Албанија го користи правото на вето на барањето на Македонија да стане членка на НАТО

Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Заканата на Еди Рама, рамковниот договор и македонскиот одговор

Македонија не може своите национални интереси да ги остварува со закана со сила или употреба на сила, бидејќи - не располага со сила.

Меѓутоа, Македонија секогаш треба да ја зграпчи шансата на теми со поенти и аргументи. А токму таква тема е заканата со вето за Македонија при приемот во НАТО од албанскиот премиер Еди Рама на регионалната министерска конференција во Тирана на 20 мај, доколку целосно не бил реализиран рамковниот договор.

По ваквата закана, речиси молк во нашите државни институции освен несоодветната реакција на Mинистерството за надворешни работи дека заканите за блокади против членство на Македонија во НАТО не се во духот на европските вредности.

Меѓутоа, најпрвин за кажаното од Рама за наводното неспроведување на рамковниот договор, кој, патем да кажам и понатаму останува длабоко трауматичен за македонската национална свест, и кој, во суштина се сведува на пет точки:

Прво, правична застапеност во администрацијата заради достигнувањето на официјалната бројка од 25,17 отсто Албанци во администрацијата.

Меѓутоа, бројот на Албанците во некои институции надмина и 50 отсто, и ова е флагрантно излегување вон рамката на рамковниот договор во корист на Албанците. Еве неколку шокантни податоци за застапеноста на Албанците.

Во македонската влада од 2.722 вработени, внимавајте добро, Албанци се 1.535 или 56,4 отсто, Македонци се 672 или 24,7 отсто, а 515 вработени или 18,9 отсто се Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други.

Понатаму, еве како изгледа застапеноста на Албанците во некои министерства. Во Mинистерството за локална самоуправа дури 57 отсто се административци - Албанци, во Mинистерството за економија 34 отсто, во Mинистерството за животна средина и просторно планирање 30 отсто, во Mинистерството за здравство 44 отсто, во Mинистерството за култура 33 отсто, во Mинистерството за образование и наука 28 отсто, додека, пак, во Mинистерството за правда нивната застапеност е 30 проценти...

Исто така, целосно се исполнува обврската за избор на една третина од судиите во Уставниот суд, тројца членови на Судскиот совет како и Народниот правобранител, при нивниот избор да гласаат и мнозинство од пратениците од немнозинската зедница.

Со оглед на просторот, со еден збор, од 30 до 70 отсто се административци - Албанци во повеќе самостојни државни органи (агенции, дирекции, комисии, заводи), потоа, во западниот дел во земјата во голем број посебни јавни установи и други правни лица, казнено поправни и воспитно поправни установи, јавни претпријатија, центри за социјална работа, правосудството, единици на локална самоуправа, установи од јавното здравство, јавни културни установи, библиотеки, театри, музеи, основно, средно и високо образование, фондови...

Второ, развој на децентрализирана власт, зајакнување на овластувањата на локалните претставници и зголемување на нивните надлежности во согласност со Уставот и Европската повелба за локална самоуправа, пред се, во областите на јавните услуги, урбаното и руралното планирање, заштитата на животната средина, локалниот економски развој, културата, локалните функции, образованието, социјалната и здравствената заштита, ревидирање на општинските граници и локалните полициски началници да ги избираат општините.

Оваа рамковна обврска е целосно исполнета. Дури, и повеќе, бидејќи, рамковната обврска за ревидирање на општинските граници не подразбира сите општини во западниот дел од земјата да станат доминантно албански, и сите полициски началници во западниот дел од земјата да бидат Албанци. Спротивно на рамковата спогодба, за Македонците во општините со доминантно албанско население не важи начелото на правична застапеност при вработување или добивање на раководни места во локалните јавни тела.

Трето, посебните собраниски процедури, односно, на централно ниво, уставните амандмани, Законот за локална самоуправа, како и законите кои ги засегаат културата, јазикот, образованието, личните документи, симболите, локалните избори, локалното финансирање, Градот Скопје, општинските граници, да се донесуваат со мнозинство гласови и од пратениците кои тврдат дека припаѓаат на заедниците кои не се мнозинско население во Македонија.

Оваа рамковна обврска целосно се исполнува.

Четврто, образованието и употреба на јазиците, односно, наставата во основното и средно образование да се изведува на мајчин (албански) јазик, обврска за финансирање од државата за високото образование на албански јазик, албанскиот јазик како службен во органите на Република Македонија и во општините каде што го зборуваат најмалку 20 отсто од населението и во кривични и граѓански судски постапки право на превод на државен трошок и лични документи издадени на албански јазик.

Оваа рамковна обврска целосно се исполнува.Дури, и повеќе од прошишаното, бидејќи, наместо еден, Албанците добија два универзитети.

