Сиетл цело време од кога се релевантни се курчала, само до сега победуваа и никој ништо не збореше заради тоа. Како може екипа составена од Шерман, Ерл Томас, Кем, Браунер на времето, па после и Бенет да биде humble. Арно ама им чукна саатот и на нив, повреди, пензии и ете пораз порано од они што очекуваа. Згора на тоа пишал на твитер Ерл Томас како НЕ имале најлесен распоред и секоја година Брејди лесно си влегувал во чемпионшип гејм, а сезонава Сиетл играа во најслабата конференција во НФЛ сезонава и дури Мајами имаше 3-1 со таа конференција. НЕ исто имаа лесен распоред, ама барем не зборат за тоа, не го одредуваат тимовите распоредот, предодреден е. Се надевам Сиетл нема да станат НФЦ верзија на Синсинати.
За утакмицата делумно очекувано, таа грешка при пантот беше пресвртница, ќе беше поблиска утакмицата. Многу оружја има Мет Рајан, згора на тоа имаат и тркачи 2ца солидни, немаше Сиетл што да праат повеќе, многу им фалеше Кем Ченслор.
НЕ ја одиграа една од најслабите утакмици сезонава, многу голем прогрес кај дефанзивната линија на Тексанс, креативни блицови и покривања, штета за нив што го преплатија Брок Лобстер, и штета што Вил Фулер го дропна најдобриот пас што го фрли Брок цела сезона, ќе се вратеше утакмицата тука. Мислам малку и ги потценија Хјустон од НЕ, ретко се случува ваква лоша партија на Брејди, ама сепак 27 поени да и дадеш на број 1 одбраната по поени и дозволени јарди е сосема солидно. Начинот на кој ги дадоа тие поени е друг муабет. Одбраната на НЕ надпросечно, одлично ги затвори Ламар Милер и ресиверите. Се на се добра победа, таман за Беличек да им го врати фокусот на играчите, ете денес и изјава од играчи дека вчера им рекол со ваква игра нема што да барате со КЦ или Питсбург. По мене мислам одбраните на КЦ и Питсбург не се на ниво на Хјустон, иако КЦ има одлична одбрана. Питсбург се повеќе таму за да не примат повеќе отколку што може да даде нападот, односно се обидуваат да не ја изгубат утакмицата, мислам за некоја година ќе имаат сосема солидна одбрана, добри млади играчи поткрепени со искуство, само сега уште не се на тоа ниво.