A
AnFem
Гостин
Супер ти е постов, само за последниов дел, во врска со државата, тотално не си во право.Може да нема пари. Со укинување на паричното стопанисување, при што вредноста на стоките и услугите би се пресметувале на алтернативен начин. Тоа би довело до конечно напуштање на човековата желба за трупање на пари. Солидарноста, еднаквоста, колективизмот не треба да доведат до запоставување на единката, на нејзиниот индивидуален дух кој мечтае за слободата.
Едно е Анархија хаос, а друго е Анархија во вистинска смисла на зборот.
Не се подразбира под анархија смисла на безредие од најсуров вид, како што вие си замислуваат луѓето т.е. кршење излози на дуќани, пљачкање банки, разбојништва, Силовање, или Секој што ќе се добере до оружје ќе го испука оној што е до него, бидејќи ќе нема систем да го казни него, туку безвластие Во суштина, анархија значи општество во кое ќе нема власт, но ќе има највисок ред. Анархистите не сметаат дека тој ред може да се воспостави преку власт. Тие сметаат дека може да се создаде преку бездржавен Социјализам (анархизам), односно преку доброволно организирање и самоуправување на луѓето, без било какви општествени хиерархии, бидејќи токму хиерархиите во општеството ја носат со себе нееднаквоста, а со тоа и неправдата. Значи анархисти се луѓе кои се залагаат за општество каде ќе нема власт, ќе нема држава, ќе нема авторитет, ќе нема класи, но ќе има доброволно договарање и организирање меѓу народот, бидејќи само така човекот може да суштествува како слободен и да прави тоа што му е по волја, но имајќи на ум дека слободата на еден човек завршува онаму, каде што започнува слободата на друг човек.
Анархистите се алтруисти и одат на ЧОВЕЧКИ односи.
На Анархистите јасно им е дека државата е заснована на Присила..но СЕ ТУКА за реакција кога ТРЕБА-неправда не трпат,и истите работат и се корисни за општеството.
Анархијата има добри примери во субкоманданте маркос(мексико)и народот живее ЧОВЕЧКИ...понатаму Махно...системот функционирал,и не значи дека анархијата е антидржавна-напротив анархизмот е за ПРАВЕДНА ДРЖАВА.
http://www.spunk.org/texts/intro/faq/sp001547/secB2.html