He слушнав ни еден збор за аферите и скандалите со прислушкувања со пари со местења.... кои ја тресат Македонија и судирот на власта со опозицијата, се сведува муабетот дека Америка, Швајцарија и Сорос сакаат да сурнат легитимна власт... хмм ОК али кој е мотивот, еее некој гасовод пошто сме ептен стратешки... кој гасовод? ние не сме ни на граница со некоја земја извозник на гас, за да стигне било каква цевка овде треба да помини барем низ 3 држави, и башка, од овде никогаш никаде никој не рекол “нема да дозволиме некаков гасовод да врви од тука“ ние бе се прифаќаме и гасовод и водовод и канализации и нафтовод, се шо сакате ќе напраиме то се инвестиции бе то се сликања со лентии камен темелници то се вработувања... , и уше нешто, и да не сакаме гасовод, лесбо ќе не заобиколат, Турција, Бугарија, Србија или Турција Грција Албанија.. и пријатно догледање - ко шо не заобиколија веќе со патишта и транспортни рути.
Видеото е од лани Јуни, можи и нив не му беше најјасна ситуацијата али им фали главнио момент на кризата во Македонија, тогаш Заев ги објавуваше снимките, а овие кажуваат за ситуација во земјата а еден збор не кажаа за најважните вести тогаш во Македонија, ни за митинзи - контрамитинзи ни за протести ни збор за тој проблем.
Ако е гасот главна мета ко шо велат на клипот, Македонија е само една од низата на земји низ која би поминал гасоводот, ни од главната земја извозничка би тргнал преку нас ни во ЕУ би стигнал одма после нас, ем сме мали и лесно заобиколи ем немаме ништо против гасоводи тука се земји од калиброт на Турција, Грција, Романија, Србија, Бугарија, Албанија...
Од една страна ја имаме ова теорија зошто меѓународна заедница сака да ја турне власта (не знам шо се очекува од ова новата кога и сега таа шо ја имаме беше ептен и проеврропска и пронатовска и ги отвори вратите за странци и компани и инвестиции
Од друга страна се изнаслушавме од снимени разговори кои од врв на власт па до надолу укажуваат на сериозни сомнежи за многу незаконски работи и во финансии и во судство и полиција и градежништво... и кои повлекуваат салам одговорности и сериозни казни па сега шо е борбата за некој нејасен статус на непостоечки гасовод кој можеби и нема никогаш да врви од тука и чие ввење не зависи ич од нас или борба да се остане на власт под обвиненија за корупции проневери и криминали?