И демек тоа е доволна причина за ваков преседан.
Само да ти објаснам, не се работи за политичари кои се степале во собрание и сега ај ќе ги поминеме без казна, тука се работи за многу сериозни обвиненија, од една страна имаш политичари кои се обвинети (или ќе бидат обвинети) за изборни злоупотреби, корупција, економски криминал, од друга страна имаш обвинети за насилство врз државни органи, уцена, рушење на уставен поредок, така ли се треба премолчено да помине, за што, во име на некој привиден мир, така и Југославија купуваше привиден мир 50 години и знаеме каде е сега таа држава.
Да те посетам, ова не е прв таков преседан, пак во име на некакво помирување и мир капитулиравме со охридскиот договор, во име на помирување примивме терористи во влада, во име на мир не ги процесиравме хашките случаи, во име на мир изгласавме закон за амнестија на терористи, и сега во име на мир треба колективно како народ и држава да заборавиме дека постоеле индиции и обвиненија за најтешките кривични дела последните 25 години сторени од политичари, кои се на власти и политичари кои се стремат да бидат власт.
И ти уште тврдиш дека ова е добра одлука, само заради наводниот мир и помирување.