Акните - повеќе од тинејџерски проблем

Член од
14 април 2012
Мислења
9
Поени од реакции
0
Kazete nekoe reseni protiv aknite uzasno mi e liceto -.- dali nekoj ima otideno kaj ancevski dali pomaga? ili kaj nekoj drug sto stvarno ke pomogni ? ako ima nekoj koristeno od kolekcijata Lepten neka pisi dali ima efekt?
 

Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Значи , не ставајте никогаш паста за заби и право во кревет на спиење. Пастата за заби се става на акната , ке почекаш 20/25 мин да се исуши целосно и потоа ке го измиеш цело лице . :)
јас три вечери по ред така направив, паста па право во кревет на спиење и лицето не ми беше исушено секој си има посебно лице дали лицето ќе се исуши зависи до осетливоста на лицето, ма да и имаше некакво подобрување на акните ама не којзнае колку и сега па ми излегоа многу млеко пијам а и читам на интернет дека од тоа може да се појават:)
 
Член од
14 април 2012
Мислења
59
Поени од реакции
51
Прочитав по нешто што сте напишале и бидејќи сум го имала тој проблем и се уште го имам ама не како кога бев тинејџер сакам да ви кажам неколку работи од лично искуство
1.Знам дека лошо изгледаат ама што повеќе работи купуваш,пробуваш и ставаш на лицето тоа полошо станува
2. Никако да не се користат премногу јаки пилинзи за секојдневно миење на лицето,акните не настануваат заради нехигиена,туку напротив што повеќе го миеш лицето и пресушуваш,тоа повеќе ги активираш лојните жлезди на активност и пак си правиш полошо..доволно е два пати дневно миење со благ сапун и вода...и толку
3. НИКАКО да не се ставаат од лосионите со антибиотик кои содржат алкохол (клиндамицин,хлорамфеникол) на ЦЕЛО ЛИЦЕ...тие обично се препорачуваат само 2-3 дена после третман на козметичар кога порите се отворени и кога антибиотикот може да навлезе подлабоко и тоа само на акната...во спротивно ако се ставаат на цело лице исто така го пресушуваат и после настанува обратен ефект односно акните стануваат бетер...
4. Нема што не сум пробала од средства домашни и старнски што постојат на пазарот ама од ништо посебно не сум била одушевена,,,единствено нешто што можам да го препорачам на девојчињата е да одат на гинеколог каде што ке им се препорача хормонска терапија доколку имаат полицистични јајници...тоа воопшто не е страшно и дава одлични резултати
5. Е сега бидејќи машките не одат на гинеколог нив би им препорачала да користат клиндамицин гел во комбинација со бензоил пероксид гел (не сум сигурна дали и што од ова има кај нас ама ова е единствената комбинација што мене вистински ми помогнала и ми беше препорачана од дерматолог)....ова важи и за девојчињата секако....
6. Мислам дека беше доста:eek:
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Пробајте за акни, да се мачкате со една хрватска крема Сона, доста помага но не е за чуствително лице.
 
Член од
4 јануари 2012
Мислења
21
Поени од реакции
0
Јас имам многу лузни од акни, акните ми се изгубија но пак имам неколку. Дали некој има одено кај Др Анчевски на микродермоабразија, хемиски пилинг, овошни киселини, ласер било што и дали помага?????????
 
Член од
18 октомври 2011
Мислења
166
Поени од реакции
78
Kazete nekoe reseni protiv aknite uzasno mi e liceto -.- dali nekoj ima otideno kaj ancevski dali pomaga? ili kaj nekoj drug sto stvarno ke pomogni ? ako ima nekoj koristeno od kolekcijata Lepten neka pisi dali ima efekt?
Престани да конзумираш млеко и млечни производи. Треба да поминат 6 месеци за да видиш резултати(може и помалку). И не прашувај доктор за ова, пошто ќе ти каже дека нема врска млекото, за да ти зема дополнителни пари од третмани. Исто така и фармацевтските компании никогаш нема да признаат. Како и да е, пробај 6 месеци и ќе видиш. Јас првите резултати ги видов по 3 месеци. Кај мене се покажа млекото како проблем, иако јас не јадам ни јајца ни пилешко. И да знаеш, во некои производи има скриен млечен производ, а може да има млеко во производи кои не очекуваш како во некои лебови на пр. , така да секогаш читај состојки.
Освен дека производот содржи млеко, внимавај на состојки како: Касеин(секој збор кој содржи casein во него), Whey(на Мкд - сурутка), млеко во прав итн. А може да има производи кои се полнети со млечни протеини...


Сложено е али јас ќе ти кажам просто. Проблемот со млекото е тоа што содржи хормони кои кравата ги создава за телето. Тие се проблематичните. Кога ќе се надоврзаат со хормоните што ти ги создаваш природно, плус стресот кои не може да се избегне(било позитивен или негативен) се создаваат акни. Всушност кога количеството на хормони е доволно, се запушуваат порите и се создаваат акни. Секој има различно ниво на хормони кое се нарекува acne threshold. Кога ќе ги отстраниш млечните производи од исхраната ќе можеш да се симнеш под твојот acne threshold со тек на време(месеци) и да ги намалиш акните.

http://www.acnemilk.com/the_no_milk_acne_diet

Млекото, не треба да се конзумира воопшто и заради други причини како: создава разни алергии, секрет во носот(мене ми помогна и со синусите), создава разни болести во организмот итн.
Исто така моја препорака ти е да избегнуваш и јајца и пилешко пошто полни се со чуда, хормони кои можат да ти ја влошат состојбата.
А за мачкања со разни креми, од секогаш сум бил против. Отидов еднаш на козметичар на третман, и ми излегоа неколку дупчиња и од тогаш никогаш не сум стапнал ниту сум ставил нешто на лицето. Мене сами ми поминуваа, а ли проблемот ми беше што ми излегуваа цело време. Патем имам 21 година. Сега ми е скоро чисто лицето со оглед на тоа што се зезнав пред брзо време, изедов баклава со чоколадо и кисело млеко во неа. Се надевам дека нема да ми направи големи проблеми.


Како и да е, јас се помирив со фактот дека нема да можам да јадам ништо млечно(ни сладолед ни чоколада ни торти):( цел живот, ама кога ќе видиш не е до толку страшно, со тоа што ќе имаш чисто лице.:)
 
Член од
16 септември 2011
Мислења
49
Поени од реакции
7
Ме интересира дали некој има забележано влошување одкако почнал да посетува теретана и конзумирање на високо протеинска храна. Јас у псоледните 3-4 год сум имал по некоја акна, но сега одкако почнав со овој спорт значително се влоши ситуацијата. Незнам дали е од стресот што се прави на телото, односно хормоните, или е до храната. Јадам многу пилешки гради , викаат демек они имале хормони, јајца и од време на време ВЕЈ протеини.Млечни производи скоро исфрлив, ама нема резултат. Еве сега и кофеинот го исфрлам. Незнам веке што да пробувам , користам скапи креми од авене и виши ама имав резултати само првиот месец. Се мислам дали да прекинам со вежбањето ,ама не можам баш го засакав спортот . Иначе имам 25 години , кога бев тинејџер немав ниедна , почнаа од 20 .
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Овде научив дека млекото не било здраво за пиење...
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.846
Имам флеки/лузни од поранешни акни, знаете некој препарат, крема или било што за избледување на лузниве?
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Имам флеки/лузни од поранешни акни, знаете некој препарат, крема или било што за избледување на лузниве?
Измешај 1 лажичка бел шеќер, 3 капки 3% хидроган, сок од еден лимон и една чаша бело вино.Оваа смеса треба малку да се повари на тивок оган. Нанесувај навечер бидејќи со лосионов не треба да се изложуваш на сонце. За една-две недели треба да забележиш резултати.
 
Член од
10 февруари 2010
Мислења
92
Поени од реакции
6
Пробајте за акни, да се мачкате со една хрватска крема Сона, доста помага но не е за чуствително лице.
Соната не е препорачлива за пролет/лето заради сонцето. Јас ја користев до пред еден месец и докторката ми ја замени со eucerin dermopurifyer ноќна крема.
За оние што прашуваа за флеки и лузни од акни добра е Epitheliale од A - Derma, меѓутоа не очекувајте резултати преку ноќ.
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Соната не е препорачлива за пролет/лето заради сонцето. Јас ја користев до пред еден месец и докторката ми ја замени со eucerin dermopurifyer ноќна крема.
За оние што прашуваа за флеки и лузни од акни добра е Epitheliale од A - Derma, меѓутоа не очекувајте резултати преку ноќ.
Затоа истата се советува да се става навечер, во многу тенки количини, по можност преку два дена =]
 
A

Alexander Nevsky

Гостин
Абе да не знае некој гел на база на бензоил пероксид? Се капав од барање во аптекиве ама никако да најдам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom