Аква парк "Wahooo" - Скопје

Член од
27 мај 2012
Мислења
265
Поени од реакции
124
Значи какво скапо што ви е, се изненадив кога слушнав дека картата е 350 ден. Остајте стандардот, ова е повќе од солидна цена за аква парк. Е сеа, очигледно не е кој знае што истиот ама сепак... Ја би рекол дека е скапо 200ден. за Воен базен на пример.

Инаку инвеститор е владата така да видете сеа. Она сигурно ќе сака да ги поврати средствата, ама сигурно не како некој приватен инвеститор. А околу Борис Трајковски има толку слободен простор, можеле комотно дупло поголем да го направат.
Ама обично така иде кај нас, ќе направиш нешто а не се мисли на се.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Секако, може и скара да понесеш да испечеш таму.

Не, не е и тоа со причина.
Е ајде сега и тава ориз со копани ќе си носиме. А и скара кој јаде на ова топло време. :icon_lol:
Прашувам затоа што ќе носам мало дете а тоа јаде кашички, смоки и пие сок и чоколадно млеко и тоа ли ќе ми го земат на врата? :D
Според она што ми го кажаа на врата им гледале што носат со нив и ако имало јадење и пиење им го земале.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Убаво направено,средено и кафиќи за возрасните.Во однос на цената и депозитот и не е толку скапо
Многу ме нервираше тоа што кој во што стигне се бања,дури имаше и такви со кратки панталони и гаќи под нив.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
А зошто ти е цел ден. Веројатно мислеле на посетители од внатрешноста.
Зошто не е на еден час цената.Си плаќаш на излегување 50 денари час.(како зонско)
Каде во светов влезница во аквапарк се плаќа на саат??
--- надополнето: 2 август 2013 во 09:21 ---
Кажи ми искрено,колкав процент на луѓе денес во Македонија можат да си дозволат да си шлапкаат и кулираат цел ден во Аква-парк? Еве на пр.едно семејство со 2 дечиња ако сака да си помине незаборавно попладне во аква-паркот ќе треба да издвои мин.1500 ден.што според мене е премногу!
И реално,цените на картите би требало да бидат 200 ден. за возрасни,100 ден.за деца над 12 години,сите под 12 бесплатно ама во придружба на родител или старател,кој секако ќе мора да си извади карта без разлика дали ќе се бања или не!
Ете,тоа се реални цени за во Македонија и за нашиов македонски стандард,во Русија е сосема поинаква ситуацијата,таму владее суров и див капитализам кадешто аква-паркчиња никнуваат на секој чекор а се во функција на новопечените богаташки деца(не е како кај нас,овде ние си имаме либерален капитализам :),поздрав!
Добро, а за базен картата колку треба да биде? 20 денари??
Не знам дали сте свесни што зборите, аквапарков има најевтини карти од сите во кои јас сум била.
Ако биде 100 денари картата ќе има гужва па ако успееш 2 пати од тобоган да се спуштиш успех ќе биде.
--- надополнето: 2 август 2013 во 09:36 ---
Која лузерска филозофија ти е ова,еј! Цело лето штедиш,не си купуваш сладолед на стапче кога ќе излезеш да се прошеташ низ град,само за да можеш еднаш во цели 90 дена колку што реално трае летото да се избањаш во Аква-паркот!!!
И после ќе си отидеш дома насмеан и насмевката ќе ти трае цела година,се до наредното лето кога пак ќе се избањаш еднаш и така понатаму кон светлата иднина...ЛОЛ! :pos:
Дете, во аквапарк не се иде секој ден!!
А ти ако цело лето не можеш сладолед да си дозволиш, тогаш немој ни да идеш на АкваПарк. Не е потреба тоа, луксуз е. Никој не те тера.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Ако опозицијата не изеде гомна нема кој друг

Скопје доби државен аквапарк во време кога се изодуваат последните чекори од долгиот процес на приватизација на државниот капитал. Ова го отвори прашањето дали државата треба да инвестира во чисто комерцијални проекти кои по дефиниција би требало да ги градат приватни инвеститори. Станува збор за залудно трошење ресурси во време на финансиска криза, вели Ванчо Узунов, професор и потпретседател на СДСМ. Според него, Владата создала уште еден загубар чие работење преку буџетот ќе се плаќа од џебот на граѓаните.
- И вчерашната изјава на премиерот го потврдува тоа, кога вели: „Чекавме приватен инвеститор за аквапаркот, па откако никој не дојде, решивме ние да го изградиме.“ Значи ова е нерентабилен објект, во него приватни инвеститори не сакаат да инвестираат, но еве Владата сака да инвестира за да им се додвори на граѓаните. Оваа Влада го прави тоа подолго време. Не прашува дали инвестицијата се исплати од економски аспект туку гледа да им се додовори на гласачите.

Од Владата, изградбата на аквапаркот ја правдаат со предизборната програма. Станува збор за исполнување на ветување, кое е од интерес на граѓаните, вели портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев. Според него, направените анализи покажале дека станува збор за самоодржлив и исплатлив проект.
- Со функционирањерто, со приходите кои ќе ги има на тековна основа, аквапаркот ќе може да ги сервисира сите обврски кои ќе настанат во неговото работење. Впрочем, АД „Борис Трајковски“ кое стопанисува со аквапаркот и со други објекти од интерес на граѓаните докажа дека со своето работење врз менаџерски пристап обезбедува нормално функционирање од финансиски аспект.

Покрај изградбата на аквапарк во сопственост на државата, власта во изминатиот период презеде уште неколку чекори кои беа карактеристични за претходниот политички систем. Пример се враќањето на земјоделските задруги, како и ставањето под капа на општините на неколку спортски клубови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom