Ако Бог постои, зошто допушта зло и страдање?

TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Кога Бог би решил да ти докаже дека постои, каков доказ би очекувал ти?
Одговорот е очигледен : Да се појави во живо , нека докаже самиот дека постои , од тоа поголем и единствен доказ не ми треба , а мислам дека и другите ќе се согласат со мене .
 
mravka

in eternal embrace of flames
Член од
4 јануари 2008
Мислења
130
Поени од реакции
2
Не постои зло, постои само недостаток на добрина....и ослабена вера
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Одговорот е очигледен : Да се појави во живо , нека докаже самиот дека постои , од тоа поголем и единствен доказ не ми треба , а мислам дека и другите ќе се согласат со мене .
А што очекуваш да ти се појави за да заклучиш дека Бог ти се појавил?
а) Стар дедо со бела брада
б) Ѓорѓи Колозов
в) Некаква светлина од небото
г) Друго (наведи што)
 
mravka

in eternal embrace of flames
Член од
4 јануари 2008
Мислења
130
Поени од реакции
2
Јас гласам за Ѓорѓи Колозов
 
Член од
9 март 2008
Мислења
10
Поени од реакции
0
treba da dokaze so toa sto ke se pojavi pred mene. i da go prasam dali ne zaboravil

(v) e mojot odgovor
 
TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
А што очекуваш да ти се појави за да заклучиш дека Бог ти се појавил?
а) Стар дедо со бела брада
б) Ѓорѓи Колозов
в) Некаква светлина од небото
г) Друго (наведи што)
Хехе , јас не знам како изгледа Он ...

Ако баш морам да бирам , г) било што , користи твоја имагинација .

А , да ти вратам во прашање , како ти го замислуваш твојот Бог , ако си Христијанин или било која религија ?

п.с а и б се исти нели , стереотип
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Интересни одговори, ја доловија мојата поента.
Атеистите велат: "Да го видам Бог, па ќе поверувам.", но многумина од нив ни самите не знаат што сакаат да видат, за откако ќе го видат претпоставеното да речат: "Ете го видов Бог и сега верувам."

Природата на Бог е духовна, а не материјална. Човечкото око ги гледа само материјалните работи, оние кои рефлектираат светлина. Нашето око не може да ги види духовните битија.
За ние да го видиме Бог, потребно е тој да се материјализира, ограничи и емитира или рефлектира светлина која потоа би доспеала до нашите очи.
Бог, по дефиниција, е безграничен и се разбира дека Неговото ограничување би било невозможно, доколку Тој не се откаже од некои Свои атрибути (како што е сеприсутноста).
Бог може да ни се објави како што Тој сака.
Тој на Мојсеј му се објавил во грмушка што не согорува. Зошто така одбрал Бог, не е наше да анализираме и критикуваме.
На Лот Бог му се објавил во вид на тројца луѓе (ангели).
На Илија Бог му се објавил во едно обично тивко ветре. Итн.
Секако најголемата објава на Бог, според христијаните, е во личноста на Исус Христос, каде Бог на целото човештво му покажа и докажа дека Тој е вистинит, постоен, заинтересиран за човекот и со огромна пожртвовна љубов кон него. Бог се објави во Исус Христос преку Неговата надчовечна мудрост, преку чудата кои ги направи, преку власта над природните сили (стивнувањето на бурата, одењето по брановите итн), преку влста над смртта (воскреснувањето на Лазар, Јаировата ќерка и др) и секако, најважно од се, преку огромната ЉУБОВ која Исус Христос ја искажа на Голготскиот крст каде го принесе Своето тело како жртва за гревот на целото човештво.

Тоа е нашиот Бог. Тоа е вистинската објава на Бог. Не е бог некој обичен маѓеоничар кој ќе се обиде да не импресионира нас обичните смртници со некакви чуда. Не е бог оној кој само седи на небесниот престол и одвај чека некој да згреши па да го мавне со камшикот. Не е вистинскиот бог оној кој што само суди и пресудива, ти ваму ти таму.
Вистинскиот Бог и Небесен Татко е оној кој се грижи за Своето создание, кој нема да го гледа Своето чедо како се дави до гуша во калта на гревот, туку ќе му излезе во пресрет, ќе се заземе за него, ќе му се доближи, ќе му подаде Рака и ќе го извлече од калта нудејќи му реална надеж за повторно враќање дома, во Божјото Царство.
Тоа е нашиот Бог - Бог на Љубовта.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Бог, по дефиниција,
Тој на Мојсеј му се објавил во грмушка што не согорува. Зошто така одбрал Бог, не е наше да анализираме и критикуваме.
На Лот Бог му се објавил во вид на тројца луѓе (ангели).
На Илија Бог му се објавил во едно обично тивко ветре. Итн.
Бог се објави во Исус Христос преку Неговата надчовечна мудрост, преку чудата кои ги направи, преку власта над природните сили (стивнувањето на бурата, одењето по брановите итн), преку влста над смртта (воскреснувањето на Лазар, Јаировата ќерка и др) и секако, најважно од се, преку огромната ЉУБОВ која Исус Христос ја искажа на Голготскиот крст каде го принесе Своето тело како жртва за гревот на целото човештво.
По дефиниција...е ова е најново.
Некој беше сведок на средбата на Мојсеј со грмушката..или е плод на негова фантазија. Истото важи и за другите двајца.
Стивнување на бура...па секое невреме како почнува така со време и престанува.
Воскреснување...си чул за клиничка смрт.
Одење по бранови...да во пустините се јавува фатаморгана.
Тој не се жртвувал доброволно...бил суден, осуден и присилно распнат
 
Член од
18 декември 2007
Мислења
448
Поени од реакции
51
и јас немам големи познавања од тематикава сепак некои работи ми се нелогични...сфаќам дека тврдењето-чудни се патиштата господови- објаснува се(барем за оние што сакаат да веруваат) сепак!!! неверниот Тома и покрај тоа што бил со Исус за време на сите чуда и го слушал неговото учење од прва рака сепак на крајот се посомневал..несакал да верува дека Тој е Бог...Тој е Вистинскиот...и покрај сето ова Исус се вратил и му докажал...му дозволил да ги допре неговите рани...моето прашање е..зошто Бог мене ме става во подредена положба??? Тома ги имал сите можни услови за да верува во Бог...многу повеќе од она што ние го имаме...и сепак покрај сето се посомневал а Бог уште еднаш му докажал...а каде сме ние????не создал такви(под услов бог да не создал ама за дискусијава поаѓаме од тој став) да бидеме љубопитни..да бараме докази...ни дал разум кој веројатно треба да го користиме инаку немал причина да ни го даде...и истиот тој разум не доведува до дилемава...
 
K

kat.<3

Гостин

да, разумот довел до дилемава, а до верата може само срцето да не однесе. Не постои вера во мигот кога ќе почнеш да си поставуваш толку прашања на себеси за кои длабоко знаеш дека во разумот нема да го најдеш одговорот, затоа само да го запрашаме срцето, или да погледнеме во него, тоа најдобро знае, шепоти секогаш со гласот на вистината, до нас е колку ќе го чуеме тој глас.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Можеби Бог и не е семоќен да спречи зло и страдање, можеби може но не сака да бидеме марионети во негови раце, а семоќта му е во љубовта, и утехата, и она што нам луѓето ни изгледа непоправливо лошо, не е и за него.
TheBestTipster, ако го искусиш Бога со петте сетила ќе му придадеш човечки или вонземјански епитети. А со шестото сетило... ќе знаеш дека тој е Бог.:smir:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Интересни одговори, ја доловија мојата поента.
Атеистите велат: "Да го видам Бог, па ќе поверувам.", но многумина од нив ни самите не знаат што сакаат да видат, за откако ќе го видат претпоставеното да речат: "Ете го видов Бог и сега верувам."

Природата на Бог е духовна, а не материјална. Човечкото око ги гледа само материјалните работи, оние кои рефлектираат светлина. Нашето око не може да ги види духовните битија.
За ние да го видиме Бог, потребно е тој да се материјализира, ограничи и емитира или рефлектира светлина која потоа би доспеала до нашите очи.
Бог, по дефиниција, е безграничен и се разбира дека Неговото ограничување би било невозможно, доколку Тој не се откаже од некои Свои атрибути (како што е сеприсутноста).
Бог може да ни се објави како што Тој сака.
Тој на Мојсеј му се објавил во грмушка што не согорува. Зошто така одбрал Бог, не е наше да анализираме и критикуваме.
На Лот Бог му се објавил во вид на тројца луѓе (ангели).
На Илија Бог му се објавил во едно обично тивко ветре. Итн.
Секако најголемата објава на Бог, според христијаните, е во личноста на Исус Христос, каде Бог на целото човештво му покажа и докажа дека Тој е вистинит, постоен, заинтересиран за човекот и со огромна пожртвовна љубов кон него. Бог се објави во Исус Христос преку Неговата надчовечна мудрост, преку чудата кои ги направи, преку власта над природните сили (стивнувањето на бурата, одењето по брановите итн), преку влста над смртта (воскреснувањето на Лазар, Јаировата ќерка и др) и секако, најважно од се, преку огромната ЉУБОВ која Исус Христос ја искажа на Голготскиот крст каде го принесе Своето тело како жртва за гревот на целото човештво.