Петто, изразување на идентитетот, односно, непосредно до симболот на Република Македонија, право на локалните албански власти на предната страна од локалните јавни објекти да постават симболи со кои се одбележува нивниот идентитет што е мнозинство во општината.

Оваа рамковна обврска целосно се исполнува.Дури,редовно се прекршува од албанската заедница со изоставувањето на симболите на Републиока Македонија.

Од севкупно кажаното се поставува прашањето, за кое неспроведување на рамковниот договор зборува Еди Рама? Иронијата да биде поголема, произлегува дека Македонија е уникатен пример, каде мнозинскиот македонски народ е изложен на дискриманција од страна на едно малцинство, во случајов албанското. Во овој контекст, не треба да се заборави дека во моментот нема ниту едно раселено албанско семејство во Македонија, додека, македонски семејства, и по 14 години од рамковниот договор, сеуште се раселени во својата матична татковина.

Конечно, како да се земе фактот, замислете, во Владата на Република Македонија 56,4 отсто се вработени-Албанци, а 24,7 отсто се вработени-Македонци.

Затоа, во контекст на провокативната закана на Еди Рама, за Македонија водењето на меѓународните односи подразбира одбрана на националните интереси.

Имено, во случајов е потребна офанзивна реакција од типот на протесна нота или меморандум до НАТО, со цел, да се даде публицитет на случајот или тој да се разгледува во Брисел. На тој начин би се расправало во НАТО за аспектите на рамковниот договор, со што би се регистрирала домашната позиција за фактите и аргументите дадени погоре, од кои, основано може да се изведе аргументот дека рамковниот договор целосно се спроведува, дури, и на штета на Македонците.

Затоа, македонското МНР згреши со дефанзивната и воопштена реакција на заканите на Еди Рама, бидејќи, тоа не подразбира објаснување и одбрана на македонската државна политика. Ова пак, ја отвора дилемата, дали капацитетот на македонскиот државен врв е лимитиран во смисла на способноста за донесување на одлуки во прилог на националните интереси заради фактот што во моментот е опкружен со некомпетентни советници кои на тие места не се поставени врз основа на ефикасност, туку како партиска награда. А заштитата на националните интереси не е игра на среќа!

Јанко Бачев

http://www.mkd.mk/kolumni/zakanata-na-edi-rama-ramkovniot-dogovor-i-makedonskiot-odgovor
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426

Ете отиде Заев и кажа што имаше поповод тоа. За да на Еди му држат вода ставовите, фино лепо се изјасни за продлабочување на рамковниот договор и пошто немаат идеи веќе што да бараат им даде и идеи како на пример задолжителен Албански јазик од забавиште и сл. Што се вика градење добрососедски односи...
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.876
Поени од реакции
1.633
Ова е пример за “добро “ соседски односи !
Косовското Јавно обвинителство идната недела ќе отвори истрага за начинот на кој загинале деветтемина косовски државјани кои беа ликвидирани во акција против терористичката група во кумановското Диво Насеље и најавува дека најверојатно ќе поднесе тужба против нашата држава без да прецизира за што точо ќе биде побарана одговорност. Плус сеа и заговарат меѓународна истрага ќе испаднат сеа нашиве дека нападнале цивили и пак ќе пратат некого во Хаг! Значи сите се за една идеја и плус со Американска подршка ќе се деси поделба на Македонија во догледно време.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Среде Тирана председателот на Бугариja изjaви дека БГ застанува зад териториалната целост на РМ.
Тоj изjaви,дека Бугариja ке инициира државите от регионот да подржат и подпишат заедничка декларациja за ненарошуване на границите во регионот.
https://www.president.bg/news2618/rosen-plevneliev-balgariya-zastava-zad-suvereniteta-i-teritorialnata-tsyalost-na-republika-makedoniya.html

Предходниот ден темата Македониja и Албаниja беше на средбата на председателот со Весна Пусич.
И двамата инсистираха ЕУ да се ангажира за зачуване на териториалната целост на РМ и зачуване на граганскиот мир.
https://www.president.bg/news2614/prezidentat-rosen-plevneliev-razgovarya-s-vitsepremiera-i-ministar-na-vanshnite-raboti-i-evropeyskite-vaprosi-na-harvatiya-vesna-pusich.html

Се тоа говори,дека Бугариja се активира и започна разговори со повекето држави от регионот за состоjбите во Западен Балкан. Темата беше е обсадена со Турциja,Грциja,Албаниja, Хрватска,а се очекува да биде дел от разговорите мегу двете влади,кои се наjaвува средба со Романиja.
 
Последно уредено:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Среде Тирана председателот на Бугариja изjaви дека БГ застанува зад териториалната целост на РМ.
Тоj изjaви,дека Бугариja ке инициира државите от регионот да подржат и подпишат заедничка декларациja за ненарошуване на границите во регионот.
https://www.president.bg/news2618/rosen-plevneliev-balgariya-zastava-zad-suvereniteta-i-teritorialnata-tsyalost-na-republika-makedoniya.html
Муабетов го глеам.... абе шо ќе ни е ЕУ и НАТО... па доволно да влеземе во Бугарија!

:pos:
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Муабетов го глеам.... абе шо ќе ни е ЕУ и НАТО... па доволно да влеземе во Бугарија!

:pos:
Аjде нема потреба,доволно проблеми си имаме,па да увезуваме уште. :)
Не сакате декларациja на регионот или не сакате да се приклучите ?
 
Последно уредено:
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.465
Поени од реакции
5.881
Прво, правична застапеност во администрацијата заради достигнувањето на официјалната бројка од 25,17 отсто Албанци во администрацијата.

Меѓутоа, бројот на Албанците во некои институции надмина и 50 отсто, и ова е флагрантно излегување вон рамката на рамковниот договор во корист на Албанците. Еве неколку шокантни податоци за застапеноста на Албанците.

Во македонската влада од 2.722 вработени, внимавајте добро, Албанци се 1.535 или 56,4 отсто, Македонци се 672 или 24,7 отсто, а 515 вработени или 18,9 отсто се Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други.

Понатаму, еве како изгледа застапеноста на Албанците во некои министерства. Во Mинистерството за локална самоуправа дури 57 отсто се административци - Албанци, во Mинистерството за економија 34 отсто, во Mинистерството за животна средина и просторно планирање 30 отсто, во Mинистерството за здравство 44 отсто, во Mинистерството за култура 33 отсто, во Mинистерството за образование и наука 28 отсто, додека, пак, во Mинистерството за правда нивната застапеност е 30 проценти..
Наводно во Владата имало 56,4% вработените албанци, ама во Влада како тесен поим, каде е вметнат Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор, каде фигурираат 1.482 албанци кои седат дома, пошто има некој што не сака да ги види како работаат.

А ако погледнеш во Владата со се министерствата и агенциите, тогаш албанците се застапени со 21,7%, од кои како што реков огромна бројка си седат дома.

А ако погледнеш уште пошироко, во јавните претпријатија бројот на вработени албанци е 13,4%.
На пример во ЈСП Скопје албанците се 7,8%.
Во Македонски Шуми-Скопје ги има само 5,8%
Македонски железници Скопје само 6,5%
Македонија Пат Скопје , само 11,2%

Во фондовите за здравствено и пензиско, 16,2%
Во центрите за социјални работи, 16,1%
Во основни судови, 13,4%
Во апелациони- 13,9%
Во основни јавни обвинителства - 12,3%
Во устванови за јавно здравство - 11,9%
Во јавни културни устванови- 12,1%
Во библиотеки- 3,2%
Во музеи- 3,9%
Во детски градинки- 5,2%

Зборуваме за 2014та година, а можеш ли да замислиш како било во 2004та година, кога веќе требаше многу работи од тој договор да бидат спроведени.
Се гледа дека трендот е позитивен, иако многу споро , со по 1-1,5% годишно, албанци одат кон ветените 25%. Штетата од 1 милјарда евра треба да се надомести во капитални инвестиции кај албанците.

А за жал и во инвестициите дискриминацијата е голема: патна инфраструктура, водоводи, училишта, спортски терени, туризам, странски инвестиции, култура ....

И понатаму среде Скопје албанци мора да учат на македонски јазик, иако со закон им е гарантирано правото на образување на мајчин јазик.
И натаму улиците и училиштата на албанците имаат имиња на српски личности.
И понатаму функсионерите не разбираат што значи официјален јазик, не сакаат или не разбираат дека секаде каде што нешто е напишано на македонски јазик треба да биде и на албански, дали е тоа на улица или во канцеларија.

Но за овие работи не се почнуваат војни, туку треба политички притисок за да се промени оваа дискриминирачка навика.
 
