Еден паметен ум, ми го потенцираше истото, па веројатно сте во право, но сепак јас ќе пробам да се доискажам.
Гностицизмот и гностикот колку јас знам веруваат во бог но секогаш бараат факт и доказ за неговото постоење. А таков доказ никогаш нема да најдат освен овие кои моментално ги имаме (како библијата на пример), а не се релевантни. Затоа на некој начин ги поврзав црковната догма и гностицизмот.
Секако, може и да не сум во право, и ќе пружам рака ако ми објасниш убаво зошто не сум? :helou: :smir:
Па и јас не велам дека сум во право, но ќе прокоментирам, за да не ми остане тврдењето непоткрепено. Еве во што е разликата.
Гностицизмот е „тазе„ појава, дури би рекол „загревање„ за „њу-ејџ„ сатанизмот. Се јавува во средината до 19-от век, а основач е Елена Блавацка. Друштвото гностичко, поаѓа од претпоставката дека постојат скриени знаења и вештини кои ,ете тие, гностиците, допрва треба да ги откријат.
Мала дигресија: сите здраворазумни филсофи од претходните векови , до „Карл Маркс енд компани„ го прифаќаат Божјото посотење на
рационален а не на
вернички начин. Но подобро и тоа одколку ништо. Философите или филсофски „скорените„личности кои го рационално го прифаќаат Божјото постоење, се нарекуваат
теисти, за разлика од оние кои неверуваат-атеистите.
Гностоцизмот, воедно е претходница и за окултизмот, основан од многу фалениот и ценет психолог Карл Јунг,кој се занимавал со проучување на потсвеста. Знaичи, гноsтиците се обидуваат да ги достигнат „скриените„ знаења и несекојдневните, оклутните способности, кои се недостапни за „обичните„ луѓе. Гностиците не веруваат во Бога, тие се свесни слуги на лукавиот, лажниото бог. А еве и зашто. Од кратката споредба на начинот на кој делува Христос и лукавиот, ќе ти стане јасно.
Христос се што парвел,правел/говорел јавно, пред луѓе. Сите Негови дела и зборови се видени и слушнати од живи луѓе. Имено, дел од Неговите дела и зборови се запишани во Евангелијата од Новиот Завет. Христос и додава: „што имаат заедничко светлината и темнината?„ Но и вели:„ еве доаѓа кнезот од овој свет, со кој Јас немам ништо„. А како делува лукавиот? Скришно! Затоа Апостолот Јован вели „..беше и го нема иако постои..„ Најголемата лага која лукавиот досега ја испрактикувал е лагата дека тој (лукавиот) не постои! Токму тие скриени, мистични, егзотични, езотерични, скокотливи, навидум недостижни „знаења„ кои лукавиот ги нуди, се тема од интерес на гностиците! На тој начин, со таа „мистичност„ и интересот кон неа, лукавиот постепено ги прибира наивните во неговата мрежа. Ти текнува? Додека Христос се прави јавно, лукавиот се чини тајно! Мракот е амбиентот во кој лукавиот најдобро се чувствува! Затоа и најголемите гревови и криминални дејанија се случуват ноќно време, во мрак, каде престапниците сами себе се залажуваат дека „никој нема да ги види„!
Најпознатите денешни гностици се идеолозите од „њу-ејџот„, кои се до таа мера заглавени во злото, што сами себе се претворија во „канализатори„ на демонските совети и влијанија.
Во нашево време, „њу-ејџот„ е „филсоофијата„ која во себе ги „микса„ сите можни философии , идеологии и религиии од сите времиња, вклучувајќи го и гностицизмот. Тешкотијата од „њу-ејџот„ е што неможе да го свари христијанското учење, оти истото има Божјо а не човечко или сатанско потекло.
Се надевам дека сега работите се малку појасни.