concrete
alte Esel
Прашањето тука е зошто нештото да биде просто и функционално кога може да биде сложено и нефункционално.
По мое премногу електроника, мотори , сензори. Ај што ке биде скапо за да се направи туку и многу нешта можат да се расипат.
После не ми е јасно како ке се складира топлината и како воопшто ке се зема од печката. Сигурно и на тоа мислел само тука не е споменато. Можеби и ефикасноста на таква печка би била голема но само под услов се да е наштеловано како што треба. Еден сензор или мотор или клапна да заеби и толку од ефикасноста. Друга работа ( ова по печките на пелети кои исто така имаат некаква електроника, додуша далеку помалце сложена) е видот и униформноста на дрвото. Сите тие сетизни , штеловања и незнам што нема да вредат ни пет пари ако таа е штелована за еден тип на дрво со одредена влажност а се стави друг тип на дрво или огревен материјал со различна влажност или карактеристики. Кај печките на пелети се правеа еден куп глупости само заради пелетите што не се со ист состав или карактеристики. Тука чуда ке се прават ако наместо даб се стави бука на пример.
Во секој случај има далеку поедноставни начини со многу помалце променливи кои можат да заебат и со задоволителен коефициент на искористеност на печката, да не зборувам за цената на изработката на таква печка.
Иако е ова сега за сега само инжињерски потфат на хартија... електрониката која ги чита дрвото и околината и актуаторите кои управуваат со процесот се најмалиот проблем, тоа е веќа масовен производ....Многу поголем е скоцкувањето на целата црна структура за да биде како треба според поставените барања , во секој поглед...а да не не чини колку мал автомобил...
