Аква парк "Wahooo" - Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
ти ако би бил инвеститор дали би дозволил да се влегува со оружје?


Во никој случај, а што е финтата на аква паркот дозволуваат? Ако да, и кажи ми кај ќе го стави? Во купаќи, ете да дозовлуваат со оружје со него ли ќе се бања, ама и тоа ти се типови кои само за фалба го носат, иако он не знае да ракува со него мање битно, ама фаца ќе биде сите ќе го зборат. Ако не се дозволува ова над мене е џабе напишано. Битно не е во ред да се носи, без разлика дали е дозволено или не.
 
Навистина е интересно што и да се отвори во оваа Македонија која и цена да се стави секогаш на некој ќе му биде скапо.И 5 денари да биде некој ќе рече дека му е скапо па би требало да е безпари:Аква паркот не е забава за секој ден туку 2-3 пати во текот на летото затоа и мислам дека не скапа оваа влезница и не е обичен базен да споредувате цени со нив.Математиката е таа 1000 посетители во еден момент во Аква паркот а во текот на денот можеби да достигне до некои 1500-2000.Е сега иамме некои 90 топли денови Х2000 доаѓаме до бројка од 200 000 посетители.Значи и да се сака не може секој да го посети.Кога би бил 100 денари тогаш дури и ќе биде права гужва тепачка,тогаш од друг град и нека не помислуваат да одат бидејќи тој веќе ќе биде исполнет до последно место.И пак ќе бидат муабети дека оние што се надвор од СК ќе ги кошта уште плус пат во однос на Скопјани а сепак Аква Паркот е правен со буџетски пари,во тој буџет секој граѓанин придонесува .

Затоа цената си е супер и не е проблем некој да издвои барем еднаш во летото да го посети
 
За 350 денари добиваш посекотини и секакви други повреди. Ова само во МК го има :(

јок кардаш- го има и во Турција
Turista iz Britanije doživeo je nezgodu na toboganu na vodi prilikom odmora u mestu Altinkum, u Turskoj, zbog čega će možda morati da mu amputiraju nogu.
http://www.mondo.rs/a600329/Magazin/Travel/Ovo-moze-da-vam-se-dogodi-ako-odete-u-Tursku.html
 
За спуштање со тобоганите даваат ли гуми? Штом има толку повредени веројатно не??
 
.И затоа цената си е супер и не е проблем некој да издвои барем еднаш во летото да го посети
Која лузерска филозофија ти е ова,еј! Цело лето штедиш,не си купуваш сладолед на стапче кога ќе излезеш да се прошеташ низ град,само за да можеш еднаш во цели 90 дена колку што реално трае летото да се избањаш во Аква-паркот!!!
И после ќе си отидеш дома насмеан и насмевката ќе ти трае цела година,се до наредното лето кога пак ќе се избањаш еднаш и така понатаму кон светлата иднина...ЛОЛ! :pos:

Види,јас не сум против цената од 300 ден.,меѓутоа за фамилијарни луѓе кои сакаат да поминат едно попладне таму заедно со своите деца,е тука мислам дека цената ќе треба малку да се коригира,направи обична математика,4-ри члено семејство по 300 ден.=1200 ден.+сокчиња,сладолед и сл.=1500 ден.
Оваа цена за поголемиот дел од нашиве граѓани е превисока,значи во аква-паркот,според мене,ќе има помалку фамилијарни луѓе а ќе има повеќе млади и деца на новопечени скопски богаташи,поздрав!
 
300 денари, цела фамилија да влезе, 4 лица по 300 денари 1200.
Поарно запали колата дојди си на Романтик во Велес, избањај си се во езерото како човек, испливај се, врати си се. Плус и базенчето тука за дечиња е феноменално. Плус можете да лажете дека сте биле до грчка ако не ве видат комшиите.
 
Која лузерска филозофија ти е ова,еј! Цело лето штедиш,не си купуваш сладолед на стапче кога ќе излезеш да се прошеташ низ град,само за да можеш еднаш во цели 90 дена колку што реално трае летото да се избањаш во Аква-паркот!!!
И после ќе си отидеш дома насмеан и насмевката ќе ти трае цела година,се до наредното лето кога пак ќе се избањаш еднаш и така понатаму кон светлата иднина...ЛОЛ! :pos:

Види,јас не сум против цената од 300 ден.,меѓутоа за фамилијарни луѓе кои сакаат да поминат едно попладне таму заедно со своите деца,е тука мислам дека цената ќе треба малку да се коригира,направи обична математика,4-ри члено семејство по 300 ден.=1200 ден.+сокчиња,сладолед и сл.=1500 ден.
Оваа цена за поголемиот дел од нашиве граѓани е превисока,значи во аква-паркот,според мене,ќе има помалку фамилијарни луѓе а ќе има повеќе млади и деца на новопечени скопски богаташи,поздрав!

Аман бре луѓе не е македонецот сепак до толку сиромашен за да не може да издвои 1500 ден за тој еден фамилијарен ден во аква паркот.Па како што читам во СК во сите базени е меѓу 1500-200 ден а тоа е само една половина од цената на аква паркот.Тој што бил во аква парк знае дека поголемо задоволство е еднаш на аква парк отколку 3 дена во обичен базен.
Јас во Велес сум се нагледал еден куп фамилијарни луѓе од Скопје на наше езеро и сигурно едно идење не им е помалку од 1500ден.
 
Јас мислам дека фамилијарна карта е 1000 денари (4X 250 ден)
 
Карта да биде 200 денари има и 7 члено семејство шо ги знаеш па 1400 денари плус по 200 денари за јадење од чоек ојдоа 50 евра, скапо да сибеш пиперот.

makedonija2.jpg
 
Колку за споредба, во Waterland во Солун карта е 14,5 евра.
 
Само што во Солун таргет групата се туристи а овде пошто е локален таргет групата би биле скопјани.
 
Само што во Солун таргет групата се туристи а овде пошто е локален таргет групата би биле скопјани.


И во Солун е локален, на излез од градот е. Така се прави нормален, голем и широк Аква-парк.
Проблемот овде е што ете, треба да има некој пакет за да одат фамилии, мислам дека така имаше на времето во Солун.

Се согласувам со тоа дека во нормална филозофија, едно до две идења во летото во аква-парк се сосема доволни како фамилија, а останатото време нека биде за поединечни посети со друштва. Мислам дека во Солун беше границата 12 години за деца, ако се помали и пониска е цената. Нека го средат од тој аспект и ќе биде сосема доволно.

Не може да очекувате цена од 200 денари за цел ден во Аква Парк, кога во кафич ќе платите 120 денари за едно мочано нескафе.
 
Кај нас сите муабети се вртат околу нискиот стандард на населението, да имавме просечна плата од 600 евра и вработеност од 80% никој немаше ни да дискутира за цената туку за сосема други работи.

Сепак и без аква парк се живее не е нешто по што треба да се жали зашто е цената скапа, инвеститорот го интересра да прави профит а од кого ќе го прави му е секако небитно.

Во принцип секој става највисока можна цена со која има профит освен во институции кои се субвенционирани од државата за намерно да имаат пониска цена.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom