Читав нешто за акни по интернетов и најдов интересни теории за акните кај возрасни. Ако ги најдам линковите ќе ги постирам, но сега ќе скратам.
Акните обично прво се појавуваат кај тинејџерите, кај некои порано, кај други подоцна. поради хормонален дисбаланс, од брзата хранат што ја косумираат и слично.
Многумина се излечиле со антибиотици но подоцна пак им се вратиле акните, или пак оние кои немале акни а користеле антибиотици поради други здравствени причини им се појавуваат акни кога се веќе возрасни личности.
Ако се пронајде некој, би било добро да проверите дали имате кандида, и ако имате да се обидете да ја излечите кандидата, автоматски ке ги излечите и акните. Препорачливо со диетата за кандида, без апови (кај жени вагиналети), оти само привремено помагаат.
Погуглајте The candida diet
Треба строго да се избегнува жито, квасец, печурки, преработувана храна, секаков вид шеќер (дури и овошје и мед), млеко...
Дозволен е јогурт, зеленчук, јаткасти плодови, семки, сончоглед, лимон, зелени јаболка, јајца...
Не памтам се, ако ве интересира си имате гугл.
Друго, поврзано или не со кандидава и акниве е дебелото црево и жителите во него такозвани паразити. Ако ги има, треба да се исчистат (да не објаснувам како се чисти дебело црево) и тоа треба да се повтори и по 1 месец затоа што нив ќе ги снема но зад себе ќе остават јајца.