Да, редно е да се разбереме без лажен морал. Вие мажите или барем тие што размислуваат како тебе, навистина сте плитки суштества од кои се надевам дека никогаш нема да морам да побарам некаква услуга. Барем не од такви со кои не се дружам или сум блиска на било каков начин, а се како тебе, нали. Не знам дали можете да замислите како е да се обратиш некому за услуга, а тој да те гледа по телото, додека едвај те слуша. Очигледно не. Тогаш ајде на кратко помислите како тоа изгледа да им се случува на вашите т.е. твоите девојки. Што ако сите мажи кога им се обраќаат ги гледаат во деколтето, прифаќајќи се` бидејќи потајно се надеваат на секс со нив? Победно нешто не можете да направите и да се потрудите!
Тоа што тврдиш дека си искрен, нималку не ја ублажува оваа одвратна слика. Напротив, штети на повеќето жени и мажи, на тие поинаквите. На поинаквите мажи им ја загрозува репутацијата, а на жените кои не сакаат да бидат посматрани само како сексуални објекти, уште толку им ја губиш вербата во нормални мажи кои знаат да почитуваат и да им помагаат понекогаш. Исто така им ја губиш и вербата дека постојат мажи кои се вредни за сакање, почитување, па и за делење цел живот.
Сега две потпрашања.
На какви услуги мислиш кога ги даваш примерите со девојките?
Дали ти на твојата девојка или сопруга си и го кажал ова во лице? Или на бившите? Како тие реагирале на тоа? Ако ми кажеш дека и после овие твои изнесени мислења останале или остануваат со тебе... т.е. ај да не зборам пред време.