Луѓе значи вакаа... Човекот кога влага во пубертет се зболемува лачењето на масти во телото... Тинејџерот што има појака крв има и акни... Тие масти што се лачат преку порите на лицето телото ги отфрла.. Од јаката крв, од нехигиена и од бактерии на лицето се создава црнката... Црнката си се оформува во пората и станува "црна" односно таја се суши... Таја ја блокира пората и мастите неможат да излезат од телото... Така местото се воспалува и пробува да ги исфрли мастите односно се формира акната... Јас имав акни имам и сеуште ама 75% ми изчезнаја... Оставете ја медицината на страна, оставете ги бајачките, оставете ги луѓето што кажуваат демек имаше едно дете зеде ова и она и му изчезнаја, значи тоа не е возможно... Мастите се формираат од недобра храна, недобри пијалоци и шеќер... Фрлете се на здрава храна на домашно јадење(манџа, овошје, зеленчук, салати некои, млечни производи, или станете веган) , изфрлете ги од вашиот живот: сувомеснатите производи, масните меса, брзата храна, соковите (густ, газиран), никако не помислувајте на благо и чоколада, можете кафе да пиете ама без шеќер, ќечап и мајонез истотака не треба .. Многу подобро ќе биде ако трчате оти со тоа телото ги гори и ги исфрла мастите преку потта.. Гледам погоре некои луѓе не веруваа на некој што имаше напишано за акните... Е сеа ако не верувате, пробајте да го средите јадењето и за еден месец ке имате промени дури и вие самите нема да си поверувате, а со јадењето и телото можете да го средите односно ќе стане поцврсто и поактивно, ако некој има што праи некои вежби: фитнесс, бодибилдинг, естетски бодибилдинг или калистеникс.. телото за побрзо време ќе му се оцрта ќе добие убавина и добра линија.. Со акните ве чека голема борба а за да победиш треба да се надеваш да бидеш позитивен и полн со оптимизам... Ако некој ве навреди демек ваков си таков си акни имаш не му обрнувајте внимание игнорирајте го, знам дека и во љубовта е многу тешко (оти можно е да јадиш корпи) и во тоа не губете надеж верувајте дека сее ке биди, и јас сум бил уништен дека ми мавнала корпа таа што сум ја свиѓал али јбг ни прва ни последна... Средете го стресот оти можно е од голем стрес да излезат акни... Завртајте си цел во животот и со многу надеж, многу верување ќе успеете... Никако не паѓајте во депресија а ако веќе дојде до тоа само не мислете на тоа и само ќе помини... Стрпете се некоја година да помини пубертетот и лицето ќе ви бидее џаам чисто, а со тоа што ви го кажав погоре само ќе му помогнете на телото да стигне до целта ќе се избори и ќе победи... Бидете истрајни, верувајте и ќе успеете..
Sent from my F3311 using Tapatalk