Изгледа треба да ви се црта, пред 2-3 месеци кога беше првата прес на СЈО имаше тука пример од еден член како известуваа сител/алфа/канал5 а како 24 вести, телма и уште некој.
Значи си пушта дел од пресот, си дополнува со зборови кои лично ги кажале од СЈО од она што не е пуштено и НИШТО не коментира во врска со тоа и не завзема страна во врска со таа прес конференција.
Додека на провладиниве имаше по пола саат објаснување и правење приказни за тоа што правела Катица, како била повикана вечерта кај Заев после интервјуто со Латас, па одма утредента го послушала па правела прес, тоа што го зборела е без докази, работи за Заев и Верушевски, САД, чадорот, Сорос, итн. Ништо прикажано од прес, а цело време пласираат свое мислење за она што кажала, а пак не го прикажуваат тоа што изјавила. Е ТОА треба да се искорени.
Ќе пренесеш дел од некоја изјава и ќе оставиш граѓаните сами да си створат мислење за тој што изјавил, сами да го протолкуваат тоа.
Пример ќе ти дадам и кај бомбите, колку бомби слушнавме на провладините, 0.
Само ќе ја прикажеа сликата од пресот и слушавме пропаганда исто како за пресовите на Катица, ќе пробам да ги цитирам: Заев објави нови нелегални аудио материјали, се докажа дека соработувал со Верушевски, дека ги добил од странски служби, и денеска докажа дека нема програма, сака со нелегални материјали да дојде на власт, и така 2-3 месеци си го манипулираа народот.
Вести треба да бидат информативни, да те известат за разни случувања од домашен терен и од светот, а не да ти ствараат мислење со кое утре ќе се тепаш со роднина и пријател ако ти каже поразлично. Сфаќаат, не дека не сфаќаат дека со тоа труење го замразија народот, но така им е наредено.