Со други зборови вие сте угнетени, ви даваат плати, а не ве пуштаат да работите. Тоа значи дека под итно треба да се спроведе федерализација за да ви се заштитат основните човекови права и во најбрз можен рок да се рачуна отцепување, зошто со славомакедонците неможе да се живее веќе. Башка се дрзнуваат државно знаме да веат на матурски прослави, што е тешка навреда и провкација за Албанците во државава и под итно треба да се воведе казна од јавен линч со каменување на тие што ќе се дрзнат да веат Македонско знаме во Македонија.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.386
Поени од реакции
8.996
Мене ме плаши тоа што рамковниот договор секогаш можат да го користат како изговор за создавање политички кризи. Како сега на пример. Едноставнo, мора фаличниот Устав да го смениме, зашто во спротивно еден куп глупости од глава ќе ни се удираат во иднина.
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.162
Поени од реакции
5.944
Ова е пример за “добро “ соседски односи !
Косовското Јавно обвинителство идната недела ќе отвори истрага за начинот на кој загинале деветтемина косовски државјани кои беа ликвидирани во акција против терористичката група во кумановското Диво Насеље и најавува дека најверојатно ќе поднесе тужба против нашата држава без да прецизира за што точо ќе биде побарана одговорност. Плус сеа и заговарат меѓународна истрага ќе испаднат сеа нашиве дека нападнале цивили и пак ќе пратат некого во Хаг! Значи сите се за една идеја и плус со Американска подршка ќе се деси поделба на Македонија во догледно време.
Освен ако немаш валиден извор, не шири дезинформации.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.368
Поени од реакции
7.138
Наводно во Владата имало 56,4% вработените албанци, ама во Влада како тесен поим, каде е вметнат Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор, каде фигурираат 1.482 албанци кои седат дома, пошто има некој што не сака да ги види како работаат.

А ако погледнеш во Владата со се министерствата и агенциите, тогаш албанците се застапени со 21,7%, од кои како што реков огромна бројка си седат дома.

А ако погледнеш уште пошироко, во јавните претпријатија бројот на вработени албанци е 13,4%.
На пример во ЈСП Скопје албанците се 7,8%.
Во Македонски Шуми-Скопје ги има само 5,8%
Македонски железници Скопје само 6,5%
Македонија Пат Скопје , само 11,2%

Во фондовите за здравствено и пензиско, 16,2%
Во центрите за социјални работи, 16,1%
Во основни судови, 13,4%
Во апелациони- 13,9%
Во основни јавни обвинителства - 12,3%
Во устванови за јавно здравство - 11,9%
Во јавни културни устванови- 12,1%
Во библиотеки- 3,2%
Во музеи- 3,9%
Во детски градинки- 5,2%

Зборуваме за 2014та година, а можеш ли да замислиш како било во 2004та година, кога веќе требаше многу работи од тој договор да бидат спроведени.
Се гледа дека трендот е позитивен, иако многу споро , со по 1-1,5% годишно, албанци одат кон ветените 25%. Штетата од 1 милјарда евра треба да се надомести во капитални инвестиции кај албанците.

А за жал и во инвестициите дискриминацијата е голема: патна инфраструктура, водоводи, училишта, спортски терени, туризам, странски инвестиции, култура ....

И понатаму среде Скопје албанци мора да учат на македонски јазик, иако со закон им е гарантирано правото на образување на мајчин јазик.
И натаму улиците и училиштата на албанците имаат имиња на српски личности.
И понатаму функсионерите не разбираат што значи официјален јазик, не сакаат или не разбираат дека секаде каде што нешто е напишано на македонски јазик треба да биде и на албански, дали е тоа на улица или во канцеларија.

Но за овие работи не се почнуваат војни, туку треба политички притисок за да се промени оваа дискриминирачка навика.
а да се спроведеше успешен попис пред да се бара вработување по рамковен шо велиш ??
 
Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583

Накратко кажано : Тешки мене да ме вработеа,да си седам дома,и да земам плата,дај боже и јас да бев така угнетен
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Треба да се укинат сите партии под националната каписла и да се воведат граѓански, со тоа треба да му се каже чао т.е. укинување на Рамковниот договор.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.533
Поени од реакции
18.476
Треба да се укинат сите партии под националната каписла и да се воведат граѓански, со тоа треба да му се каже чао т.е. укинување на Рамковниот договор.
Ова требаше уште кога Македонија изгласа независност на референдум, во 1991. година и кога се одвои од СФРЈ, да се вметне во Уставот. Уште тогаш требаше да се даде насока за формирање на партии со граѓански концепт и предзнак, а не национален. Тоа што го испуштивме, е една од поголемите грешки во поновата историја.

Сега е веќе касно.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Ова требаше уште кога Македонија изгласа независност на референдум, во 1991. година и кога се одвои од СФРЈ, да се вметне во Уставот. Уште тогаш требаше да се даде насока за формирање на партии со граѓански концепт и предзнак, а не национален. Тоа што го испуштивме, е една од поголемите грешки во поновата историја.

Сега е веќе касно.
Никогаш не е касно штосот е што немаме некоја култура кога зобруваме за политика и демократија, не за џабе народот е задоен во "патриотите" и "комунистите". Кај Албанците логично е да има национален предзнак - бидејќи се малцинство.

Етничко мешани партии со граѓански концепт(не акционерски друштва како денешниве) би била добитна комбинација.

П.С. социјалистите би биле најмоќен фактор доколку народот имаше поголема свест - со оглед на тоа какви работнички права уживаме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom