И јас мислам дека понеделник е најдобар избор за драфт. Моментално го поставив да биде во 21,30.
Ако има некој што е втора смена до покасно, ќе го поместиме за од 22,30-23.
Ма да и да го оставите компјутерот сам да бира, не е ништо оппасно, мене лани сам ми одбра па со дополнително земање на фри ејџенс стигнав да бидам вице-шампион.
Прегледај го приврзокот 196020
Конечноит драфт распоред е овој каков што го договоривме, може да си ги планирате веќе пиковите.
Времетрањето за бирање на играч ќе биде 45 секунди, дефинтивно е доволно, и така драфтот ќе се заврши за максимум 3 саати.
Исто го одредив и распоредот, ќе играме 2 пати со дивизискте ривали, на почетокот и на крајот, плус 4 утакмици со вкрстувачката дивизија плус 3 рандом противници.
Односно изгледа вака:
1,2,3 коло - меѓудивизиски утакмици
4,5,6,7 коло - вкрстуваат East and West и North and South, секој со секого.
8,9,10 коло - со рандом противници (од тие што не се имате сретнато дотогаш секако)
11,12,13 коло - реванш меѓудивизиски утакмици
Значи ќе играте 6 меча со своите дивизиски ривали, и 7 со по 1 тим од останатите 12.
Промени има и во поглед на поените, иако се минимални.
Оваа сезона повеќе значење ќе им дадеме на одбраните и кикерите, да не бидат практично декор.
Така, за евентуално задржување на противникот на 0 поени место 10, вашата одбрана ќе добие 13 поени, од 1-6 вие добивате 9 поени, од 7-13 добивате 6 итн. Односно зголемени се ланските поени за одбраната за +1, освен за оставањето на „clean sheet“ кое се зголеми за +3.
Овојпат и за промашен PAT ќе се озема -1 бод. Значи за промашен поен по ТД, не за field goal, за промашен FG нема да следува минусирање. Додека, за погоден FG од 1-39 метри имате 3 поени, 40-49 метри ќе имате 4 поени, за 50+ погоден 5 поени.
Останува да ве прашам дали сте и за уште една, фактички голема промена, дали да го зголемиме бројот на поени за QB Touchdown. Досега за ТД од квотер се добиваа 4 поени, дали сте да го зголемиме на 5? Или мислите дека доволна важност имаат квотерите и со стандардниот скоринг?
Изјаснувањето за овој амандман ќе трае до почетокот на драфтот.
Тоа е тоа, за симболичната награда која дефинитивно ќе ја има, ќе се договориме после драфтот.