Тоа е нашиот Бог. Тоа е вистинската објава на Бог. Не е бог некој обичен маѓеоничар кој ќе се обиде да не импресионира нас обичните смртници со некакви чуда. Не е бог оној кој само седи на небесниот престол и одвај чека некој да згреши па да го мавне со камшикот. Не е вистинскиот бог оној кој што само суди и пресудива, ти ваму ти таму.
Вистинскиот Бог и Небесен Татко е оној кој се грижи за Своето создание, кој нема да го гледа Своето чедо како се дави до гуша во калта на гревот, туку ќе му излезе во пресрет, ќе се заземе за него, ќе му се доближи, ќе му подаде Рака и ќе го извлече од калта нудејќи му реална надеж за повторно враќање дома, во Божјото Царство.
Тоа е нашиот Бог - Бог на Љубовта.
Како надополнување на текстов со кој горе долу ќе се сложам.

Атеистите најчесто воопшто и не размислуваат за Бог и за тоа дали тој постои или не постои, како изгледа и каква фунцкија има. Како што голем број верници се тоа само затоа што така се научени од раѓање, така и голем број атеисти воопшто не ги интересира дали можеби религиозните луѓе се во право. Никој не сака да погледне во туѓиот став.

Јас го разбирам чорбаџија и мислам дека е еден од ретките кои својата верба во господ ја сфаќа исправно. Според таа дефиниција (дека Бог е во сите нас, сакале или не), можеби и јас сум верник, бидејќи јас верувам во вербата... но во себе. Мене не ми треба идол и причина за поклонение како што е Господ бидејќи истото го наоѓам во себе. Што би се рекло исто е, само што мене ми пречи премногу тоа навалување и тие побарувања на религијата и наметнување на многу работи. Па дури и некои смешни теории кои тотално не држат вода.

Во врска со темата, не можам многу да коментирам, бидејќи е наменета за верници, бидејќи од старт треба да се сложи човек дека Господ постои. Ако хипотетички речам дека навистина постои, тогаш ќе речам и дека Бог не одлучува за злото и страдањаето. Тој не е (што рече Чорбаџија - магионичар) контролор на летови или шеф на смена во супермаркет... туку е само лик кој ќе ни помогне во тешки моменти кога зло и страдење постои да се избавиме и да пребродиме.
Што би се рекло, ако некој сака да го “опраи“ светот, нека се обрати кај темната страна...

:helou:
 
TinyGiant

што сакам
Член од
9 април 2008
Мислења
236
Поени од реакции
3
Ако Бог постои, зошто допушта зло и страдање?

не сакам да навредам некој ама...мојот одговор на прашањето е следен.
НЕ ПОСТОИ. сум верувал, сум бил многу побожен ама заради X причини сум престанал со правење визии и слики за подобро утре.
да не го глушам многу зашто ако продолжам, нема крај (кога и да сум праел муабет на темава е со истиот исход)...не верувам во нешто што не го гледам:toe:
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
254
Поени од реакции
9
Ако Бог постои, зошто допушта зло и страдање?

не сакам да навредам некој ама...мојот одговор на прашањето е следен.
НЕ ПОСТОИ. сум верувал, сум бил многу побожен ама заради X причини сум престанал со правење визии и слики за подобро утре.
да не го глушам многу зашто ако продолжам, нема крај (кога и да сум праел муабет на темава е со истиот исход)...не верувам во нешто што не го гледам:toe:

И постанав грешник. Зошто да верувам во Бог,кога сатаната ми нуди голема чест и слава. Живеам како Бог на земјава,правам се што ќе посакам зарем има нешто подобро од тоа. Фала ти - 666-ама ако треба за тебе не Исус Христос, туку и мојата мајка ќе ја издадам.
-А сестра ми, за пари ќе ја продадам. За мене нема ништо нема свето. Јас сум центар на универзумот. Грешка си!
А толку посакувам да се спасиш. Млад си не се откажувај од вечноста. Ти пожелувам се најдобро. Го мислам тоа и ти пожелувам најдобро.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom