Анализа на крв - толкување резултати

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.361
Поени од реакции
7.439
Здраво. Можно е тромбоцити да се покачат од грип/настинка која ми трае повеќе од недела дена (без темпратура бев, кашлица голема имам/в и секрет)? На панцеф сум цела недела, пред тоа на своја рака земав амоксиклав, риностоп прашок, аналгин и слични срања. Ме плаши ова покачување, до канцер завршив читајќи странски сајтови.
Немаш канцер, кога има инфекција коскената срцевина се стимулира во рамките на имунниот одговор. После инфекцијата ќе се среди.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.813
Поени од реакции
35.198
Здраво. Можно е тромбоцити да се покачат од грип/настинка која ми трае повеќе од недела дена (без темпратура бев, кашлица голема имам/в и секрет)? На панцеф сум цела недела, пред тоа на своја рака земав амоксиклав, риностоп прашок, аналгин и слични срања. Ме плаши ова покачување, до канцер завршив читајќи странски сајтови.
...ете не ти ги гледам тромбоцитите, туку друг лабораториски резултат кој ти е малку покачен procalcitonin (PCT).
Screenshot 11-03-2022 00.03.46.png

...па што не ти ставија опција за испитување на C-reactive protein (CRP) кога веќе го има procalcitonin (PCT) кога веќе се посомневале на бактериска инфекција, Ц-реактивниот протеин има подобра дијагностичка чувствителност од прокалцитонин.
...хм, но пак за разлика од другите тестови, PCT обезбедува навремени информации специфични за системска бактериска инфекција, во однос на нејзиното присуство, текот и сериозноста, додека CRP нивоата се зголемуваат многу подоцна и опаѓаат многу побавно, ама ти ја немаш таква анализа.
...мислење, нели ова е форум, твојата бактериска инфекција е резистентна на твојот избор на антибиотици со тоа што си требала претходно да направиш антибиограм за избор на антибиотик, вака бактериската инфекција тлее во тебе, џабе пиеш, а тромбоцитите ти се покачиле токму од инфекцијата, решија инфекцијата ќе се намалат и тромбоцитите!

...штом немаш температура, прекини го антибиотикот, направи пауза 2,3 дена да се исчисти од негови трагови во телото, потоа дај брис од таму каде имаш проблем нека ти одредат присутна бактерија и после соодветен антибиотик на кој нема да биде резистентна, после тоа ќе направиш пак анализа на тромбоцитите, па да видиме како ќе биде!
 
Член од
2 ноември 2022
Мислења
5
Поени од реакции
3
...ете не ти ги гледам тромбоцитите, туку друг лабораториски резултат кој ти е малку покачен procalcitonin (PCT).
Прегледај го приврзокот 350356

...па што не ти ставија опција за испитување на C-reactive protein (CRP) кога веќе го има procalcitonin (PCT) кога веќе се посомневале на бактериска инфекција, Ц-реактивниот протеин има подобра дијагностичка чувствителност од прокалцитонин.
...хм, но пак за разлика од другите тестови, PCT обезбедува навремени информации специфични за системска бактериска инфекција, во однос на нејзиното присуство, текот и сериозноста, додека CRP нивоата се зголемуваат многу подоцна и опаѓаат многу побавно, ама ти ја немаш таква анализа.
...мислење, нели ова е форум, твојата бактериска инфекција е резистентна на твојот избор на антибиотици со тоа што си требала претходно да направиш антибиограм за избор на антибиотик, вака бактериската инфекција тлее во тебе, џабе пиеш, а тромбоцитите ти се покачиле токму од инфекцијата, решија инфекцијата ќе се намалат и тромбоцитите!

...штом немаш температура, прекини го антибиотикот, направи пауза 2,3 дена да се исчисти од негови трагови во телото, потоа дај брис од таму каде имаш проблем нека ти одредат присутна бактерија и после соодветен антибиотик на кој нема да биде резистентна, после тоа ќе направиш пак анализа на тромбоцитите, па да видиме како ќе биде!
Ми немаат спомнато ништо за бактериска инфекција, ова (PCT) дека е покачено и јас го забележав. После преглед на грло и диши недиши, ми препишаа панцеф 400mg (едно на ден), кафетин колд и алвоген шумливи. После посетата на лекар и пиење апови три дена, направив крвна слика. Па откако покажа сликата тромбоцити покачени ми рекоа да пијам аспирин месец дена, па да одам пак да правам крвна слика. :( Можно е да е бактерија, после 7 дена панцеф, витамини, чаеви, уште кашлам и имам шлајм, не во таков интензитет како пред почеток на терапијата. Значи да прекинам 2-3 дена со антибиотици (ваљда и со аспиринов) и да побарам упут за брис, за да се утврди дали имам бактерија. Фала ти многу и тебе и на членот погоре, се смирив малку. <3
 
...па антибиотик како и зошто се препишува, ако не кога се има бактериска инфекција?

20221103_091901.jpg

еве пример ќе ти дадам, препишале cefixime (pancef) како цефалоспорински антибиотик при висок титар на присутна ешерихија бактерија, се протури жената (бремена) цела недела пиејќи, ама здравствената состојба т.е. симптомите од збувната ешерихија дури полошо, после таков предлог на антибиограм џабе пиела не само тој антибиотик туку сите наведени биле гола вода поради отпорноста (резизтентност), а gentamicin не смее поради плодот, само единствено на cefepime (pimef) кое со неколку дена примање состојбата се подобрила.
...ете антибиотик од иста група на цефалоспорини, едниот не делува индивидуално кај неа, а другиот заврши работа, затоа антибиотик под претпоставка дека има широк спектар на делување не значи дека е и вистинскиот за различни пациенти со иста дијагноза или иста клиничка слика, па после коментари од колеги ,,па знаеме и ние,, , па знаете не велам не, само џабе ако не го применувате.
 
Последно уредено:
Член од
2 ноември 2022
Мислења
5
Поени од реакции
3
...па антибиотик како и зошто се препишува, ако не кога се има бактериска инфекција?

Прегледај го приврзокот 350368

еве пример ќе ти дадам, препишале cefixime (pancef) како цефалоспорински антибиотик при висок титар на присутна ешерихија бактерија, се протури жената (бремена) цела недела пиејќи, ама здравствената состојба т.е. симптомите од збувната ешерихија дури полошо, после таков предлог на антибиограм џабе пиела не само тој антибиотик туку сите наведени биле гола вода поради отпорноста (резизтентност), а gentamicin не смее поради плодот, само единствено на cefepime (pimef) кое со неколку дена примање состојбата се подобрила.
...ете антибиотик од иста група на цефалоспорини, едниот не делува индивидуално кај неа, а другиот заврши работа, затоа антибиотик под претпоставка дека има широк спектар на делување не значи дека е и вистинскиот за различни пациенти со иста дијагноза или иста клиничка слика, па после коментари од колеги ,,па знаеме и ние,, , па знаете не велам не, само џабе ако не го применувате.
Мене ми го препишаа антибиотикот пред крвна слика да направам, само при преглед на грло. После 3 дена земање панцеф, направив крвна слика, долго време немав проверено. Направив и ковид тест, излезе негативен. При читање на крвната слика телефонски, ми беше спомнат само делот со тромбоцитите дека се покачени и дека треба да пијам аспирин месец дена па да правам крвна слика наново. Го побарав резултатот на вибер и тогаш забележав дека PCT се покачени. Добив совет да го допијам цело пакетче панцеф. Ќе и ѕвонам утре на матичната да ми даде упут за брис онда од нос и грло ваљда. А сега те разбрав подобро, мислев антибиотик не се препишува ако има бактериска инфекција, не сум баш запознаен со ова, значи можно е да не делува. А за антибиограм искрено прв пат слушам сега од тебе, гуглам да видам што е. :)
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.184
Поени од реакции
10.620
Здраво. Можно е тромбоцити да се покачат од грип/настинка која ми трае повеќе од недела дена (без темпратура бев, кашлица голема имам/в и секрет)? На панцеф сум цела недела, пред тоа на своја рака земав амоксиклав, риностоп прашок, аналгин и слични срања. Ме плаши ова покачување, до канцер завршив читајќи странски сајтови.
Веројатно станува збор за секундарна тромбоцитоза, како последица од инфекцијата или како реакција од лековите што ги пиеш. Нека помине некое време, па пак направи си крвна слика. :)

