Акни се појавуваат или на мнг мрсна или на мнг сува кожа. Никогаш не сум имал теши форми на акни ама еден период имав онака повеќе пубертетлиски. Покрај тоа што одев на козметичар за чистење на лицето секој месец, внимавав и на исхраната. Исхраната има огромен удел во чистењето на лицето од акни. На пример не јадев грицки, чоколади и мрсна храна. Обавезно секој ден јадев по 1 риба поради омега 3 масните киселини. Тие се многу важни и соодносот на дневниот внес на омега 3 и омега 6(кои ги има во нездравата храна, се штетни за организмот и предизвикуваат акни) масни киселини треба да биде 2:1. За споредба, тој сооднос кај еден просечен американец е 1:30. Значи јадев риби, овошје, многу зеленчук и минимум 2 литри вода дневно. Газирани пијалоци, кечап, мајонез, маргарин, путер, кремсир, сувомеснато никако. Јадев само бело месо, ретко црвено и никогаш јајца. Треба да се избегнува и калциум, но не во толкава мера зошто од друга страна е и доста корисен(за коските и сл). На пример не пиев млеко, јогурт, и ретко јадев сирење и кашкавал. Цигари и кафе пожелно е да се исфрлат.
Исто така земав и додатоци во исхраната, најважни витамини при третирање на акните се витамин А, Е и цинк.
Се ова го научив како резултат на истражување на интернет, а резултатот беше 80%-90% помалку акни. Всушност со малку експериментирање и сами ќе забележите која храна ви прави проблем
GL
Измена: Лицето никако да се мие со сапун обичен зошто го суши. Јас не го миев со ништо само со млака вода и потоа бришење со чиста крпа. Инаку се препорачува течен сапун од Avene околу 1к е, ама ми беше страв да експериментирам