Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.443
Поени од реакции
6.116
Ke ja menuvale krivichnata postapka sea hahahaha. Daj protektorat da stanime, sramota e da se igrame drzhava.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Не знам зошто Фатиме мораше да презентира постапка во која како оштетен се појавува Љубе Бошковски, не знам дали човекот се извинил за времето кога тој беше главен и најупорен во 2001-ва, знаеме што правеше МВР во тоа време.
Ако ништо друго, после ослободување, Љубе треба да им се извини на албанците.
Кога го приведоа во тоа време, знаев дека е наместен, но си велев дека од казна не се бега, се спаси во Хаг, ама не се спаси од своите.

Што ве гледам чудни, зарем мислите дека мнозинството од нашите политичари имаат срам, морал, чест ?
Нема скандал на овој свет што може нив да ги тргне од функција, даваат оставка само под екстремен притисок. (странски).

Министерот за здравство на Црна Гора даде оставка откако починало бебе во болница од инфекција.
Министер во Јапонија даде оставка откако на граѓаните не им се допаднал проектот за олимпискиот стадион.
Министерот за правда на Јапонија поднел оставка откако неговата шега била лошо прифатена помеѓу народот. (рекол дека ја има најлесната работа на светот)
Министер во Израел поднел оставка заради тоа што вработена жена сведочила дека тој сакал да ја бакне. (сакал)
И да не редам случаи кои ги има полно, а кај нас ги нема.

Нема секс скандал, корупција, изборен криминал, тортура, злоупотреба на положба .. што ќе ги натера да се повлечат.
Има две можности за да ги тргниме од политика
1.Граѓаните - доколку има останато уште малку храброст, морал, срам кај нив.
2.Судството- тоа што го реков и за граѓаните.

Моментално ни едното ни другото не функсионира, политичарите се олицетворение на граѓаните, тие не се од Марс дојдени, од народот се излезени и народот ги држи, сето ова што го прават Аминувано е од народот.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Не знам ти мене кажи ми, зошто ипак на крајот ја сум неук, а ти си експерт по право иако немаш ни ден правничко образование :)
Нема таков случај. А тебе те прашав затоа што се повика на судска пракса. Башка со кое право протежираш овде прецедентно право? До кога твоите теории за правна држава ќе ги ставаш над владеењето на правото? Се шалам продолжи вака, се гледа дека си идеален кандидат за судија/обвинител кога ќе дојдат плавите на власт, кога ќе го реформираат судството со вакви млади паметни кадри како тебе кои не потпаѓаат под влијание.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Не знам зошто Фатиме мораше да презентира постапка во која како оштетен се појавува Љубе Бошковски, не знам дали човекот се извинил за времето кога тој беше главен и најупорен во 2001-ва, знаеме што правеше МВР во тоа време.
Ако ништо друго, после ослободување, Љубе треба да им се извини на албанците.
Кога го приведоа во тоа време, знаев дека е наместен, но си велев дека од казна не се бега, се спаси во Хаг, ама не се спаси од своите.
Извини рибо, шо напраил Љубе у 2001 па шо треба да се извинува ?
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Не знам ти мене кажи ми, зошто ипак на крајот ја сум неук, а ти си експерт по право иако немаш ни ден правничко образование :)
И ја мислам дека најмногу што може да извади Љубе од овој случај е компензација и дисциплинска постапка. Ја немам читано повелбата одамна, ама мислам дека во првите 5 беше тој член за кој ти зборуваш. Таму се наведени ствари дека мора да биде информирано лицето за неговите права(за што неговиот адвокат не спорел дека бил), да не се употреби прекумерна физичка сила(за што неговиот адвокат не побарал дисциплинска постапка). Тоа во делот права. Во делот "нарушување на достоинство" секогаш можат да се бранат цајканиве со факторот ризик. Да трубат дека апсењето на Љубе било од висок ризик, имале дојава дека носел огнено оружје....Глупости се тоа, ама не е првпат на полиција да и се гледа низ прсти за вакви работи. Тие и докторите се во слична позиција, малку привилегирана пред судовите.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Нема таков случај. А тебе те прашав затоа што се повика на судска пракса. Башка со кое право протежираш овде прецедентно право? До кога твоите теории за правна држава ќе ги ставаш над владеењето на правото? Се шалам продолжи вака, се гледа дека си идеален кандидат за судија/обвинител кога ќе дојдат плавите на власт, кога ќе го реформираат судството со вакви млади паметни кадри како тебе кои не потпаѓаат под влијание.
Другарче, сум читал пресуди на ЕСЧП и знам горе-доле шо зборам. Не навлагам у детали зошто уште не сум до толку стручен, ама разликата меѓу мене и тебе е како небо и земја.
А за праксата, пресудите на ЕСЧП се задолжителни за државава, а самиот суд користи case law, што само кажува дека се плеткаш у работи шо не ги знаеш.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Другарче, сум читал пресуди на ЕСЧП и знам горе-доле шо зборам. Не навлагам у детали зошто уште не сум до толку стручен, ама разликата меѓу мене и тебе е како небо и земја.
А за праксата, пресудите на ЕСЧП се задолжителни за државава, а самиот суд користи case law, што само кажува дека се плеткаш у работи шо не ги знаеш.
Во секој случај си бољи од Катица Јанева, не биди скромен.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
И ја мислам дека најмногу што може да извади Љубе од овој случај е компензација и дисциплинска постапка. Ја немам читано повелбата одамна, ама мислам дека во првите 5 беше тој член за кој ти зборуваш. Таму се наведени ствари дека мора да биде информирано лицето за неговите права(за што неговиот адвокат не спорел дека бил), да не се употреби прекумерна физичка сила(за што неговиот адвокат не побарал дисциплинска постапка). Тоа во делот права. Во делот "нарушување на достоинство" секогаш можат да се бранат цајканиве со факторот ризик. Да трубат дека апсењето на Љубе било од висок ризик, имале дојава дека носел огнено оружје....Глупости се тоа, ама не е првпат на полиција да и се гледа низ прсти за вакви работи. Тие и докторите се во слична позиција, малку привилегирана пред судовите.
Конвенцијата вели дека никој не смее да биде подложен на мачење, нечовечко или понижувачко постапување.
Океј, нека се вади полицијата на фактор ризик, ама како ќе го поврзе тој „ризик“ со (ако е стварно вистина) тоа 30 минутно држење до врата на јавен тоалет, за да дојдат камерите од сител и се тоа за да се сними ?

Еве да не збориме се однапред, нека има и обвинителен акт и ќе видиме што точно е наведено таму и како ќе тече постапката.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Лицемерно е да дискутираш за правата на осуденикот и да зборуваш за тортура затоа што некој наводно го пцуел при апсење а пет минути подоцна да го прашуваш дарданија како да си паднат од марс - а што тоа им згрешил љубе(осуденикот) на албанците? Полицијата во негово време имаше одврзани раце да тепа, пцуе и малтретира лица кои се терористи или на било кој начин поврзани со терористи (а богами и други луѓе). Тоа сите го знаеме и јас го оправдувам. И ти го знаеш ама се правиш наивен затоа што не ти одговара. Сега ќе следува уште подволичен одговор во стил ако има доказ тогаш љубе и сите замешани треба да одговаараат за тортура.
 
W

wicked_1

Гостин
И ја мислам дека најмногу што може да извади Љубе од овој случај е компензација и дисциплинска постапка. Ја немам читано повелбата одамна, ама мислам дека во првите 5 беше тој член за кој ти зборуваш. Таму се наведени ствари дека мора да биде информирано лицето за неговите права(за што неговиот адвокат не спорел дека бил), да не се употреби прекумерна физичка сила(за што неговиот адвокат не побарал дисциплинска постапка). Тоа во делот права. Во делот "нарушување на достоинство" секогаш можат да се бранат цајканиве со факторот ризик. Да трубат дека апсењето на Љубе било од висок ризик, имале дојава дека носел огнено оружје....Глупости се тоа, ама не е првпат на полиција да и се гледа низ прсти за вакви работи. Тие и докторите се во слична позиција, малку привилегирана пред судовите.
...

Зашо сериозно се впуштате во тоа што Стразбур би одлучил?

Далеку е од Стразбур сето ова.. прво треба да се искористат сите правни лекови во државава, па после тоа би го пратиле западњаците (кои се преплавени од предмети кај нас) да решаваат по ова, а таа пресуда може да се чека со години.
Тука ако не се формира обвинението и ако не се истера предмет се друго е џабе, а по тие членови по кои ќе се гони и те како можат да повлечат сериозни казни.

@Bojan Van Buuren да не мантраме дека одлуките на Стразбур имаат некаква супермоќ да праат ефектни преиначувања и задолжувања.
Тоа што го читаме по интернет дека се процесуираат тие пресуди и одлуки е повеќе рекламен булшит дека Стразбур и Конвенцијата со протоколите имаат некаков ефект и причина да постојат и да важат за некое хиерархиско скалило на повисоко ниво.
Во последно време нивните одлуки се повеќе имаат некој советодавен/насочувачки него задолжителен карактер.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.354
Поени од реакции
84.577
Има време за Мијалков , тој ќе се влече во суд за корупција со опремата за прислушкување , бизнисите во Чешка , криминално финансирање на изборна кампања .
Ова е една од низата кривични за него . :sekc:
Да. Има он далеку посериозни работи за кои треба да одговара. Ова денес не е баш нешто.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.757
Поени од реакции
6.180
Љубе и неговите права се сосема споредни во приказнава. Играта е поголема, а Љубе е само машата !

Припрема на терен е поверојатната шема. До вчера името не смееше да му спомене на началникот, сега кривични му лупаат ко на шверцер. Не треба притвор , доволна е кривичната како адут за во иднина.
Друго, прошлата недела Чавков го унапредува пуки-муки во некој началник, а денес кривична, му преседнало честењето на човекот. Истовремено други +6 души, што највероватно им биле ударна тупаница на вемерето се со кривична, претпоставувам дека следува суспендирање од работно место. Останатите во полиција ќе се замислат за во иднина , доколку се бара од нив нешто што не е законски.( барем ако имаат грам памет, посебно ако знаат дека и преходно нивни човек лежи во затвор за Мартин, ни партија го спаси, ни бутур)
Друго, исто битна работа е подигање на расположение кај народот за ослободување од стравот и држење тензија кај талибанците.

Како и да е, уште сме во увертира на играта. Крешендото не го достигнало врвот......
Ќе биде смешки кај талибанците у секој случај.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.342
Поени од реакции
21.700
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom