Ал Каеда во Македонија?

Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Ал-Каеда е исламски меѓународен сојуз основан од Бин Ладен и напаѓа со цивилни и воени цели.
На Бадниковата вечер
ни беше соопштено дека оваа организација подготвува своја инсталација на Балканот, односно во Македонија. Што мислите за ова? Дали е скриена позадина на закопување на мртви трупови, односно оттргнување на јавноста од актуелните проблеми, или можеби вистина? Јас сметам дека е ова голема закана по мирот на граѓаните. Понатаму, доколку вакво нешто вистински постои, сигурно нема да биде пласирано во јавноста толку спонтано и одеднаш. Што би требало Македонија да направи во врска со ова?
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Едноставно си имаат конзулати по цел свет. За полесни контакти и пренесување на роба и информации. Не значи дека ако има Ал Каеда ке ја рушат МТВ зградана со цесна од втора светска војна.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Ал Каеда си има канали на Балканот, и кампови во Босна уште од југословенската граѓанска војна. Македонија е една од земјите која има муслиманско население зошто да биде исклучок?Ал Каеда главно врши притисок (а под вршење притисок подразбирам бомбашки напади) врз земји кои се и воено и економски моќни, и имаат големо политичко влијание ширум светот, а Македонија не спаѓа во тие земји.Македонија единствено може да послужи само како пат за испорачување оружје, муниција и.т.н. до Босна, и од Босна правец Европа накај некоја амбасада, метро или железничка станица.Една од причините поради која постои таа амбасада денеска на Кале, (со штабот на ЦИА за Европа) е и оваа........
 

Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
Новинарско млатење слама.Оваа вест излезе од средбата на Грујо со Изреалциве,кои наводно му спомнале дека се можни напади на Балканов а не конкретно во Македонија.Тоа и деца мали го знаат.
Дигање паника ради паника,ништо друго.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.279
Поени од реакции
27.744
Оваа изјава е дадена од Грујо со цел да се зголеми интересот за Македонија. Од неофицијални извори дознаваме дека Бин Ладен им се заканувал на грците дека ако ни дадат уште едно Вето ќе ја силувал Дора Бакојани.
 
T

the Carpenter

Гостин
До пред 20 години немало, а сега веќе се три исламски републики на Балканот (Босна, Косово, Албанија). Во период за 20 години значи.

Ако исламот зема толкав замав на Балканот и полека овај полуостров наликуа на Блискиот исток, зошто да нема ограноци на (не велам терористички) исламски организации, како што е Ал Каеда. Ништо чудно да се „складираат“ и во МАкедонија, каде што не е тешко да егзистираш.
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Веќе добри 2-3 години низ Скопје забележувам чудни батки, облечени како торбеши и со брада до колена, и секогаш се возат или во фичо, или во застава, trying to keep a low profile (а можеби не сфаќаат дека поради брадите, секој зјапа во нив кога поминуваат :D). Можно е да се тие, но како и да е, многу јако изгледаат. :P
 

Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
не ни можат ништо ние кантери сме појаки од нив :pos2:

ontopic: што цел имаат ако прават напади во Македонија, тука нит некој му брани нешто на муслиманите ни ништо
 
П

Паган-др

Гостин
Има уште една тема за ова. Не да шерифувам или нешто, ама барем да се спојат темите. :)
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
На коо бе ти, да се спојат темите! :) Ајде Гладиус, шефе, спој или кантосај. Иако, сепак мислам дека има разлика во актуелноста на вестите.:smir:
 
Х

Ханзо

Гостин
Мене ме плаши еден во 22-ка што го гледам редовно, плукнат Ахмадинеџад со брада. :)
Nah, скептик додека не ме разнесат. Меѓу новинарски трипови, терористички закани и терористички акции има голема разлика.
 

Stef_12

Player hater
Член од
15 јануари 2009
Мислења
952
Поени од реакции
405
Добар обид за замајување на народот да го отргне вниманието од проблемите што ги имаме во државата..
 
S

StormRage

Гостин
Лабуништа и Подгорци вакви со бради ги има миљон... не мојш да ги знајш кој е кој
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Кога ќе видите некој со брада,кебиња на него,Осамабинладенска капа и муслиманси опинци кога чекате ред дали во банка,пошта или за вадење лична карта/пасош/возачка слободно отстапете му место се со цел да не го изнервирате,пошто не е убаво да се нервираат такви џихадџии.
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Новинарско млатење слама.Оваа вест излезе од средбата на Грујо со Изреалциве,кои наводно му спомнале дека се можни напади на Балканов а не конкретно во Македонија.Тоа и деца мали го знаат.
Дигање паника ради паника,ништо друго.
Па и не е баш така како што викаш. Како што кажа Nightwalker и јас имам забележано такви типови, со некои мантии и бради. Пред некое време гледав на Алсат како еден албански политичар ги обвинува овдешниве албанци како тоа граделе џамии со минариња како во Иран и слично.
Доказ дека навистина се инфилтрирани тука е дека неодамна ИВЗ бараше од МВР да интервенира во некоја нивна џамија и да исфрли некои луѓе кои ја превзеле контролата над џамијата и проповедале радикализам. Најголем доказ мене лично ми е тоа што кога Израел ја нападна Палестина, тука во Македонија имаше собири и донации со пароли ,, Да им помогнеме на браќата Палестинци ''.
Мене ова воопшто не ми личи на тн новинарско млатење слама...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom