...дозата и усогласеноста може да бидат поважни од времетраењето на антибиотскиот третман!
...давањето на вистинскиот антибиотик во соодветна доза, заедно со добрата усогласеност со дневниот режим од страна на пациентот, т.е. земање на правилна доза во соодветни интервали, може да биде поважно за успехот на лекувањето отколку земање антибиотик на долг временски период.
... препишувањето на соодветна доза на антибиотик ја подобрува неговата клиничка ефикасност.
... инаку идеално, антибиотиците треба да се дозираат според нивните фармакокинетски и фармакодинамски квалитети за да се постигнат најдобри клинички резултати за пациентот, како и да се ограничи ширењето на антимикробната резистенција.
...на пример, флуорокинолоните (на пример, ципрофлоксацин) имаат максимална бактерицидна активност кога нивните концентрации се високи, дури и за релативно кратко време, овие се антибиотици кои се „зависни од концентрацијата“ и се очекува да бидат ефективни со користење на пократки временски интервал за третман.
... и обратно, бета-лактамските антибиотици (на пример, амоксицилин, цефалексин) се „временозависни“ антибиотици и концентрацијата на лекот треба да биде над минималната инхибиторна концентрација за специфичниот патоген но во подолго или доволно време за да се постигне најголема ефикасност.
... поновите упатства препорачуваат пократко времетраење на антибиотици.
... решението на инфекцијата зависи од имунолошкиот одговор на една личност и од способноста на антибиотикот да го таргетира местото на инфекција и да остане таму за соодветно времетраење, како и специфичниот тип на патогенот и оштетувањето на ткивото предизвикано од инфекцијата, исто така, влијаат на резолуцијата.
... оптималното времетраење на користење на орални антибиотици треба да биде доволно за суштински да се намалат симптомите на пациентот и да се спречи рецидив, додека се минимизираат негативните ефекти и развојот на отпорност на антибиотици.
... изборот и времетраењето на антибиотскиот третман треба да се засноваат на најсовремените национални или локални упатства за антибиотици и локални податоци за чувствителност на антибиотици, земајќи ги предвид симптомите и знаците на пациентот, местото на инфекција, истовремените болести, имунолошкиот статус и можните патогени.
...така да поновите упатства за третман сè повеќе препорачуваат пократко времетраење на антибиотскиот третман, врз основа на доказите дека стапките на лекување се слични на оние со подолги режими, кои често се изведени од оригинални клинички испитувања.
На пример:
- три дена триметоприм се доволни за лекување на жена со некомплициран ИУТ додека, претходно се препорачуваше третман од седум до 14 дена.
- единечна доза на азитромицин (1 g) може да се користи за лекување на пациенти со кламидија, како алтернатива на седум дена доксициклин.
... антибиотици (на пр. три дена) се исто толку ефикасни како и подолгите временски (на пример, десет дена) кај пациенти со лесна до умерена пневмонија, 2000 деца со лесна пневмонија во една клиничка студија рандомизирани на три или петдневен третман со амоксицилин и немало разлика во клиничките резултати помеѓу групите, но и други десет рандомизирани контролирани испитувања во кои биле вклучени 652 деца со инфекција на долниот уринарен тракт (ИУТ) рандомизирани на два до четири дена или седум до 14 дена антибиотски третман не била пронајдена разлика помеѓу групите во позитивни уринокултури по третманот, резистентни организми или рекурентна ИУТ.
...и сега со право прашањето:
-Дали за сите пациенти важат истите препораки за времетраење на антибиотиците?
... упатствата за времетраењето на антибиотскиот третман одразуваат режим кој најверојатно ќе биде успешен во повеќето случаи, значи дека за некои пациенти е потребен пократко време, а за други е потребно подолго време, тежината на инфекцијата често влијае на тоа колку долго се дава антибиотик, заедно со други фактори како што се имунолошкиот статус на пациентот, истовремените болести и дали се работи рекурентна инфекција.
на пример:
во анализата на оптималното времетраење на антибиотскиот третман за ИУТ кај децата, некои пациенти имале повлекување на симптомите по единечна доза, додека на други им е потребен третман до десет дена, но клиничарите биле во можност да заклучат дека за повеќето деца, две до четири дневниот третман бил доволен,но оваа препорака нема да важи за секој пациент што се лекува.
... резолуцијата на симптомите често е добар показател за лекување кај благи до умерени инфекции и се применува како критериум за успех на лекувањето во испитувањата со антибиотици и е во голема корелација со микробиолошкиот лек.
...така да во една студија во Холандија во која биле вклучени 119 пациенти примени во болница со пневмонија било откриено дека прекинувањето на антибиотскиот третман по отстранувањето на симптомите не влијало негативно на исходот на пациентот, сите пациенти биле третирани три дена со IV амоксицилин, по ова време, пациентите биле оценети на скали од пет точки со кои се проценувало четири респираторни симптоми (отежнато дишење, кашлица, производство на спутум и боја на спутум - влошување до целосно закрепнување и општо подобрување до целосно опоравување).
... оние пациенти чии симптоми значително се подобриле по три дена подобрување температура < 38°C биле рандомизирани да примаат орален амоксицилин или плацебо пет дена, немало разлики во клиничките или радиолошките исходи помеѓу групите пациенти по 10 и 28 дена.
...пократко временски дадени антибиотици не ја зголемуваат отпорноста на бактериите, поврзаноста помеѓу употребата на антибиотици и отпорноста е комплексна, меѓутоа, подолгите временски примање на антибиотици се поврзани со најголем ризик од антимикробна резистенција и кај поединецот и кај заедницата.
... зголемената употреба на антибиотици врши селективен притисок за развој на резистенција преку елиминирање на бактериите осетливи на антибиотици и оставајќи ги бактериите отпорни на антибиотици да се размножуваат, што го прави идниот третман поголем предизвик.
... концептот на завршување на временски даден антибиотик за да се спречи отпорноста може да се однесува на инфекции за кои се очекува третманот целосно да ги искорени предизвикувачките бактерии од телото (на пример, туберкулоза, гонореја), но не се однесува на инфекции предизвикани од нормална телесна флора (на пр. повеќето инфекции на кожата, уринарниот тракт, горниот и долниот респираторен тракт и абдомен), во кои бактеријата ќе опстојува долго откако ќе се отстранат симптомите и знаците на инфекција, дури и ако бактериите што ја предизвикале инфекцијата се искорени, антибиотикот ќе изврши отпорен притисок врз другата природна бактериска флора и колку е подолг текот, толку поголема отпорност ќе се развие.
... затоа, може да се претпостави дека најпаметно е прекинувањето на антибиотикот по неколку дена од третманот и нема да има поголема веројатност да придонесе за отпорност на антибиотици отколку да се земе целосниот временски третман по упаство .
... други студии за пренесување на Streptococcus pneumoniae и пневмококи отпорни на антибиотици покажале дека високата доза на антибиотик за пократко траење резултира со помала отпорност на бактерии отколку помала доза за подолго времетраење.
...прекинувањето на антибиотиците кога симптомите значително ќе исчезнат е ефикасно и безбедно за многу пациенти, особено за оние кои веројатно нема да имаат бактериска инфекција или кои имаат самоограничувачка бактериска инфекција, исходот од овој пристап кај пациенти со умерени инфекции како што се пневмонија, синузитис, инфекции на уринарниот тракт или инфекции на кожата бара повеќе проучување, но има потенцијални предности на подобрена практичност, намалени негативни ефекти и помал притисок врз отпорноста на антибиотици.
...објавените докази сè повеќе поддржуваат брз третман на бактериски инфекции, кога е соодветно, со повисоки дози на антибиотици, земени веродостојно и за пократко времетраење.