Џабе ти е брис од нос и грло ако претходно си примал антибиотска терапија. Подобро допиј си го антибиотикот, па направи пауза минимум недела дена, па тогаш прави брис од нос и грло. Ова е оправдано само во исклучителни ситуации кога станува збор за упорни и сериозни инфекции. Дури и да направиш сега брис од нос и грло, пожелно би било да го повториш истиот по пауза од недела дена од антибиотик.

И најголем противник сум на тоа прекинување на антибиотик затоа што се чувствуваш подобар. Кога веќе си почнал, пожелно е да се допие дозата од 5 7 10 дена. :)
 
А која е веројатноста да ми се деси нешто деновиве поради покачениве тромбоцити, мозочен или срцев удар? Читав дека апиринот делува позитивно, го чекам часот за да го испијам, по еден пијам на ден. Значи да ја допијам терапијава, па паузирам неколку дена (недела), па одам да ми земат брис и крвна слика нова? Па ако имам уште бактерија, да направам антибиограм (ваљда се прави во Велес некаде, ако не Скопје ќе одам), да знам кои антибиотици ми делуваат. Знам дека овие прашања треба на матичната да и ги поставам и ве замарам, но нејзиниот совет беше да ја допијам терапијата, месец-два живот со аспирин и нова крвна слика тек тогаш. 2 месеци на аспирин, а притоа да живеам со инфекција во мене. Инаку само секрет имам и кашлам (не со толкав интензитет како претходно), се надевам не е нешто страшно, до сепса стасав на google и да се сомневам во тоа.
 
Не се многу високи тие тромбоцити и веројатно се последица од тоа што ти пишав горе. За да бидеш мирен направи си нова крвна слика за две недели.

И битна е целокупната слика, како ти се чувствуваш, па и аускултација, грло, итн. Сега ние тука теоретски ти пишуваме што и како, ама ти пак консултирај си се со матичниот лекар.

Правилно би било да се направи пауза од пиење антибиотици, па тогаш да се прават брисеви. Освен ако си болен, па мора да примаш антибиотици, во тој случај јас би ги повторила брисевите по завршување на антибиотската терапија и пауза од неколку дена.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.361
Поени од реакции
7.439
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.813
Поени од реакции
35.198
...дозата и усогласеноста може да бидат поважни од времетраењето на антибиотскиот третман!

...давањето на вистинскиот антибиотик во соодветна доза, заедно со добрата усогласеност со дневниот режим од страна на пациентот, т.е. земање на правилна доза во соодветни интервали, може да биде поважно за успехот на лекувањето отколку земање антибиотик на долг временски период.

... препишувањето на соодветна доза на антибиотик ја подобрува неговата клиничка ефикасност.

... инаку идеално, антибиотиците треба да се дозираат според нивните фармакокинетски и фармакодинамски квалитети за да се постигнат најдобри клинички резултати за пациентот, како и да се ограничи ширењето на антимикробната резистенција.

...на пример, флуорокинолоните (на пример, ципрофлоксацин) имаат максимална бактерицидна активност кога нивните концентрации се високи, дури и за релативно кратко време, овие се антибиотици кои се „зависни од концентрацијата“ и се очекува да бидат ефективни со користење на пократки временски интервал за третман.

... и обратно, бета-лактамските антибиотици (на пример, амоксицилин, цефалексин) се „временозависни“ антибиотици и концентрацијата на лекот треба да биде над минималната инхибиторна концентрација за специфичниот патоген но во подолго или доволно време за да се постигне најголема ефикасност.

... поновите упатства препорачуваат пократко времетраење на антибиотици.

... решението на инфекцијата зависи од имунолошкиот одговор на една личност и од способноста на антибиотикот да го таргетира местото на инфекција и да остане таму за соодветно времетраење, како и специфичниот тип на патогенот и оштетувањето на ткивото предизвикано од инфекцијата, исто така, влијаат на резолуцијата.

... оптималното времетраење на користење на орални антибиотици треба да биде доволно за суштински да се намалат симптомите на пациентот и да се спречи рецидив, додека се минимизираат негативните ефекти и развојот на отпорност на антибиотици.

... изборот и времетраењето на антибиотскиот третман треба да се засноваат на најсовремените национални или локални упатства за антибиотици и локални податоци за чувствителност на антибиотици, земајќи ги предвид симптомите и знаците на пациентот, местото на инфекција, истовремените болести, имунолошкиот статус и можните патогени.

...така да поновите упатства за третман сè повеќе препорачуваат пократко времетраење на антибиотскиот третман, врз основа на доказите дека стапките на лекување се слични на оние со подолги режими, кои често се изведени од оригинални клинички испитувања.
На пример:
- три дена триметоприм се доволни за лекување на жена со некомплициран ИУТ додека, претходно се препорачуваше третман од седум до 14 дена.
- единечна доза на азитромицин (1 g) може да се користи за лекување на пациенти со кламидија, како алтернатива на седум дена доксициклин.
... антибиотици (на пр. три дена) се исто толку ефикасни како и подолгите временски (на пример, десет дена) кај пациенти со лесна до умерена пневмонија, 2000 деца со лесна пневмонија во една клиничка студија рандомизирани на три или петдневен третман со амоксицилин и немало разлика во клиничките резултати помеѓу групите, но и други десет рандомизирани контролирани испитувања во кои биле вклучени 652 деца со инфекција на долниот уринарен тракт (ИУТ) рандомизирани на два до четири дена или седум до 14 дена антибиотски третман не била пронајдена разлика помеѓу групите во позитивни уринокултури по третманот, резистентни организми или рекурентна ИУТ.

...и сега со право прашањето:
-Дали за сите пациенти важат истите препораки за времетраење на антибиотиците?

... упатствата за времетраењето на антибиотскиот третман одразуваат режим кој најверојатно ќе биде успешен во повеќето случаи, значи дека за некои пациенти е потребен пократко време, а за други е потребно подолго време, тежината на инфекцијата често влијае на тоа колку долго се дава антибиотик, заедно со други фактори како што се имунолошкиот статус на пациентот, истовремените болести и дали се работи рекурентна инфекција.

на пример:
во анализата на оптималното времетраење на антибиотскиот третман за ИУТ кај децата, некои пациенти имале повлекување на симптомите по единечна доза, додека на други им е потребен третман до десет дена, но клиничарите биле во можност да заклучат дека за повеќето деца, две до четири дневниот третман бил доволен,но оваа препорака нема да важи за секој пациент што се лекува.

... резолуцијата на симптомите често е добар показател за лекување кај благи до умерени инфекции и се применува како критериум за успех на лекувањето во испитувањата со антибиотици и е во голема корелација со микробиолошкиот лек.
...така да во една студија во Холандија во која биле вклучени 119 пациенти примени во болница со пневмонија било откриено дека прекинувањето на антибиотскиот третман по отстранувањето на симптомите не влијало негативно на исходот на пациентот, сите пациенти биле третирани три дена со IV амоксицилин, по ова време, пациентите биле оценети на скали од пет точки со кои се проценувало четири респираторни симптоми (отежнато дишење, кашлица, производство на спутум и боја на спутум - влошување до целосно закрепнување и општо подобрување до целосно опоравување).
... оние пациенти чии симптоми значително се подобриле по три дена подобрување температура < 38°C биле рандомизирани да примаат орален амоксицилин или плацебо пет дена, немало разлики во клиничките или радиолошките исходи помеѓу групите пациенти по 10 и 28 дена.

...пократко временски дадени антибиотици не ја зголемуваат отпорноста на бактериите, поврзаноста помеѓу употребата на антибиотици и отпорноста е комплексна, меѓутоа, подолгите временски примање на антибиотици се поврзани со најголем ризик од антимикробна резистенција и кај поединецот и кај заедницата.

... зголемената употреба на антибиотици врши селективен притисок за развој на резистенција преку елиминирање на бактериите осетливи на антибиотици и оставајќи ги бактериите отпорни на антибиотици да се размножуваат, што го прави идниот третман поголем предизвик.

... концептот на завршување на временски даден антибиотик за да се спречи отпорноста може да се однесува на инфекции за кои се очекува третманот целосно да ги искорени предизвикувачките бактерии од телото (на пример, туберкулоза, гонореја), но не се однесува на инфекции предизвикани од нормална телесна флора (на пр. повеќето инфекции на кожата, уринарниот тракт, горниот и долниот респираторен тракт и абдомен), во кои бактеријата ќе опстојува долго откако ќе се отстранат симптомите и знаците на инфекција, дури и ако бактериите што ја предизвикале инфекцијата се искорени, антибиотикот ќе изврши отпорен притисок врз другата природна бактериска флора и колку е подолг текот, толку поголема отпорност ќе се развие.

... затоа, може да се претпостави дека најпаметно е прекинувањето на антибиотикот по неколку дена од третманот и нема да има поголема веројатност да придонесе за отпорност на антибиотици отколку да се земе целосниот временски третман по упаство .
... други студии за пренесување на Streptococcus pneumoniae и пневмококи отпорни на антибиотици покажале дека високата доза на антибиотик за пократко траење резултира со помала отпорност на бактерии отколку помала доза за подолго времетраење.

...прекинувањето на антибиотиците кога симптомите значително ќе исчезнат е ефикасно и безбедно за многу пациенти, особено за оние кои веројатно нема да имаат бактериска инфекција или кои имаат самоограничувачка бактериска инфекција, исходот од овој пристап кај пациенти со умерени инфекции како што се пневмонија, синузитис, инфекции на уринарниот тракт или инфекции на кожата бара повеќе проучување, но има потенцијални предности на подобрена практичност, намалени негативни ефекти и помал притисок врз отпорноста на антибиотици.
...објавените докази сè повеќе поддржуваат брз третман на бактериски инфекции, кога е соодветно, со повисоки дози на антибиотици, земени веродостојно и за пократко времетраење.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
Јас да сум како тебе, не ни почнувам да ги пијам.
Не мора ко мене, еве биди ко Нордијците, нели истото го прават, ама тие изгледа се глупи. Даваат антибиотици, само во случај да спречат компликации како септичен шок. Швеѓаните од што се глупи, не воведоа мерки за короната, додека вие ги исмејувате, без да кажете според кои научни студии сметавте ќе е корисно.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.184
Поени од реакции
10.620
Веројатно сум закачила нешто од старата гарда. :)

Антибиотик исклучиво ако има оправдани индикации за тоа. И во такви случаи мое мислење е дека не треба да се прекинува истиот затоа што пациентот субјективно се чувствува добар. Има слуачи во кои пациентите се чувствуваат перфектно добро, а бронхопневмонија на гради. Така да, секогаш треба да се консултира лекар. И се додека настинката може да се третира симптоматски, пожелно е да се третира симптоматски.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom