Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.337
Поени од реакции
5.475
Јасно ли ви е зошто летаа кривични во последно време, за да се наполни групата на опозиционери кои наводно ќе бидат помилувани, да се направи некој баланс со тие 50-тина од власта, арно ама пак слабо.

Што известуваат сега во Курир медиумите? Наводно се чудат како можело да се помилува Заев и Верушевски.
Ало лудаци, имате 50 души од другиот табор, камо збор два и за нив?

Еее играа мајтап со Заев што бил аболициран (арно ама тој беше аболициран во една власт полна со тефтер судии, каде се местеа политички противници) ... а сега овие се усраа, ем имаат полно свои судии, ем мораа да се осигурат преку Иванов, па и тоа не им е доволно, преку Уставен сакаат да го укинат СЈО, страв голем од лежење затвор ... што ви укажува целиот овој страв? Зошто им треба обезбедување на слобода преку 3 нивоа:
-Тефтер судии
-Иванов
-Уставен

Сдсм има еден аболициран Заев, а тие сега имаат цело раководство аболицирано, и тоа не само по еден предмет како Заев, туку по 11, 16 комада.

Јасно ли ви е низ што сме поминале овие 10 години, еден човек со 16 предмети ... а мислите немаат и други дела направено, за кои можеби СЈО не неоѓа сеуште доволно материјал?

И сега ќе сакаат да се убијат меѓу себе, заради кого? Заради тие 50 луѓе ... тие направиле пари за следните 100 години, а ти не можеш да покриеш ни еден месец... вие покажувате дека ваква власт не е случајна, туку по заслуга.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Епа го правеа Али неписмен,а тој испадна доктор на науки.Ем лапа од Швајцарија,ем чист во Македонија.За тоа треба да имаш мозок.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Повеќе од 15 000 имало на контрапротестот организиран од Гдом, со вакви информации излезе КУРир. Го изгубија и осетот за лажење овие :D Крај началниче ништо не помага повеќе.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.360
Поени од реакции
21.883
Епа го правеа Али неписмен,а тој испадна доктор на науки.Ем лапа од Швајцарија,ем чист во Македонија.За тоа треба да имаш мозок.
Ами паметен, фуфки им одат. Ни има некој јајца да го гони ни пак да го помилува, нешто како Чак Норис на политичката сцена во Македонија.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.288
Поени од реакции
81.474
Повеќе од 15 000 имало на контрапротестот организиран од Гдом, со вакви информации излезе КУРир. Го изгубија и осетот за лажење овие :D Крај началниче ништо не помага повеќе.
Вчера имаше 100 луѓе и тоа преку сила. Не е можно некој да напишал 15000, па чак ни куртон медиум.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.411
Поени од реакции
36.343
Пред парламент цел булевар и пешачки патеки се полни од раскрсницата до еликсир. Комуњариве дали три автобуси од Куманово имаат донесено.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.106
Поени од реакции
37.058
Од Струмица 4-5 автобуси тргнаа , и тоа се во режија на младинците на СДС. Со списоци стоеја пред вратите на автобусите и штиклираа. :pos:

Џабе е сево ова , само да не дојде до судир меѓу народот оти слушнав некаде во близина биле двата протести.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Навивачки групи забележани кај контра протестантите. Да му се одмили на човек ракометот и фудбалот.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.552
Поени од реакции
7.656
ГНОЈ си замина од пред Собрание , се проби кордонот полиција и сега кај Собрание се протестира !

 
S

silmarillion

Гостин
За да имаш судир треба да имаш најмалце две страни. По ова што гледам, онаа втората контра страната фатила џаде веќе : ))) Можда тргнале према Бутел, кој ти знае : )))
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.661
Поени од реакции
70.756
Вчера имаше 100 луѓе и тоа преку сила. Не е можно некој да напишал 15000, па чак ни куртон медиум.
Немаше ни 100 души вчера, поминав да видам, ги гледам ги собрале дечурланава од Црниче, Пржино и Кисела Вода. Се палат децата, ќе пораснат ќе сфатат во каква заблуда се, јебига.
Нормално имаше и родители на кои им зависи работата од општината.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Протести колку ти душа сакат.

Исто ко на слава, кај едните сендвич ќе ти дает, другите сладолед и сокче, уште ова комуњаривe да почнат благо да делат и пикник секој ден, најаден дома ќе си идаш.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.337
Поени од реакции
5.475
Вчера имаше 100 луѓе и тоа преку сила. Не е можно некој да напишал 15000, па чак ни куртон медиум.
Ги има вечерва повеќе донеле со автобуси, ама пази Курир наслов: 10 пати повеќе него опозициските.

Само преку следење на медиумите можеш да разбереш кој е кој во државата и кој како дејствува.

Си читам на Плусинфо (и А1он), и таму се вели дека Илјадници контрапротестанти тргнаа кон Бихачка и веста е покриена со неколку слики од горе.
Кај можеш да најдеш вест во Курир дека илјадници протестанти се собрале кај Рекорд? тие секогаш велат 50-тина или 100тина, и нормално слики од некој ќош или пред да започне протестот или откако ќе заврши.

Курир е огледало на целата власт, тие го покажуваат начинот на дејствување на самата Власт, тоа што го прави Курир го прави и власта.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom