Американски фудбал - NFL лига

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
И овде пола играчи фатиле ковид, пола тим морам да го мењам баш за плејоф... :facepalm:
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
Судииве слепи се? Три пати не свират "helmet to helmet" против Колтс.
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.836
Поени од реакции
23.075
@Марли Твоите Детроит ептен ја замрсија работата на врвот во НФЦ. :D

Да им ебам неспособните ни да изгубат не знаат, на крај ќе бираат 4-5 на драфт и пак некој корнер ќе земат :icon_lol:
Ќе ги пропуштат и Тибодо и Хачинсон
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.148
Поени од реакции
7.850
Каков statement win на Сејнтс! Тотално издоминирани Бакс, Брејди прв пат scoreless од 2006. Ех да не беа повредите и црниот ноември, друга песна ќе беше сега… Сепак мислам дека ова е потврдата за Сејнтс во доигрувањето, имаат добар распоред што следи и сум оптимист.


Како што е непредвидлива сезонава немало одамна, секој секого може да победи и ова ветува многу интересен ПО.
 
Член од
18 јули 2013
Мислења
6
Поени од реакции
9
Здраво дечки, јас одамна немам пишано ништо на форумов ама ми текна дека можеби многумина од вас не знаат дека почнавме да организираме Flag Football термини по Скопје. Приказната почна во Куманово пред нешто повеќе од 3 години, сега таму има 20-тина луѓе што играат секој викенд, а решивме и да го прошириме сето тоа со цел да собереме повеќе луѓе, да се регистрираат по екипи и да ја оствариме конечната цел, лига и федерација на Американски фудбал во Македонија.

Бидејќи флаг е подостапна верзија за сите што од нула почнуваат со овој спорт (а 99% се такви), првин ќе се потрудиме тоа да успее, па ако биде добро прифатено, зошто да не и текл. На 12-ти декември игравме за прв пат во СЦ Аеродром, а следнава сабота (25-ти декември) од 5 до 7 часот ќе играме во балонот Димитар Миладинов. Сите се добредојдени и ве известувам дека имаме ФБ страна и инстаграм профил кои не знам според правилата на форумот дали смеам да ги напишам, каде што можете да следите се што правиме и доколку има волја да се приклучите.
 
Последно уредено:
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Одлична утакмица на ТБ12 со Џетси, втф се случи со Антонио Браун?
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
Дали Антонио Браун ќе влезе во HOF? По receiving yds е 24ти all time. 24ти е и по receiving touchdowns. Не знам други кои имаат слична статистика како него влегле во HOF. По мене, и да е HOF, никако first ballot.

Уште едно коло останува, пар интересни утакмици не' чекаат и после главното. :D

Патем, 9то место во нашата Кајгана фантази лига, не е лошо за прва сезона играње фантази. Доста повреди имав во ростерот Mitchell, Montgomery, Fournette, Johnson од Стилерс на утакмица-два, плус целата ситуација со Ridley. Веројатно најдобри пикови ми беа Josh Allen, Fournette, Montgomery и одбраната на Петриотс, па и Diontae Johnson.
 
Последно уредено:
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.731
Поени од реакции
1.063
После пауза од 2 сезони, се враќам на врвот на фантази лигата.
Фала му многу на господинот Џамар Чејс, дечкото сам ја доби неделава, изненади и ДК Меткалф, со оглед колку е мртов од паузата наваму. Да не умреа двајцата ранинг бекови, ќе скапеше на клупа и ќе се нервирав, ама некогаш е добро да немаш избор.:D Кога ќе ми текне дека се мислев дали да го земам Чејс или Џуџу Смит Шустер, ме поминуваат морници. Штом го пројдов Марли во плејоф, кога Вилсон му донесе 4 поени, а мене Куп 30, тоа е тоа.

Кога зборам за драфтувани, од 14 рунди, на крај во тимот имав 7 играчи, што е солидно. Од тие 7, првите 6 се задржани, така да би рекол солиден драфт имав.
Да ги поздравам и овие со дното од анализи :coffee:
1641291502173.png

За следната сезона може да се мисли што да се подобри, повеќето беа активни и се трудеа до крај, што е супер. 1/2 ппр мислам дека е подобар формат, кратка клупа е права ствар за вакви големи лиги и се супер потези.
Не знам дали вреди да експериментираме со аукција драфт, можеби паралелно би организирале таква лига со играчи што се заинтересирани, па да видиме кои се придобивките.
Како предлог мислам дека треба да стаиме waiver wire со буџет, мислам дека би го направило земањето играчи после добра недела многу поинтересно.

Ама за тоа има време, интересна сезона испадна оваа, ептен изедначено во АФЦ, одамна не било вака.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom