Ако морам да одберам: татковината или парите, што би одбрал?

Кој е вашиот избор?

  • Вкупно гласачи
    360

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Да, имате две алтернативи:

  1. Да одите во странство и да направите многу пари, но да останете таму и
  2. Да останете во Македонија, да живеете просечно, но да придонесете многу за татковината
Кој е вашиот избор?
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873

Во странство,да напраам добра пара,и да се вратам во Македонија.

И имаш грешка во насловот ;)
 
Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Парите, не планирам да оправам држава јас ( и така не можам ништо да направам, мојот глас не се важи овде). Во странство барем ке ја имам привилегијата да не се замарам со политика (што не е случај овде бидејки сите зборуваат за политика, сакал нејкел ќе слушаш).
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Јас го бирам првото: Останувам во Македонија!
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.180
Поени од реакции
14.434
Странство, добро платена работа, многу пари
 
Jack Nolan

Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Член од
31 јули 2011
Мислења
1.587
Поени од реакции
1.506
Работи таму до пензија и после вратисе Македонија живот ќе живејш од секогаш им завидувам на пензионерите со странска пензија како бегови живеат.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Да, имате две алтернативи:

  1. Да одите во странство и да направите многу пари, но да останете таму и
  2. Да останете во Македонија, да живеете просечно, но да придонесете многу за татковината
Кој е вашиот избор?
Болдираново не ми се вклопува некако со просечен живот. Комбинација од двете е најдобар избор, одиш во странство, правиш пари па се враќаш овде.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Еден од многуте фактори поради кои ни е вака државичкава...

Иде гастрбајтер во Америка, седи таму 10 години, се пуни со пари за 243 поколенија, и после доаѓа секоја година на „иселенички средби на братсвото и сестринството“, дава изјава како тоа тој секоја година се враќа во Македонија, му недостига татковината, бла бла... а ни долар/евро не дава да помогне при нешто овде. Па да му е*ам мајката, отвори барем некаква работилница овде, ем тој ќар ем нови работни места.

Значи не зборам за луѓе кои работаат обична работа во странство, туку за бизнисмени кои се фалат „имам тоа и тоа“ а овде ништо не пробува да инвестира. Па видете ги „браќава“ албанци бе, како се помагаат меѓусебе.

Зборот ми е, ретко кој оди во странство и се враќа во Македонија и при тоа придонесува со својот капитал и работа за подобра татковина.

Мене лично уште ми е рано да размислам на таа тема, но како тргнале работиве, не е на арно...
 
T

Tetro

Гостин
Јас го бирам првото: Останувам во Македонија!
Остануваш сам. 17 души веќе избегаа.
Која ли е причината, што ли бараат надвор, кој ги избрка од родната им земја,...? има дискусија по многу теми на овој и на други форуми.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Можеш и од странство да придонесуваш за татковината, а можеш и лично да се вратиш и да вложиш дел од заработката во Македонија.
 
karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Да, имате две алтернативи:

  1. Да одите во странство и да направите многу пари, но да останете таму и
  2. Да останете во Македонија, да живеете просечно, но да придонесете многу за татковината
Кој е вашиот избор?
пред неколку години се возев во возот за Скопје,човекот што седеше од карши мене беше од Канада...и ми го кажа муабетот дека е граѓанин на Канада но и на Македонија значи човекот имал двојно државлвјанство.И вика мене државата Канада ми обезбеди добра работа,куќа,добра кола,одмор...а го запомнов по тоа што ми рече дека сите оние што биле патриоти јаделе и пиеле по кафани без да платат за тоа...кизнај дали бил во право човекот
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Иде гастрбајтер во Америка, седи таму 10 години, се пуни со пари за 243 поколенија, и после доаѓа секоја година на „иселенички средби на братсвото и сестринството“, дава изјава како тоа тој секоја година се враќа во Македонија, му недостига татковината, бла бла... а ни долар/евро не дава да помогне при нешто овде. Па да му е*ам мајката, отвори барем некаква работилница овде, ем тој ќар ем нови работни места.

Значи не зборам за луѓе кои работаат обична работа во странство, туку за бизнисмени кои се фалат „имам тоа и тоа“ а овде ништо не пробува да инвестира. Па видете ги „браќава“ албанци бе, како се помагаат меѓусебе.

Зборот ми е, ретко кој оди во странство и се враќа во Македонија и при тоа придонесува со својот капитал и работа за подобра татковина.

Мене лично уште ми е рано да размислам на таа тема, но како тргнале работиве, не е на арно...
Ова неможам да разберам зашто е вака. Едноставно никаков мотив да работат нешто што е надвор од шема. Со кого и да сум разговарал вика ваму имам сигурна работа во Македонија е ризично.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom