Тинејџерите кои имаат проблем со акните се тешат дека проблемот ќе помине со проаѓање на периодот на пубертерот и разбеснетите хормони. Проблемот е со што се тешат оние кај кои за првпат во животот се појавуваат акни!?
Акните се кожно заболување - медицински проблем кој може да трае повеќе години. Тие претставуваат и голем естетско-психоген проблем кај луѓето. Патолошкиот процес за создавање на акните се создава во лојните жлезди или поточно во фоликулот (вреќичката) на влакното во кој се собира излачениот лој од лојната жлезда. Акните може да се јават по целата кожа, а особено таму каде што има повеќе лојни жлезди (лице, грб, гради).
Кај жените по пубертетот може да дојде до појава на хормонални акни поради зголемено ниво на машките (андрогени) хормони во крвта.
Кај жените е корисно паралелно испитување на хормоните во крвта - тестостеронот, прогестеронот, естрадиолот и дехидроепиандростеронот ако се забележува појава на зголемена влакнатост и нередовен менструален циклус.
Третирањето на акните е долготраен процес. Пред да се користат лекови, многу се важни превентивните мерки за третманот на акни. Тие мерки вклучуваат миење на лицето двапати на ден со топла вода и благ сапут. Лекувањето на сите форми акни треба да биде навремено и упорно.
Јас мислам дека акните настануваат како резултат на недоволна хигиена на телото ( особено на лицето ), преголемата употреба на шминки уште од раните години и исхраната. Што мислите вие!?
Акна е мал џеп со воспалени маснотии во кожата, произведени од лојните жлезди лоцирани во подлабокиот слој на кожата, а чиишто одводни канали се отвораат во фоликулот на влакното. Кога оваа маснотија ќе остане заробена и ќе се воспали, доведува до појава на мозолчиња познати како акни.
Симптоми:
Вообичаено се јавуваат на лицето и грбот и можат да се претворат во абсцеси или подлабоки кожни рани.
Причини:
Создавањето на хормонот тестостерон, кај мажи како и кај жени (иако повеќе кај мажи), предизвикува растење на лојните жлезди, кои создаваат повеќе лој. Во меѓувреме, кожата околу пората произведува кератин. Кога овие две субстанции ќе се измешаат, лојта и кератинот создаваат чеп кој ја затвора пората предизвикувајќи митесер (црнка). Кога пората ќе се зачепи поради оваа субстанција, бактериите почнуваат да се собираат и да се размножуваат. Ова го воспалува пределот и формира мозолче.
Препорачан третман:
1. Мијте го вашето лице секојдневно со течен сапун со неутрален pH наутро и навечер за да се отстрани маснотијата. (Исушете го лицето со тоалетна хартија, за да не се загади кожата повторно).
2. Нанесете прополис крема со алое вера (жените може да ја нанесат шминката преку прополис кремата).
3. Добра идеја е да се исчисти кожата длабински со маска за чистење (Марине маск)
4. Земете Бета-Каротен со Селен и витамин Е , Витамин-Ц и Витамин-Д
5. Советуваме да употребувате повремено ексфолијативна крема. Измијте го лицето со неутрален течен сапун. Исто така, нанесете маска за лице (види брчки) на база на ретинол и овошни киселини за да се корегира или поправи оштетената или лошо третирана кожа.
6. Земете природен антибиотик како прополис се додека не исчезне инфекцијата.
7. Акните бараат третман кој трае 4 до 6 месеци.
Дополнително се препорачува:
1. Да се елиминира колку што е можно повеќе употребата на шеќер и брашно, како и пржени јадења, путер, чоколадо и полномасно млеко.
2. Зголемете го внесот на житарици, како и јогурт, пробиотици кои ги прочистуваат желудникот и цревата.
3. Избегнувајте употреба на масни креми или козметика
4. Избегнувајте орални контрацептиви како и лекови кои содржат бромиди или јодиди.
Избегнувајте сапуни кои содржат сулфиди, јод, бромиди или маснотии.
Ова дека е испробано затоа ти го пишав, доколку има интерес можам да напишам и повеќе. Проблемот со акни се решава за едно 5,6 месеци, треба упорност но навистина помага. Работата е што е се навистина природно, може да си проверите.
Поздрав