некого го заболе Стојкото ако на вас не ви било се погодено во животот, па државата и другите луѓе(неистомисленици) ви биле криви !
Мој совет до вас и тоа реален совет, направете си политичка партија која ќе ги брани и презентира вашите идеи и планови и излезете на избори, тоа ви е единствениот начин да успеете, инаку вака со зборење по форуми ништо не се постигнува, б.т.в. моментално во државава не гледам нитуедна политичка партија која ги носи вашите сфаќања, идеи и планови, така да формирајте си т.е. регистрирајте си ваша Анархистичка/НеоКомунистичка партија, па да видиме реално колку тежите на избори !
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Не си ме разбрал добро.
Мислам на граници да нема низ целиот свет. А не само во некои одредени држави.
И мислиш дека тоа ќе спречи конфликти?
Хех, страшно се лажеш.
 
A

AnFem

Гостин
Премногу навредуваш во твоите постови млада дамо, како прво не сите АнтиАнархисти се паразити кои не се способни да си го заработат парчето леб и не сите АнтиАнархисти држат робови и вршат опресија !
Впрочем робовладетелското општество заврши многу одамна, каде во која земја денеска постои робовладетелско општество и кој ти врши опресија врз тебе си имаш слобода само што незнаеш како да ја искористиш, оди нешто учи, работи, заработувај па нема да бидеш гладна и нема да се чуствуваш како во кафез, со кукање и плачење нема ништо да добиеш, цел живот ќе ти помине во сонување и цимолкање !
Ако сум јас АнтиАнархист не значи дека сум од врвот т.е. од шлагот/кремот и не значи дека сум паразит, си ја работам својата работа на никого не му газдувам, ниту пак мене некој ми газдува, си работам самиот за себе и не сум паразит, туку напротив вие Анархистите сте паразити и боледувате од хронични болести како Мрзитис Неработис
Глупидис и.т.н. сите околу вас ви се криви пошто ете они успеале во животот некој помалку, некој повеќе, кој како, а вие сте останале бедни со празни џебови и со бедна душа, па сега ќе предавате НеоКомунизам и Анархија, како тоа не чинело ова, не чинело она, другите биле паразити, а вие сте биле робови, ја мајката, кој ти брани на тебе млада дамо да напредуваш во животот, оди учи, работи и снајди се како повеќето други што прават, не продавај филозофии и утопии за НеоКомунизам, Анархија и сл. срања.
Во светот има секакви луѓе, некои поддржуваат Капитализам, некои поддржуваат Исламизам(шеријат), некои сакаат Монархија, некои пак сеуште живеат во племенски заедници, но и таму постои хиерархија т.е. има водач на племето, значи секаде мора да постои хиерархија т.е. да има некој над сите и не сите луѓе на планетава ги поддржуваат вашите ставови за бездржавни општества.
И јас многу не ја сакам државата т.е. сметам дека треба да се намалат ингеренциите на државата, но не и целосно да изчезне државниот систем, сепак треба да постои некаква држава, но во по минимализирана/скратена варијанта од сегашнава, но тотално бездржавно општество хаха тоа е неостварлива Утопија !
Јас се извинувам ако си се пронашол во некои од моите постови и при тоа си се навредил. Не зборував за анти анархистите воопшто, ти ја сфативме поенатата со таа дефиниција, аман! Зборував за фактот што се случил при обидите да се спреведе некаков услов за анархистичко општество, од кого биле пригушени. Пријателе, сакал или не, ова е ново робовладетелско општество. Каде по ѓаволите ја виде слободата? Во масовните „невидливи“ геноциди? Во многуте непотребн бирократски процедури? Во смешните закони? Во опресијата на работните места?

Се чувствуваш навреден и маваш со контра удар, неаргументиран и смешен. Успат и генерализираш. Колку анархисти познаваш, па што заклучи дека се мрзливи? Празни џепови? Хаха Познавам анархист кој е побогат од мене и од тебе заедно, па пак се бори за социјална правда... Едноставно, ништо од ова што го кажа не ти држи вода. Барем да се базираше на некаков факт, не само на празни заклучоци... Мене ми брани неправдата, сум можела и можам да „напредувам“, само проблем е што јас на тоа не гледам како напредок, не може јас да уживам, а да гледам неправда по светот. Едноставно не ми е во природата...

Секако дека постојат организации без лидери, јас тоа не го негирам.
Но како примерот што го дадов погоре со облакодерот.... не можеш да формираш организација каде ќе нема лидери (одговорни) и да започнеш да градиш зграда. Ќе настане хаос. Треба да се обезбедат рути на ресурсите со кои ќе се гради облакодерот, патишта, сета потребна логистика, планови, симулации итн. Сигурно работниците нема да ја проектираат зградата? Или тие да наредуваат кога кој дел да се гради? Ова важи и за многу други работи кои се далеку побитни за човекот...
Затоа реков, без лидерство, кое несомнено создава некаква вертикална хиерархија - нема напредок, а логичен заклучок ако нема напредок е.... камено време.
Нема работниците, туку некој што би сакал и знае да го изработи тој проект. За се’ има решение, треба волја :)
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
За се’ има решение, треба волја :)
Така е.
Само да напоменам, ни капитализмот (барем овој кој го знаеме денес) не е вечен.
Човештвото постојано оди кон подобрување и развиток, што се одразува и на системот за уредување на општеството.
Кризите покажуваат колку е еден систем добар.
Со развитокот на технологијата, за брзо време ќе гледаме промена на денешниот систем.

Друго нешто што е многу битно за развојот на човештвото е конкуренцијата. Последица на многу војни е забрзан развој од кој голема корист имаат сите луѓе. Војните исто така се неизбежен дел од човековото постоење.
 
Сакаш да кажеш убава работа е војувањето? Демек војни ако нема човештвото нема да напредува а?
Ај сите да фатиме да масакрираме луѓе исто како Андрес Брејвик.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Сакаш да кажеш убава работа е војувањето? Демек војни ако нема човештвото нема да напредува а?
Ај сите да фатиме да масакрираме луѓе исто како Андрес Брејвик.
Овакви како овој ги сакаат војните, ама да не им умре некој близок во нив. Не дај боже на фронт да го пратат, ке се посеруе у гаки и ке бега.....да, он ја сака војната у која други гинат.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Границите не постојат со добра причина. Туку границите постојат само со лоша причина.
Кога би исчезнале границите воопшто тогаш нема да има војни, нема да има тепачки на национална основа, верска и расистичка и ќе исчезне националната и расната гордост...
И ќе можеш да си патуваш каде сакаш бидејќи тогаш нема да има гранични премини, пасоши итн...
Границите се творба на социјалистите тие сакаат граници и контрола на трговијата и протокот на луѓе. Да нема граници милиони ако не и милијарди луѓе од Азија Африка и други краишта на светот ќе се населат во Западниот свет и тогаш поради големата понуда на работна сила платите на западот ќе бидат многу помали. Нема веќе Швајцарци да работат за 4000франци туку за 400 франци бидејќи за една работно место во Швајцарија ќе им дојдат 5 Индици 10 Кинезе и 20 од Источна Европа. Платите на запад се вештачки надуени бидејќи е забранет слободен проток на работна сила.
Први комунустите кога ќе почнат да плачат дека работниците немаат работа поради ефтини производи од странство или поради наплив на емигранти од сиромашни земји.
 
Kaко бе Границите се творба на Социјалистите кога државите почнале да се создаваат неколку илјади години пред нашата ера?
А Западот има потреба од работна сила бидејќи физичка работа таму од нивните никој не сака да работи. Па дури сега мислам дека Имигранти имаат вишок. Нови не им се потребни.
А кога би исчезнале границите нема тогаш да има валути (франци, долари, евра) туку цел свет би бил со една валута.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Kaко бе Границите се творба на Социјалистите кога државите почнале да се создаваат неколку илјади години пред нашата ера?
А Западот има потреба од работна сила бидејќи физичка работа таму од нивните никој не сака да работи. Па дури сега мислам дека Имигранти имаат вишок. Нови не им се потребни.
А кога би исчезнале границите нема тогаш да има валути (франци, долари, евра) туку цел свет би бил со една валута.
Либерлен Капитализам баш за тоа се залага за бришење на границите и слободна трговија и промето со луѓе. Денешните социјалисти како тебе највеќе пекаат за имигрантите дека им ја земаат работата и дека не им требаат имигранит. Вие комуњарите не сте никаков фактор да му кажете на некој дека не е потребен и дека не смее да оди во некој земја да работи. Прво ќе ви попадне целиот систем за социјална заштита и бесплатно образование ако се населат тон емигранти.
Знаеш зошто во САД во почеток до 1914 имало слободна емиграција? Дека немало социјална заштита и социјални бенефиции. Види го клипов со Милтон Фридман кој има нобелова награда за економија.
Социјализмот е причина зошто денес има граници.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Сакаш да кажеш убава работа е војувањето? Демек војни ако нема човештвото нема да напредува а?
Ај сите да фатиме да масакрираме луѓе исто како Андрес Брејвик.
Ќе напредува и без војни, ама војните се катализатор на напредокот.
Земи ја Втората Светска војна и огромниот напредок што се случил заради таа војна.
Или уште подобро, земи ја во предвид Студената војна, која патем е последица на 2СВ. Невиден напредок и значително подобрување на квалитетот на животот.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Секако дека постојат организации без лидери, јас тоа не го негирам.
Но како примерот што го дадов погоре со облакодерот.... не можеш да формираш организација каде ќе нема лидери (одговорни) и да започнеш да градиш зграда. Ќе настане хаос. Треба да се обезбедат рути на ресурсите со кои ќе се гради облакодерот, патишта, сета потребна логистика, планови, симулации итн. Сигурно работниците нема да ја проектираат зградата? Или тие да наредуваат кога кој дел да се гради? Ова важи и за многу други работи кои се далеку побитни за човекот...
Затоа реков, без лидерство, кое несомнено создава некаква вертикална хиерархија - нема напредок, а логичен заклучок ако нема напредок е.... камено време.
Тоа е само во теорија, на терен нешто поинаку е.
Колку облакодери има по Прилеп, после неколку иљади години државствување на таа територија?
Еве имате држава, плаќате пола од се она кое ќе заработите во животот, си има вертикала...
Дали реата која летно време се шири е од издувните гасови на спејс шатлот кој се спрема да полета на пат кон Сатурн од Кејп Лајнарка за да донесе дијаманти и злато кое после ќе бидат трампани за редовно снабдување со вода и решавање на проблемот со канализација (сеуште нерешени после неколку иљади години благотворно дејство на државната вертикала...)
Секако сето тоа финансирано од вишокот кој останува од 7-8 иљадарки просечни примања...

Ах, пустиот Денг Сиао Пинг шо напраи, ефтин телевизор и нет во секој дом...:icon_lol:

Не сум јас воопшто исфрустриран, ти си тој кој упорно сере по форумов на секоја можна тема и предава некаков НеоКомунизам и Анархизам, епа носете се сите со тој ваш НеоКомунизам и Анархизам, кој ве е*е има и нормални луѓе на оваа планета, не се сите дивјаци како вас и никаде не напишав дека е убаво тоа што го направил Брејвик, само напишав дека таквите луѓе како Брејвик се лек за НеоКомуњаријата и Анархизмот ширум светов и не ме цитирај повеќе, несакам и немам потреба со тебе да дискутирам !
Темата е за анархија, а за да дискутираш треба да имаш барем некакви познавања, пред се од местата каде постои и каде во минатото постоела. Има и нормални, нормално како Брејвик....и форумски ликови кои му се восхитуваат на Брејвик....
Ајде што е Брејвик фаца, али кој е гениј да видиме...:pos:

Човеку жими се ти си гениј ! (y)(y) (y)
Секоја чест до тебе ! (y)(y) (y)
:)

Ги следев малку републиканските прецедателски дебати имаше еден кандидат Рон Пол ме воодушеви десничар ама либерален многу интересен човек нема шанси да биде републикански кандидат за претседател најверојатно ќе биде Мит Ромни. Инаку републиканците се малку за поактивна надворешна политика и ќе се залагаат повеќе за Македонија. Не дека е Демократите се лоши ама малку е подобро за Македонија Републиканец да победи.
Инаку која е опција за Македонија ако не НАТО, Русија (На самопрогласен Цар Путин) Кина (комунистичка Диктатура) Некој забеган Арапски режим (Либија, Иран, Талбан) Куба на Династија Кастро, Циркус на апсурд режим наречен Северна Кореа. Колку и да имаат мани САД пак се цивилизирно и демократско општество во основа такви и се членките на НАТО.
Не само што НАТО е најмоќна сила на кој не е паметно да и се спротиставуваш туку се и најдемократски и најслободни земји. Анархизам и Неокомунизам се смеши идеолгии само да бидеш бунтовник без причина и да тераш инат доста детски и недоквакано. Прочитај книги и види на кој начин најбрзо се стигнува до слобода и до трајна благосостојба тоа преку Либерална Демократија и Капитализам.
Ако има вистинска анархија тие што се залагаат највеќе за неа ќе го кркаат први целата моќ ќе биде кај тие со оружјето и парите. Веднаш ќе се формираат банди или некој со пари(злато) ќе си купи своја војска и тероризира се живо и диво и ќе стане законот и редот. Тоа што кр
шат и палат анархисти во Грција или Британија е дека има закон да нема закон веднаш големите газди ќе ја купи полицијата и ќе почнат да пукаат кон демонстранти без да им е гајле за закони и за казни за пречекорување на сила...
Во ситуација на анархија, парите ќе вредат колку и твојата логика...голе долу.
Во твојот пример со бандите, прва жртва ќе биде споменатиот богаташ. Освен ако не си ти водач на некоја банда и со твојата логика ќе го оставиш богатиот да те најмува наместо да му земеш све.
Војска не се купува. Во отсуство на даночни пари војската престанува да постои. За да еден тенк или авион поминат 1 час во употреба, потребни се стотици часови логистика.
Ако не постои монопол на употреба на организирана сила, нема да може никој да ограбува никого така лесно.
Организираниот криминал постои поради државата, практично е сраснат со државата а некаде и створен од државни структури. Никогаш не се знае каде завршува државата а каде започнува криминалот.
Државата е криминална организација која користи рекет т.е. насилно одзема средства од луѓето.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Темата е за анархија, а за да дискутираш треба да имаш барем некакви познавања, пред се од местата каде постои и каде во минатото постоела. Има и нормални, нормално како Брејвик....и форумски ликови кои му се восхитуваат на Брејвик....
Ајде што е Брејвик фаца, али кој е гениј да видиме.

.
Како прво не му се восхитувам на Брејвик, ниту пак на неговата идеологија, али ај нема везе чим така си мислиш ОК мисли си твое право, како второ секој во нешто т.е. во некого се восхитува некој во Хитлер, Гебелс, Мусолини, Павелиќ, Дража М., Пиноче, Франко, некој во Сталин, друг во Тито, трет во Мао, во Ленин, Маркс, Енгелс, Чаушеску, Хоџа, Џонг-Ил, Пол Пот и.т.н. некои пак се клањаат на Садам, Гадафи, Мубарак, Асад ......... некои на сега веќе покојниот Осама и.т.н. и.т.н. тоа си е веќе лична работа на секој поединец ........................... а што се однесува до Анархијата, има бе друже пример за Анархија еве Македонија е во Анархија у смисол властите(сите) се залепени за нивните фотељи и воопшто не погледнуваат преку прозорот од нивниот кабинет, државните институции(сите) се бавни и неажурни и ред други работи со кои се докажува дека на некој начин ние веќе одамна живееме во бездржавно општество ! :ROFLMAO:
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
:)

Во ситуација на анархија, парите ќе вредат колку и твојата логика...голе долу.
Во твојот пример со бандите, прва жртва ќе биде споменатиот богаташ. Освен ако не си ти водач на некоја банда и со твојата логика ќе го оставиш богатиот да те најмува наместо да му земеш све.
Војска не се купува. Во отсуство на даночни пари војската престанува да постои. За да еден тенк или авион поминат 1 час во употреба, потребни се стотици часови логистика.
Ако не постои монопол на употреба на организирана сила, нема да може никој да ограбува никого така лесно.
Организираниот криминал постои поради државата, практично е сраснат со државата а некаде и створен од државни структури. Никогаш не се знае каде завршува државата а каде започнува криминалот.
Државата е криминална организација која користи рекет т.е. насилно одзема средства од луѓето.
Си чул за рекет? Зошто организираниот криминал не краде се? Кирминалците не се глупи не се како тебе. Не ја убиваат кокошката која носи златни јајца. Зошто знеа дека ќе има сигурен приход подолго време. Така организираниот криминал ќе стане државата. А организиран криминал има само една мотивација ПАРИ. За пари се ќе направи се купуваат и продаваат бандити, убици и крадци. Сила е еднакво на пари а пари е еднакво на сила. Кој ги има двете ќе биде цар. Тоа ќе се случи. Организираниот криминал ќе стане државата. Рекет=данок.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Мислам дека многу луѓе на темава имаат изместени критериуми за тоа што е нормално, а што ненормално.
Што е добро, а што лошо.
После 33 страни, веќе ми е касно да се укључам во дискусија...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom