па тоа со тие додатоци некако и мене ме замислуваат. Синот користеше веј по негде 50 грама дневно заедно со доста протеинска храна на менито (од печурки, месо, урда, по 2 јајца...). Му се влоши тоа со акните. Пред 2 недели ги прекина, одма му се намалија Сега дополнително користи и пивски квасец (според некои влијае позитивно на чистење од акни, но треба да се пази на тежината). Дали пошто вејот е производ во крајна рака на млекото има врска со млекото, дали од засладувачите во вејот (со кисела реакција) дали неизбалансиран внес на ензими, растителни влакна, протеини, млечни состојки...Што знам, тоа ме натера да прашам дали има некоја врска и дали аминото помага против акните.
Инаку што читав на некои им помага замена на претежно "кисела" исхрана со поголем дел базна, некому пивскиот квасец.
па од суплементи не би требало да има некои проблеми со акните, но секој организам е различен и различно реагира, така да ако нешто помага/непомага на тоа треба да се припази ! иначе ако веке збориме за ББ , единствен голем пробем би биле стероидите, тие кај билдери кои што немаат проблеми со акните им создаваат големи , а пак кај тие што веке се мачат со акни ке ги унаказат ....
иначе ова со квасецот одамно е познато но никад неам пиено, единствено што "користам" од овие природни ремедици е водениот кефир, не дека лечи акни но малце сигурно подпомага, а башка и го има 100 други позитивни ефекти врз организмот и помага да се живее над сто години
еве на форумов што има за кефирот , друго може гуглање
http://forum.kajgana.com/threads/tibicos-Воден-кефир.41862/
--- надополнето: Aug 20, 2011 9:53 PM ---
Дај некој знае чаре да ги мајнам овие од грбот..на лицево немам многу само по 2/3
не треба да се змеруваат и акните на грбот, тоа што на лицето немаш, а грбот никој не ти го гледа, не значи дека не треба да се под итно третираат! баш и на грбот тие знаат да бидат мноооогу големи, да станат како чирови... А чаре како чаре, пробај со основните работи, користење на медицински сапун, лосион со антибиотик клиндамацин/хлоракол и ОБАВЕЗНО Aknefug Oxid Wash од DR WOLFF (скапичок е 1000ден. али јбг) - еднаш до два пати на ден со ова Aknefug а со лосионот повеќе пати.... ЗНАЧИ ова е основата, за лесни/средни проблеми , во секој случај најдобро е да се советуваш со доктро дерматолог!!