Анализа на крв - толкување резултати

Член од
4 јули 2012
Мислења
293
Поени од реакции
535
[ote="Ivon4ee, post: 7456922, member: 11727"]Ne e nisto strasno mozi ima nekoja infekcija ili pak bila bolna I zatoa I se pokaceni[/quote]

Да беше настината предходно, ама се во ред со крвта, проблем со желудникот некоја бактерија имала, ама не било ништо страшно и дадоа некои апчиња че и поминело :)
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
2.129
Поени од реакции
1.337
Сите вредности ми се во нормалата освен ова билирубин кое е 36, директен 7 а индиректен 29. Што е работава?
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
2.129
Поени од реакции
1.337
Направи ултразвук на абдомен.
Прво следната недела ќе правам уште еднаш анализа на крв па ќе видиме. Ме интересираше што може да бидат причините што е ова покачено.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
3.559
Поени од реакции
2.418
Прво следната недела ќе правам уште еднаш анализа на крв па ќе видиме. Ме интересираше што може да бидат причините што е ова покачено.
Доколку другите параметри се во ред, најверојатно е варијација на апаратот.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
2.129
Поени од реакции
1.337
За жал не била варијација на апаратот, после една недела направив пак крвна слика како што кажав. Не само што не е билирубинот намален туку е зголемен, и тоа индиректниот од 29 минатата недела сега е на 36 :confused:
 
Член од
22 август 2006
Мислења
415
Поени од реакции
866
Здраво дечки, ќе ви постирам моја крвна слика од пред месец дена и направена денес. Правев еден експеримент со начинот на живеење и исхраната да видам дали ќе имам некоја промена. Кој што го има истиов проблем би сакал да му помогнам на секој, така да само изразете желба јас ќе напишам тука што сменив од исхрана, начин на живот и други помошни средства што ги користам. Сеуште состојбата не е сјајна али ќе се обидам да продолжам со истите работи што ги започнав така да на секој месец дена ќе ја проверуам крвната слика.
пс. проблемот со лошиот холестерол LDL ми е генетски наследен и го иаме цела фамилија. Целосно регулирање не е возможно да го доведам до нормални граници, но сепак ќе се обидам да го доведам до некоја нормала.
Prvi rezultati 1vi Okt 2015.jpg
Резултати по 1 месец, денешен ден.
Vtori rezultati 7mi Okt 2015.jpg
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
1.313
Поени од реакции
2.415
Здраво дечки, ќе ви постирам моја крвна слика од пред месец дена и направена денес. Правев еден експеримент со начинот на живеење и исхраната да видам дали ќе имам некоја промена. Кој што го има истиов проблем би сакал да му помогнам на секој, така да само изразете желба јас ќе напишам тука што сменив од исхрана, начин на живот и други помошни средства што ги користам. Сеуште состојбата не е сјајна али ќе се обидам да продолжам со истите работи што ги започнав така да на секој месец дена ќе ја проверуам крвната слика.
пс. проблемот со лошиот холестерол LDL ми е генетски наследен и го иаме цела фамилија. Целосно регулирање не е возможно да го доведам до нормални граници, но сепак ќе се обидам да го доведам до некоја нормала.
Прегледај го приврзокот 132458
Резултати по 1 месец, денешен ден.
Прегледај го приврзокот 132459

И трансаминазите си ги довел во нормала...Епа сподели што си земал, посебно како што викаш некои помошни средства...Ај баш да видиме кои... :)
 
Член од
22 август 2006
Мислења
415
Поени од реакции
866
За почеток можам да кажам дека претходно водев многу нездрав живот, со ретко јадење оброци, најчесто со еден оброк цел дел го минував или јадење доцна навечер, никаква физичка активност немав, многу алкохол конзумирав, скоро секојдневно. Решив да го сменам сето тоа, со малку поинаков режим на исхрана и водење здрав живот. Престанав да пијам алкохол, престанав да јадам месо, исто и млечни производи, бело брашно и бели пецива целосно отфрлив од менито. Исхраната ми се сведи на јадење повеќе пати во денот односно минимум 3 оброци со измеѓу ужинки. Јадам само зеленчук, овошје, зрнеста храна (грав, грашок, леќа, царевка, интегрален ориз), јаткасти производи (бадеми, лешници, ореви), многу семиња како семки од тиква, сончоглед, чија, лен, сусам; Еднаш до два пати неделно исклучиво морска риба што содржи најмногу омега 3 масни киселини (лосос, туна, харинга, скуша, сардина) . Лукот и кромидот ми се приоритет секојдневно. Појадокот најчесто ми е смути или ржани снегулки со семиња и овошје. Пред појадокот земам лажица до две од една смеса што ја спремив (4 главици лук, 1 корен од рен, сето блендирано, сок од 4 лимони и 100 милилитри зовриена вода, се чува во тегла во фрижидер), пијам 2 капсули во денот омега 3, барајте само да имаат што е можно повеќе EPA DHA, по една капсула квасец од црвен ориз, тоа е еден од поголемите борци со ЛДЛ холестеролот. Ручекот може да биде салата, или рибата или некоја зрнеста манџа или потаж и сл. Измеѓу за енергија јаткасти производи, а вечерата повторно салата. Процедурата ја почнав на 2ри октомври па еве се до ден денеска, функционирам перфектрно, се чуствувам по енергично, станувам рано, одам на пливање пливам по 1000 метри од тренинг за 40минути, одам по 4-5 пати неделно. Шетање во планини и сл активности се супер исто за одржување во форма. Освен примарната цел за намалување на холестеролот ослабев 6 килограми.
 
Член од
7 март 2007
Мислења
12
Поени од реакции
0
Пријатели би сакал една консултација, ако има некој доктор тука, пред околу 4 месеци правев систематски преглед од работа но резултатите ми стигнаа дури деновиве, бројот на леукоцитите ми е 12, а нормално е од 4 до 10, дали има некој проблем, дали е загрижувачка ситуацијава или не, искрено сум загрижен да не има некој проблем. Фала унапред на одговор.
 
Нема потреба за грижи.
 
Член од
7 март 2007
Мислења
12
Поени од реакции
0
Нема потреба за грижи.
Фала, се надевам дека е така, непосредно пред прегледот имав проблем со лумбиноишијалгија и пиев кортикостероидни лекови, па може да е и од тоа.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
2.129
Поени од реакции
1.337
За жал не била варијација на апаратот, после една недела направив пак крвна слика како што кажав. Не само што не е билирубинот намален туку е зголемен, и тоа индиректниот од 29 минатата недела сега е на 36 :confused:
После 3 крвни слики и ехо на абдомен дијагнозата е: природно покачен билирубин. Дополнително, секогаш кога ќе сум имал физичка активност билирубинот ќе одел нагоре.
Го пишувам апдејтов чисто за некој ако бара низ темава да не се секира одма доколку ова е покачено над референтните вредности, може ништо да не е. Направете тестови, ама не избрзувајте со заклучоци :).
 
Hulse

Дурак
Член од
24 октомври 2012
Мислења
775
Поени од реакции
469
Кaде би мoжел дa си гo прoверaм тестoстерoнoт, кoлку би ме чинелo и зa кoлку време се дoбивaaт резултaтите?
 
На врв Bottom