- Член од
- 16 април 2010
- Мислења
- 2.558
- Поени од реакции
- 1.503
Заканата на Еди Рама, рамковниот договор и македонскиот одговор
Македонија не може своите национални интереси да ги остварува со закана со сила или употреба на сила, бидејќи - не располага со сила.
Меѓутоа, Македонија секогаш треба да ја зграпчи шансата на теми со поенти и аргументи. А токму таква тема е заканата со вето за Македонија при приемот во НАТО од албанскиот премиер Еди Рама на регионалната министерска конференција во Тирана на 20 мај, доколку целосно не бил реализиран рамковниот договор.
По ваквата закана, речиси молк во нашите државни институции освен несоодветната реакција на Mинистерството за надворешни работи дека заканите за блокади против членство на Македонија во НАТО не се во духот на европските вредности.
Меѓутоа, најпрвин за кажаното од Рама за наводното неспроведување на рамковниот договор, кој, патем да кажам и понатаму останува длабоко трауматичен за македонската национална свест, и кој, во суштина се сведува на пет точки:
Прво, правична застапеност во администрацијата заради достигнувањето на официјалната бројка од 25,17 отсто Албанци во администрацијата.
Меѓутоа, бројот на Албанците во некои институции надмина и 50 отсто, и ова е флагрантно излегување вон рамката на рамковниот договор во корист на Албанците. Еве неколку шокантни податоци за застапеноста на Албанците.
Во македонската влада од 2.722 вработени, внимавајте добро, Албанци се 1.535 или 56,4 отсто, Македонци се 672 или 24,7 отсто, а 515 вработени или 18,9 отсто се Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други.
Понатаму, еве како изгледа застапеноста на Албанците во некои министерства. Во Mинистерството за локална самоуправа дури 57 отсто се административци - Албанци, во Mинистерството за економија 34 отсто, во Mинистерството за животна средина и просторно планирање 30 отсто, во Mинистерството за здравство 44 отсто, во Mинистерството за култура 33 отсто, во Mинистерството за образование и наука 28 отсто, додека, пак, во Mинистерството за правда нивната застапеност е 30 проценти...
Исто така, целосно се исполнува обврската за избор на една третина од судиите во Уставниот суд, тројца членови на Судскиот совет како и Народниот правобранител, при нивниот избор да гласаат и мнозинство од пратениците од немнозинската зедница.
Со оглед на просторот, со еден збор, од 30 до 70 отсто се административци - Албанци во повеќе самостојни државни органи (агенции, дирекции, комисии, заводи), потоа, во западниот дел во земјата во голем број посебни јавни установи и други правни лица, казнено поправни и воспитно поправни установи, јавни претпријатија, центри за социјална работа, правосудството, единици на локална самоуправа, установи од јавното здравство, јавни културни установи, библиотеки, театри, музеи, основно, средно и високо образование, фондови...
Второ, развој на децентрализирана власт, зајакнување на овластувањата на локалните претставници и зголемување на нивните надлежности во согласност со Уставот и Европската повелба за локална самоуправа, пред се, во областите на јавните услуги, урбаното и руралното планирање, заштитата на животната средина, локалниот економски развој, културата, локалните функции, образованието, социјалната и здравствената заштита, ревидирање на општинските граници и локалните полициски началници да ги избираат општините.
Оваа рамковна обврска е целосно исполнета. Дури, и повеќе, бидејќи, рамковната обврска за ревидирање на општинските граници не подразбира сите општини во западниот дел од земјата да станат доминантно албански, и сите полициски началници во западниот дел од земјата да бидат Албанци. Спротивно на рамковата спогодба, за Македонците во општините со доминантно албанско население не важи начелото на правична застапеност при вработување или добивање на раководни места во локалните јавни тела.
Трето, посебните собраниски процедури, односно, на централно ниво, уставните амандмани, Законот за локална самоуправа, како и законите кои ги засегаат културата, јазикот, образованието, личните документи, симболите, локалните избори, локалното финансирање, Градот Скопје, општинските граници, да се донесуваат со мнозинство гласови и од пратениците кои тврдат дека припаѓаат на заедниците кои не се мнозинско население во Македонија.
Оваа рамковна обврска целосно се исполнува.
Четврто, образованието и употреба на јазиците, односно, наставата во основното и средно образование да се изведува на мајчин (албански) јазик, обврска за финансирање од државата за високото образование на албански јазик, албанскиот јазик како службен во органите на Република Македонија и во општините каде што го зборуваат најмалку 20 отсто од населението и во кривични и граѓански судски постапки право на превод на државен трошок и лични документи издадени на албански јазик.
Оваа рамковна обврска целосно се исполнува.Дури, и повеќе од прошишаното, бидејќи, наместо еден, Албанците добија два универзитети.
Петто, изразување на идентитетот, односно, непосредно до симболот на Република Македонија, право на локалните албански власти на предната страна од локалните јавни објекти да постават симболи со кои се одбележува нивниот идентитет што е мнозинство во општината.
Оваа рамковна обврска целосно се исполнува.Дури,редовно се прекршува од албанската заедница со изоставувањето на симболите на Републиока Македонија.
Од севкупно кажаното се поставува прашањето, за кое неспроведување на рамковниот договор зборува Еди Рама? Иронијата да биде поголема, произлегува дека Македонија е уникатен пример, каде мнозинскиот македонски народ е изложен на дискриманција од страна на едно малцинство, во случајов албанското. Во овој контекст, не треба да се заборави дека во моментот нема ниту едно раселено албанско семејство во Македонија, додека, македонски семејства, и по 14 години од рамковниот договор, сеуште се раселени во својата матична татковина.
Конечно, како да се земе фактот, замислете, во Владата на Република Македонија 56,4 отсто се вработени-Албанци, а 24,7 отсто се вработени-Македонци.
Затоа, во контекст на провокативната закана на Еди Рама, за Македонија водењето на меѓународните односи подразбира одбрана на националните интереси.
Имено, во случајов е потребна офанзивна реакција од типот на протесна нота или меморандум до НАТО, со цел, да се даде публицитет на случајот или тој да се разгледува во Брисел. На тој начин би се расправало во НАТО за аспектите на рамковниот договор, со што би се регистрирала домашната позиција за фактите и аргументите дадени погоре, од кои, основано може да се изведе аргументот дека рамковниот договор целосно се спроведува, дури, и на штета на Македонците.
Затоа, македонското МНР згреши со дефанзивната и воопштена реакција на заканите на Еди Рама, бидејќи, тоа не подразбира објаснување и одбрана на македонската државна политика. Ова пак, ја отвора дилемата, дали капацитетот на македонскиот државен врв е лимитиран во смисла на способноста за донесување на одлуки во прилог на националните интереси заради фактот што во моментот е опкружен со некомпетентни советници кои на тие места не се поставени врз основа на ефикасност, туку како партиска награда. А заштитата на националните интереси не е игра на среќа!
Јанко Бачев
http://www.mkd.mk/kolumni/zakanata-na-edi-rama-ramkovniot-dogovor-i-makedonskiot-odgovor