Дефинитивно надвор.Јас не знам до кога ќе играме на таа карта дека тука општеството било слободно па затоа вредело да се седи.За кого-како.А ќе видите дека со тек на време за многумина ќе стане ова општество зафатено.Соочете се, капитализам!
Еве за мене пример уште од сега можам да кажам не е слободно.Јас секојдневно извршувам по две должности а тие должности се: факултет и работа.Трета смена одам на работа од 21 до 5 часот наутро и после тоа продолжувам на факултет; на предавања со три испиени еспресо брзосмртки пред предавања.Кога ќе ги испијам тие, срцето ми чука триста на саат.Откако завршувам со предавањата, одам дома, легнувам два-три саати да преспијам, саат два ги користам за учење и пак одам на работа.Време за друштво и за рекреација малку потешко.Мајка ми се случува да не ја видам со денови.Друштво па да не зборуваме, сум заборавил како изгледа градот.Ете низ какви тортури треба да помине еден млад човек, припадник на семејство на самохрана мајка во оваа држава.
Тие што уште им даваат мама и тато да, за нив ова општество е слободно, сите среќни рипаат со када бетон во Вардар и.т.н. Мама и тато се тука да се грижат за нив.Кај нив мама и тато работат со некакви примања, на добри работни места, кредити ова она и ќе добијат нивните деца некакво школување без дополнително да се замараат некаде да кршат мраз по погони за месо или пак да растовараат по 5 тона смрзната роба за три саати за да заработат мизерни 200 евра, да можат со штедење да си го платат факултетот.Еве, не мора да е и факултет, нека биде облека, сметки за дома, пари за по една пијачка со пријателите (на еден саат ако ништо друго) за да не се срами нормално.......
Затоа поштедете ме од вашите разговори и теми за тоа како во државава се ни цути.
И државава не би ја напуштил само поради тоа, би ја напуштил и поради многу други работи.Порано да, немаше да се согласам на такво нешто, но како што одат работите напред и учејќи од работите што ми ги прикажува ова наше општество можам да кажам дефинитивно не, би избрал надвор.