Албанија ги избриша Македонците од формуларот за попис

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Тоа што викате дека Македонците во Пустец/Liqenas имале право да поставуваат свое знаме, да учат на свој јазик, да имаат свои имиња на улици и школи и.т.н. е како резултат на притисокот од ЕУ ... сепак Албанија е држава која е членка на НАТО(од 2008) и кандидат за влез во ЕУ така да мора малку да обели образ пред Брисел ... инаку лично неверувам дека Албанската држава би им ги дала овие права на Македонците таму !
Но не е тоа решение на проблемот Македонците се признати во Албанија но само тие 5-6 илјади(Пустец), а каде се другите ...
Од друга страна пак Грција и Бугарија воопшто не признаваат ниту еден Македонец на нивна територија, таму е дан’бетер !
Од тамошната гимназија велат дека пред 10 години имало многу повише матуранти.
Тоа пред 10 години е 2002/03.
Што значи дека таму македонците најмалку од 1999 имаат средно образование. (а сигурно имале отсекогаш)

За која Албанија во ЕУ и НАТО збориш во 1999та ?

Во 1997ма државата Македонија убиваше албанците кои според пописот организиран од самите македонците броеја 22% од вкупното население.

Те тоа е големата разлика.

Кажи ми ти средно училиште на влашки јазик ? (според пописот имаме 9.000 власи).
Кажи ми средно училиште на ромски јазик? (55.000 роми)
Турците на турски едвај во неколку општини можат да учат (75.000 турци).

Ама затоа 5000 македонци можат во Албанија гимназија да имаат.

Доста ми споредуваш 5000 македонци со 500.000 албанци.
Во Албанија со 2,8 милиони жители , и во Македонија со 2 милиони.

Кога ќе успеат македонците да се соберат повеќе од 1000 луѓе на едно место , тек тогаш ќе почнеме да мислиме дека можеби има повише од 5000 македонци во Албанија.

А кога ќе се соберат 30.000 ... е тогаш ќе мислиме можеби ги има 300.000.

Македонците се признати во Албанија но само тие 5-6 илјади(Пустец), а каде се другите
И јас прашувам , каде се ? Само во главата на Тодор Петров и Темелко ли ?
Еве Темелко имаше кандидат во Корча , ако ти и он велите дека во Корча врие од македонци (како врие кога никој не ги гледа?) , а сепак во Корча освоил 261 глас. Во Поградец вриело , но на избори само 193 гласа. Во Елбасан 347 гласа. Велеа дека и во Тирана ги имало многу , чудно но вистинито , македонците нити учествувале во изборите во Тирана. Барем во Тирана не ги боли таквиот дали некој се изјаснува македонец или марсовец , што не изглегуваат таму на избори.
Каде се македонците во Албанија ? Да почнеме да ги бараме како што го бараа Осама Бин Ладен.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Од тамошната гимназија велат дека пред 10 години имало многу повише матуранти.
Тоа пред 10 години е 2002/03.
Што значи дека таму македонците најмалку од 1999 имаат средно образование. (а сигурно имале отсекогаш)

За која Албанија во ЕУ и НАТО збориш во 1999та ?

Во 1997ма државата Македонија убиваше албанците кои според пописот организиран од самите македонците броеја 22% од вкупното население.

Те тоа е големата разлика.

Кажи ми ти средно училиште на влашки јазик ? (според пописот имаме 9.000 власи).
Кажи ми средно училиште на ромски јазик? (55.000 роми)
Турците на турски едвај во неколку општини можат да учат (75.000 турци).

Ама затоа 5000 македонци можат во Албанија гимназија да имаат.

Доста ми споредуваш 5000 македонци со 500.000 албанци.
Во Албанија со 2,8 милиони жители , и во Македонија со 2 милиони.

Кога ќе успеат македонците да се соберат повеќе од 1000 луѓе на едно место , тек тогаш ќе почнеме да мислиме дека можеби има повише од 5000 македонци во Албанија.

А кога ќе се соберат 30.000 ... е тогаш ќе мислиме можеби ги има 300.000.
Смешно е така да ги гледаш работите ...
Еве кога веќе збориш за другите помали малцинства во МКД еве на пр. Ромите во МКД имаат своја општина(Шуто Оризари-единствена Ромска општина на Европско тло) каде си имаат поставено свое знаме(покрај Македонското), си имаат свој градоначалник, имиња на улици(претпоставувам се Ромски), си имаат и училишта на кои си учат и на Македонски како и на Ромски јазик, имаат свои телевизии, партии, свои пратеници и.т.н.
Турците - општина Пласница, како и Центар Жупа ... свои партии, пратеници, па и училишта ... (Тефејуз на пр.) !
Србите на пр. нивниот јазик е еден од службените јазици на општина Куманово ... а мислам и дека се мнозинство(или пола-пола) во општините Чучер Сандево како и Старо Нагоричане, плус си имаат свои партии, пратеници и се останато ... истото важи и за другите малцинства !
Смешно е да се каже дека во МКД малцинствата немале никакви права ... е сега има малцинства кои се ептен мали ... на пр. Власите(не се ни цели 10 илјади), Бошњаците(не се ни цели 20 илјади) и затоа мораат да учат заедно со Македонците во исти класови на МК јазик ... исто така и доста Роми учат заедно со Македонци во Македонски класови на Македонски јазик но тоа е поради тоа што неможе за пет или десет Ромчиња да се отвораат посебни Ромски класови во училиште кое е доминантно Македонско ... пр. во Македонски клас од 30ина ученици имаш 5 Роми(да речеме во некое од средниве училишта во Скопје) епа неможе за толку мал број на ученици да се прават посебни паралелки, да речеме 3 или 4 класа(од таа година) по 5 ученици тоа се 15/20 ученици од таа националност што е премалку за да се создаде нова паралелка, Албанците пак си имаат уште од одамна(уште од пред 2001) посебни Албански паралелки, но тоа е бидејќи ја исполнуваат бројката !
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
PIRATIC Не е проблемот во власите што се малку.......9000 на 2 милиони се повеќе од 5000 македонци0од 2,8 милиони како во Албанија на пример.Нив им е проблемот што не се воопшто компктни и што немаат некој значаен удел,а и не ни бараат некои школи на свој јазик.Власите ќе траат уште генерација - две максимум.....они се вее 90% претопени во македонци.
Македонците во Албанија од друга страна ги има малку,ама 90% од нив се збиени во една општина.....
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
PIRATIC Не е проблемот во власите што се малку.......9000 на 2 милиони се повеќе од 5000 македонци0од 2,8 милиони како во Албанија на пример.Нив им е проблемот што не се воопшто компктни и што немаат некој значаен удел,а и не ни бараат некои школи на свој јазик.Власите ќе траат уште генерација - две максимум.....они се вее 90% претопени во македонци.
Македонците во Албанија од друга страна ги има малку,ама 90% од нив се збиени во една општина.....
Кои Власи бе друже ... па Власите се поголеми Македонци и од самите Македонци, тие се дел од Македонија како и дел од Македонскиот народ, потполно се етаблирани и интегрирани во целокупниот систем, тие се пример како треба секое едно малцинство да се однесува во една држава ... респект до Влашкиот народ како и до Македонците со некоја Влашка жичка/потекло но тие едноставно никогаш не барале ништо од државата ... ниту посебни права, ниту школи на свој јазик, ниту право на свое знаме да истакнуваат некаде, ниту телевизија своја на свој јазик имаат, ниту весник, ниту плачат за вработувања во администрација, ниту ништо... од друга страна Албанците бараат преку леб и погача, ОК немале права Албанците до 2001(делумно се согласувам со тоа) таква била политиката на Македонските партии/власти до 2001, но еве 12 год. веќе како ги уживаат потполно сите права ... и пак не се задоволни и ти бараат пола, море не пола туку цела држава ... бог да чува и да брани !
 
A

Avenger99

Гостин
Делумно се согласувам со постот на Дарданиа,еве им дадоа ново има(македонско) на општината,дозволено им е да истакнат знаме на државата од која потекнуваат,учат основно и средно на мајчин јазик,патоказите им се на македонски јазик..Е сега правиот број на Македонци во Албанија сигурно не е 5000..Ги има во околината на Корча,Поградец и Елбасан,посебно во селата,имам неколку пријатели од Корча(од селата),тие се попишуваат и гласаат за Албански партии поради тоа што владее голема сиромаштија во тој крај..Еве конкретно имав еден работник кај мене од околината на Корча(македонец),и синот му го вработиле во полиција,нормално дека тој ќе гласа за албанска партија..Друго,Корча претставува центар на православното христијанство во Албанија,муслиманите таму се многу малце и таму Македонците живеат доста добро со Албанците и има голем број кој што се претопени во православни Албанци..
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.600
Поени од реакции
5.217
од друга страна Албанците бараат преку леб и погача, ОК немале права Албанците до 2001(делумно се согласувам со тоа) таква била политиката на Македонските партии/власти до 2001, но еве 12 год. веќе како ги уживаат потполно сите права ... и пак не се задоволни и ти бараат пола, море не пола туку цела држава ... бог да чува и да брани !
никој не бара ни пола ни цела држава, туку бараме само еднаквост.... и денеска таа еднаквост има знаци да се случи одма вие скокате дека сме позитивно дискриминирани....
--- надополнето: 21 март 2013 во 12:20 ---
Делумно се согласувам со постот на Дарданиа,еве им дадоа ново има(македонско) на општината,дозволено им е да истакнат знаме на државата од која потекнуваат,учат основно и средно на мајчин јазик,патоказите им се на македонски јазик..Е сега правиот број на Македонци во Албанија сигурно не е 5000..Ги има во околината на Корча,Поградец и Елбасан,посебно во селата,имам неколку пријатели од Корча(од селата),тие се попишуваат и гласаат за Албански партии поради тоа што владее голема сиромаштија во тој крај..Еве конкретно имав еден работник кај мене од околината на Корча(македонец),и синот му го вработиле во полиција,нормално дека тој ќе гласа за албанска партија..Друго,Корча претставува центар на православното христијанство во Албанија,муслиманите таму се многу малце и таму Македонците живеат доста добро со Албанците и има голем број кој што се претопени во православни Албанци..
Се разбира дека има повеќе од 5000, но сигурно не се 100000 ....
Според мене нема повеќе од 15000 во цела Албанија....
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Алијанса на Црвено-црните: Без компромис ќе ги албанизираме имињата на нашите села во Мала Преспа
Крешник Спахиу, претседателот на националистичката партија даде ветување дека ваквото албанизирање на имињата ќе биде направена без компромис и политички пазар. Партијата на Едмонд Темелко строго ги осудува ваквите фашистички закани.
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=55061#.UXa4Rb3fLTo
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.832
Поени од реакции
1.102
ВЛАСТИТЕ ВО ТИРАНА ПОДГОТВУВААТ НОВ ЗАКОН ЗА ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА

Албанската Влада сака да ги укине македонските општини!

12 декември 2013

Намерата на Владата е најмалите општини да имаат не помалку од 20 илјади жители, со што двете општини во Гора, двете во Голо Брдо и општина Пустец, населени главно со Македонци ќе се припојат кон мнозински албански општини

Албанската Влада сака да ги укине општините каде што живеат малцинствата. За таа цел се подготвува нов Закон за територијална поделба што треба да биде на сила за локалните избори во 2015 година. Додека трендот во Македонија и во Европа е пренесување на се повеќе надлежности на локално ниво, со новиот план на албанските власти најмногу ќе бидат погодени малцинствата на Македонците и Грците во оваа земја.

- Ова за нас е еден последен чекор за асимилирање на малцинствата, конкретно на македонското и на грчкото. Тие се најмногу засегнати со овој закон. Ако се спроведе како што се најавува, бидејќи засега немаме конкретни информации од владата, и воопшто владата не се консултира со малцинствата за овој закон, вели Васил Стерјовски, генерален секретар на партијата на Македонците во Албанија.
Намерата на Владата е најмалите општини да имаат не помалку од 20 илјади жители, со што двете општини во Гора, двете во Голо Брдо и општина Пустец, населени главно со Македонци, ќе се припојат кон мнозински албански општини.
- И овие ако би се припоиле кон мнозински албански општини, сметаме дека за 20-ина години може Македонците тотално да се иселат од овие општини и така да се асимилираме, предупредува Стерјовски.
Македонците овие сериозни проблеми ги посочиле на средбата со народниот правобранител на Албанија, од кој побарале заштита на малцинските права, меѓу другото и со Закон за малцинства, со кој тие ќе бидат признати како малцинство не само во Мала Преспа, туку и во Гора и во Голо Брдо, како и во сите градови каде што живеат.

Албанскиот премиер Еди Рама, иако на почетокот на својот мандат вети подобрување на правата на малцинства, засега не презема никакви чекори, туку напротив, тој и неговите министри ги избегнуваат претставниците на малцинствата. Од Македонска алијанса потсетуваат дека иако три месеци чекаат на средба со министерката за образование за регулирање на правото на образование на мајчин јазик во македонските општини, таа ги игнорира нивните апели.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=8E6E2718AC0BE6478B1109DD38A9457C
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Така,така.А ние овдека на сред Собрание им дозволивме да зборуваат на албански,па ставаме слушалки за превод во сопствена држава. :facepalm:
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Ни во Македонија албанците немаат своја општина со 3.000-4.000 жители. Албанците во Велешко , Прилепско , Крушевско , Битолско , Ресенско ...

Албанија има четири видови на територијална организација:

Ќарку (12 ќарќе)
Рете (36)
Башки (65)
Комуна (308)

Пустец (Лиќенас) е КОМУНА , значи 1/308 од сите општини на Албанија.

Зарем мислите дека за една општина ќе ги променат сите 308 општини?

Има ли разум држава како Албанија со 2.8 милиони жители да има 308 општини ?

Нормално треба да ги намалат.

Ако постои вољја , можат да ги дозволат овие малцински општини.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.108
Поени од реакции
83.666
Тирана
Албанската влада ќе ја укине општина Пустец
Со новиот закон за територијална поделба што се подготвува и кој треба да стапи на сила за локалните избори во 2015 година, албанската Влада ќе ја укине општина Пустец. Ова е предвидено во нацрт-верзијата на новиот закон за територијална поделба до кој дојде весникот Македониум.

Според овој предлог на законот подготвен од работната група на албанската Влада предводена од Бленди Чучи, државен министер за локална самоуправа, се предвидува општина Пустец во областа на Мала Преспа, која е населена со чисто македонско население да се припои со неколку албански општини.
Новата општина ќе се вика Полени (Појан) и ќе ги опфаќа општините Пустец, Полени и Врештас, како и селата Шамол, Малавец, Белорта, Куч и Зи и Невечишт од општина Булгарец. Новата општина ќе има 41.396 жители.
Припојувањето на општина Пустец со албанските општини не е во интерес на Македонците во општина Пустец, бидејќи во новата оптштина Македонците би немале никакво влијание. Она од што најмногу стравуваат Македонците е дека новата општина, која ќе биде раководена од градоначалник Албанец и советот на општината составен од Албанци, ќе го раздадат општинското земјиште на брегот на Преспанското Езеро на Албанци. Со тоа, со текот на годините би се сменила и етничката структура на Мала Преспа, која сега е населена со чисто македонско население. Новата општина воопшто и не би била функционална за Македонците од општината Пустец, затоа што за секаква услуга треба да патуваат 40-на километри до седиштето на новата општина.

Во сите досегашни иницијативи за реформа на територијалната поделба, никогаш не беше предвидено укинување на општина Пустец. Таквиот потег би бил во спротивност со сите меѓународни конвенции за малцинствата, велат од општината Пустец.
Процесот на консултација за новиот нацрт-закон покренат од владата на Еди Рама, опозицијата и организациите на општините предводени од опозицијата го бојкотираа. Тие бараат друг пристап за ова реформа.
За изгласување на овој закон потребни се 84 пратеници, а партијата на на Еди Рама, заедно со коалицискиот партнер Илир Мета имаат 85 пратеници.
Општина Пустец се состои од селата Горна Горица, Туминец, Долна Горица, Глобочени, Пустец, Шулин, Леска, Зрноско и Церје и тука живеат 5.260 Македонци.
Во овој нацрт на законот се уште нема ништо за плановите на албанската Влада во однос на општините Острени, Требиште и Стеблево во областа Голо Брдо и општините Запод и Шиштавец во областа Гора, исто така населени со македонско население, пишува весникот Македониум.
 
A

Avenger99

Гостин
Е така,а ние им даваме општини,го споија Зајас и Осломеј со Кичево,Велешта и останати албански општини со Струга,а општина Вевчани со 2500 жители е посебна општина,епа ако..
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.832
Поени од реакции
1.102
Македонците во Aлбанија губат надеж Tирана им ги сече малцинските права
15 ОКТОМВРИ 2014

Се губи надежта кај Македонците во Албанија дека ќе ги задржат своите основни права. Полека но сигурно, властите во Тирана ја туркаат својата агенда и планот за нова територијална поделба со која освен Пустец, другите општини каде живеат македонци ќе бидат укинати. Ова за Сител го изјави градоначалникот на општина Пустец, кој вели дека албанските власти лажно покажуваат заложби за подобрување на правата на националните малцинства.

Маката со која се соочува македонското население во Албанија, на почетокот на оваа година допре и до Парламентарното Собрание при Советот на Европа, а Комитетот за мониторинг месецов ги детектираше бројните неправилности во однесувањето на државата кон малцинските заедници. Пратеникот Николовски кој жестоко застана во одбрана на малцинствата во Албанија, се надева дека државата ќе ги подобри нивните права.

Можност за образование на мајчин јазик во Албанија засега имаат само Македонците во Пустец како мнозинско население, а според повелбата за регионални малцински јазици исто право кое им е ускратено имаат и Македонците од останатите региони во државата.

http://www.sitel.com.mk/makedoncite-vo-albanija-gubat-nadezh-tirana-im-gi-seche-malcinskite-prava-0
 

Kajgana Shop

На врв Bottom