Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.708
Поени од реакции
25.120
И како заврши приказната на Филипините? Имаат сега нормална држава, или сеуште трае експериментот?
Нормална држава е процес. Тоа може да го имаат само оние кој се избориле за нешто такво. Ние и филипините имаме поклонети држави па затоа и си експириментираат на нас.

Ескпериментот уште трае. Од една од најбогатите азиски држави (со јапонија во 60тите били азиски тигар) дојдени се до питачки стап. Ко кај нас и таму експериментираат издржливост на населението. Моментално таму интересен феномен се фамилии политичари. Онака наследно се предава власта... Кај нас тоа сега за сега го има само у шутка (Амди и син му) ама на добар пат сме, ти реков 30 год позади нив сме.

Иначе никој не знае како нивната бивша прва дама (оваа комотно смени ја со Снежана Георгиевска) има стекнато накит вреден 21м долари.

http://edition.cnn.com/2016/02/16/luxury/imelda-marcos-jewelery-auction/

Го запленија и сега брзаат да го продадат зашто син и (сенатор нормално) пробува да ја блокира продажбата. Низ годиниве се претпоставува дека политичарите имаат изнесено некој си 80-90 милјарди долари а официјална тајна е дека 14 фамилии поседуваат 85% од економијата... Кај нас е поситно, неколку фамилии, неколку милјарди, неколку милјони во накит... Приказната е иста горе доле, а и народот
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.354
Поени од реакции
84.577

Иначе никој не знае како нивната бивша прва дама (оваа комотно смени ја со Снезана Георгиевска) има стекнато накит вреден 21м долари. Го запленија и сега брзаат да го продадат зашто син и (сенатор нормално) пробува да ја блокира продажбата. Низ годиниве се претпоставува дека политичарите имаат изнесено некој си 80-90 милјарди долари а официјална тајна е дека 14 фамилии поседуваат 85% од економијата... Кај нас е поситно, неколку фамилии, неколку милјарди, неколку милјони во накит... Приказната е иста горе доле, а и народот
Значи да не ги обвинуваме Грујо и Бранко и останати гомна за сиве овие години, пошто ние сме експеримент. Затоа е срање, а не затоа што нашите политичари се гомна.
Така?
Значи, на пример, сите овие измислени давачки, даноци, задолжителни плаќања, драконски казни, што Груевски ги измисли за да ја рани гласачката администрација и да има за перење државни пари за сметките у Белизе, не се негова кривица, него тоа е така бидејќи сме експеримент и нема тука што да се додаде.?

Префрлање на вината на некоја имагинарна трета страна не пали. Пали исто колку обвиненијата за местење на избори од страна на СДСМ у изминатава деценија.
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.708
Поени од реакции
25.120
Значи да не ги обвинуваме Грујо и Бранко и останати гомна за сиве овие години, пошто ние сме експеримент. Затоа е срање, а не затоа што нашите политичари се гомна.
Така?
Мене ми е гледан овој филм и знам како ќе заврши. Ти комотно колку сакаш обвинувај ги џабе е се додека народот не реши дека е доволно и не побара одговорност од СИТЕ ко што се случи таму. До тогаш ќе си играат пинг понг. Ти мислиш дека они се мразат они уствари кафе заедно си пијат и се бранат тоест си ги бранат истите (не заеднички, него исти) интереси. Малку едниве, малку другиве. Затоа ни СЈО ни ништо нема да помогне овде, треба луд да си да веруваш дека опозицијата неможеше да се исценка за подобри услови ама не се исценка. Не дека се глупи него тоа се е намерно. Играта ја играат сосема други играчи и они сеуште си цедат ама ајде, the show must go on
 
B

Bonux

Гостин
Да, да, ја спијам на таван и имам вошки, но не е ова тема за мене.
Сепак, и покрај тоа, ти верувам, те подржувам во ова. И Brutus го подржувам.
Премногу е очигледно дека СДСМ ги местеше избориве прошлава деценија.
До кога вака?
Брате Берик од тоа што имам неколку пати забележано си бил близок до таа партија и имаш идено по нивни штабови па те прашувам од прва рака онака да ми доловиш ситуација: Какви се тие суштества ботови и партиски тролови што ги викаат?На нас ли личат,што јадат,што размислуваат преку ден,дали спијат,што сонуваат,како функционираат,вршат ли физиолошки потреби,на крај краева дишат ли,зимаат ли кислород а испуштаат јаглерод диоксид или обратно?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.354
Поени од реакции
84.577
Мене ми е гледан овој филм и знам како ќе заврши. Ти комотно колку сакаш обвинувај ги џабе е се додека народот не реши дека е доволно и не побара одговорност од СИТЕ ко што се случи таму. До тогаш ќе си играат пинг понг. Ти мислиш дека они се мразат они уствари кафе заедно си пијат и се бранат тоест си ги бранат истите (не заеднички, него исти) интереси. Малку едниве, малку другиве. Затоа ни СЈО ни ништо нема да помогне овде, треба луд да си да веруваш дека опозицијата неможеше да се исценка за подобри услови ама не се исценка. Не дека се глупи него тоа се е намерно. Играта ја играат сосема други играчи и они сеуште си цедат ама ајде, the show must go on
Кој бе се бранат?
Па ако се бранат, тогаш како Груевски коа дое на власт одма ги уапси сите одговорни за разбојничката приватизација, Бранко и другарите од СДСМ, како и тајкуните кои профитираа?[DOUBLEPOST=1459252659][/DOUBLEPOST]
Брате Берик од тоа што имам неколку пати забележано си бил близок до таа партија и имаш идено по нивни штабови па те прашувам од прва рака онака да ми доловиш ситуација: Какви се тие суштества ботови и партиски тролови што ги викаат?На нас ли личат,што јадат,што размислуваат преку ден,дали спијат,што сонуваат,како функционираат,вршат ли физиолошки потреби,на крај краева дишат ли,зимаат ли кислород а испуштаат јаглерод диоксид или обратно?
Ќе те зачуди, али внатрепартиски, у прв план им е меѓусебно лактање и местење едни на други. Така е, како што слушам и у сите партии.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Нормална држава е процес. Тоа може да го имаат само оние кој се избориле за нешто такво. Ние и филипините имаме поклонети држави па затоа и си експириментираат на нас.

Ескпериментот уште трае. Од една од најбогатите азиски држави (со јапонија во 60тите били азиски тигар) дојдени се до питачки стап. Ко кај нас и таму експериментираат издржливост на населението. Моментално таму интересен феномен се фамилии политичари. Онака наследно се предава власта... Кај нас тоа сега за сега го има само у шутка (Амди и син му) ама на добар пат сме, ти реков 30 год позади нив сме.

Иначе никој не знае како нивната бивша прва дама (оваа комотно смени ја со Снежана Георгиевска) има стекнато накит вреден 21м долари.

http://edition.cnn.com/2016/02/16/luxury/imelda-marcos-jewelery-auction/

Го запленија и сега брзаат да го продадат зашто син и (сенатор нормално) пробува да ја блокира продажбата. Низ годиниве се претпоставува дека политичарите имаат изнесено некој си 80-90 милјарди долари а официјална тајна е дека 14 фамилии поседуваат 85% од економијата... Кај нас е поситно, неколку фамилии, неколку милјарди, неколку милјони во накит... Приказната е иста горе доле, а и народот
ОК, можат да се повлечат многу паралели, ама има и многу разлики. Македонија е во Европа, се обидува да ги усвои европските политички вредности. Кандидат е за членство во Унијата. Она што се сега и се случува е воведување на политички систем кој е само номинална демократија, и кој многу повеќе сличности има со еднопартиските системи отколку со демократијата.

И луѓето тоа го гледаат со одобрување. Јас тоа не можам да го сфатам. Веројатно се работи за немање на никаква демократска традиција, за султански менталитет, кои инклинира кон такви уредувања.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.708
Поени од реакции
25.120
Кој бе се бранат?
Па ако се бранат, тогаш како Груевски коа дое на власт одма ги уапси сите одговорни за разбојничката приватизација, Бранко и другарите од СДСМ, како и тајкуните кои профитираа?
Токму така опозиција/позиција исти курац... Малку едните, малку другите... The show must go on. Исто ко на филипините. Таму независност добија 46та, сега 2016, значи 70 години подоцна се води претседателска дебата каде главна тема е стоп на административната корупција. Може конечно експириментот да заврши, мада не не верувам. Мислам дека ќе победи најкорумпираниот кандидат.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Е ова ми се допаѓа. Лајк за Заев.
Јавно упатувам порака, СДСМ е подготвен за избори на 5 јуни, на коишто сме убедени дека промените ќе се случат, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев, синоќа од трибина во Куманово,
Jas ti kazav uste strani nanazad deka ovie izbori opozicijata ke gi odi na NAJsigurno. Ako e se spremno za da odi na izbori na 5juni pisi propalo za rezimot od sea ti kazvam.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.603
Поени од реакции
16.812
Ал Капоне умре во затвор поради неплатен данок
Ал Капон всушност сам отиде во затвор, формално исценира ,на улица носеше пиштол во рака и го уапси пратен полицаец, а за да се скрие од конкурентската мафија која сакаше да го ликвидира... но мислам и во затвор му пратија човек, не е ни во затвор сигурно... но мислам умре од последици од нелечен сифилис... а по приведувањето се најдоа сведоци за низа даночни малверзации, иако првпиот пат кога го уапсија, многу пред тоа, веднаш беше пуштен, бидејќи за сите пари што му ги открија тогаш имаше покритије за платен данок..
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.312
Поени од реакции
15.474
Јани Макрадули, Гордан Георгиев, Мирјана Најчевска, Благој Ханџиски, сестрата на Радмила Шекеринска, Лилјана, Фиат и Сефер Цановски, Дарко Давитковски од СДММ, новинарите Ерол Ризаов и Ида Протугер….сите овие личности им се многу добро познати на челниците од СДСМ и ДИК. Тие сега ќе мора да ја поминат теренската проверка за да се знае дали се фантомски гласачи.:vozbud:
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.354
Поени од реакции
84.577
Токму така опозиција/позиција исти курац... Малку едните, малку другите... The show must go on. Исто ко на филипините. Таму независност добија 46та, сега 2016, значи 70 години подоцна се води претседателска дебата каде главна тема е стоп на административната корупција. Може конечно експириментот да заврши, мада не не верувам. Мислам дека ќе победи најкорумпираниот кандидат.
ок
и што е заклучокот?
Пошто е така, да го остајме Грујо да не исцеди како лимуни уште малку?
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Jas ti kazav uste strani nanazad deka ovie izbori opozicijata ke gi odi na NAJsigurno. Ako e se spremno za da odi na izbori na 5juni pisi propalo za rezimot od sea ti kazvam.
Едвај чекам. Само нека биде 5 јуни пошто досадни сте веќе.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.354
Поени од реакции
84.577
Не е битно кога ќе бидат. Само нека бидат избори, а не циркус.
Ја мислам дека ако би биле избориве без местенки енд стаф, пак Груевски би победил.
Исто мислам дека нема да има избори на 5-ти јуни.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.708
Поени од реакции
25.120
ОК, можат да се повлечат многу паралели, ама има и многу разлики. Македонија е во Европа, се обидува да ги усвои европските политички вредности. Кандидат е за членство во Унијата. Она што се сега и се случува е воведување на политички систем кој е само номинална демократија, и кој многу повеќе сличности има со еднопартиските системи отколку со демократијата.

И луѓето тоа го гледаат со одобрување. Јас тоа не можам да го сфатам. Веројатно се работи за немање на никаква демократска традиција, за султански менталитет, кои инклинира кон такви уредувања.

Значи ние сме послични во секоја смисла со нив ако се они на другата страна на светот него со германците или австријците кој се на 1000км од нас. Имаме исти вредности, и буквално исто сме кодирани. Сум живеел и таму и на запад верувај многу послични сме со нив и ако си спремен да живееш со нив лесно се воочува тоа. Европски политички вредности ние може да имаме само на хартија, што и ги имаме, во форма на закони со европско знаменце. Тоа дека е еднопартиски систем, да апсолутно е тоа, финтава е што не гледаш дека таа една партија е поделена на 2 дела ВМРО и СДСМ. Поголедни малку од повисоко и ќе видиш дека тука е само борба за замена на власт а не за унапредување на било кое поле.

Луѓето се купени. На филипините кандидатот што ќе победи (корумпираниот) е градоначлник на Макати (замисли општина центар - Скопје). Тој последниве избори ги доби со тоа што на секое домаќинство им прати ваучер од 500 пезо (500 денари) за главниот шопинг центар во општината и вети дека ако победи ќе ги валидира и секој ќе може да си купи работи. Нормално, победи. Беа богати во 60тите (ко ние после ју) ама тоа богатство ако така можеш да го кажиш со времето се потроши. Денес во МКД повеќето се лесно купливи, а толку ти треба. Некој за ориз, некој за работно место, некој за 500 пезос... Исти курац. Нема да има демократија се дур партиите не се потиснат надвор од сите сфери. Тогаш ќе ги видите вистинските играчи, они ќе купуваат...[DOUBLEPOST=1459254479][/DOUBLEPOST]
ок
и што е заклучокот?
Пошто е така, да го остајме Грујо да не исцеди како лимуни уште малку?
На улица... Крај и на 2те партии и 3та оција. Пошто сеуште тоа нема да се случи заклучокот е дека експерименот ќе продолжи, сеедно кој ќе биде на чело. Јас мислам дека како народ имаме уште за едно 10 години резерви пред да дојдеме до она критичното ниво кога веќе стварно ќе се нема и ќе се мора на улица. Конкретно за сегашната ситуација јас сакам само побрзо да се заврши цела работа зашто се прават реални штети на повеќе полиња а за жал ништо нема да се реши.
 
Последно уредено:
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Не е битно кога ќе бидат. Само нека бидат избори, а не циркус.
Ја мислам дека ако би биле избориве без местенки енд стаф, пак Груевски би победил.
Исто мислам дека нема да има избори на 5-ти јуни.
I jas delam isto mislejne deka nema da bidat na 5ti. Mislam deka ke gi odlozat uste ednas samo da mu dokazat na narodot deka nisto poveke ne zavisi od Gruevski, i da gi oslobodat gragjanite od pritisokot na rabotnite pozici da ne se plashat. Uste edno odlozuvajne e finalen udar za pad na Dpmne. A mozebi i ke bidat na 5juni kako sho nasocija vcera. Neznam ke vidime
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom