Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.299
Поени од реакции
81.490
Пред едно 3 дена реков дека ќе се воздржам од коментирање во темава, ќе продолжам да се воздржам колку што можам, само сакав да кажам дека овие се лудаци, Господ нека ни е на помош.
Па и самите си рекоа дека се лудаци.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Ете за пола саат пред СЈО ќе има протест. Тие што мислат дека треба лопати копачи и мотики за да се репи ситуацијава ќе имаат шанса да се покажат.
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Со ова ние обичниот народ добивме еден црнечки од позади.

Испаднавме дека во државава сме делени на политичари и смртници.

И според нашиот неписмен претседател овие криминалци кои денеска ги oслободи од одговорност се најспособните политичари во државава.

Господ нека ни е напомош.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Не се флоскули. Еве погледни го форумов. Сега за волја на вистината активни членови на оваа тема има 15-20 што е многу мал процент од сите активни членови ама многу тешки зборови паднаа овие месеци иако верувам дека 95% од тие што учествуваат не се партиски активисти. Исто се случува и по кафани, домови меѓу пријатели. Ако се останеше исто ќе имаше еден победник а тоа не е добро. од друга страна тоа што некои идеалисти го бараа ќе траеше со години (истерување некаква правда) а за такво нешто ни една држава нема капацитет.
И демек тоа е доволна причина за ваков преседан.

Само да ти објаснам, не се работи за политичари кои се степале во собрание и сега ај ќе ги поминеме без казна, тука се работи за многу сериозни обвиненија, од една страна имаш политичари кои се обвинети (или ќе бидат обвинети) за изборни злоупотреби, корупција, економски криминал, од друга страна имаш обвинети за насилство врз државни органи, уцена, рушење на уставен поредок, така ли се треба премолчено да помине, за што, во име на некој привиден мир, така и Југославија купуваше привиден мир 50 години и знаеме каде е сега таа држава.

Да те посетам, ова не е прв таков преседан, пак во име на некакво помирување и мир капитулиравме со охридскиот договор, во име на помирување примивме терористи во влада, во име на мир не ги процесиравме хашките случаи, во име на мир изгласавме закон за амнестија на терористи, и сега во име на мир треба колективно како народ и држава да заборавиме дека постоеле индиции и обвиненија за најтешките кривични дела последните 25 години сторени од политичари, кои се на власти и политичари кои се стремат да бидат власт.

И ти уште тврдиш дека ова е добра одлука, само заради наводниот мир и помирување.
 
Да. Со тоа што не се согласувам дека оваа ситуација е било како слична со 2001.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
„Изјавата на македонскиот претседател покренува сериозна загриженост околу заложбата на Македонија за владеење на правото“, соопшти американската амбасада во Скопје по најавата на Ѓорге Иванов дека донел одлука за прекин на сите кривични постапки што се водат против политичари во земјата.

Ова ми се допаѓа од Бејли - ИЗЈАВАТА вика. Му остава простор да ја повлече одлуката?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.299
Поени од реакции
81.490
Додека каракамишева на предавање ми збори како е нормално законодавното тело да биде само гласчка машина на владеачката партија, хорхе ги воздигна политичарите над правото... :facepalm:

Поделба на власта, владеење на правото? Меех не се замарам со политика брад :cool::coffee:
Абе таа Каракамишева ја стаиле на некој билбоард, глеам пред некој ден. Не се нормални. Нејзе после оноа лупањето зелени треба у тегла и со туршија у подрум да ја сместат, не да ја истопорат на чело. Имаат тотално изгубено допир со реалност.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Да. Со тоа што не се согласувам дека оваа ситуација е било како слична со 2001.
Не знам што повеќе да ти одговорам, ај за две, пет, десет години пак ќе се најдеме во иста ситуација и пак ќе го направиме истото. Веќе сме искусни во капитуалции и порази.

И уште нешто, многу детали не се познати во одлукава, зошто е Љубе аболиран, за кој случај е аболиран, ако е за Ровер, што има тој случај стар 15 години врска со прислушувањето.

Аболицијата важи само за политичари, како ќе се дефинира политичар, до кој ешалон, дали Чаушот, Веруш и тој вмровскиот полицаец (го заборавив името) исто се аболирани.

Одлукава не затвора, туку само отвара уште еден куп проблеми, а Хорхе зи запиша место во историјата, ако досега го доживуваа како прост кловн, сега е веќе соучесник во уништувањето на Македонија како држава.
 
Mercury

ФК Победа
Член од
23 септември 2013
Мислења
1.042
Поени од реакции
485
Калигула на времето го ставил својот коњ генерал на војската и човештвото се срамело од тоа.Ова денес што се направи е поголема глупост и од назначувањето на коњот
Господ на ни е на помош...
ГРАЃАНСКА НЕПОСЛУШНОСТ
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom