Fiat Punto ми е тиња... Општо Fiat не ме асоцира на квалитет.
Јас се мислев помеѓу Chevrolet Aveo (8.700), Opel Corsa (околу 10.000) и Ford Fiesta. Се одлучив за основната верзија на Fiesta (Ambiente). Цената е 8.000 еур., ама знаеш дека возиш квалитетно количе. Башка, месечната рата (со 20% учество) ќе ме фати некои 104 еур. што е прифатливо.
Единствено не ми се допадна односат на продавачите во Ми-Да, кои се понашаат толку лефтерно што мора зборови од уста да им вадиш за да ти ги објаснат спецификациите и опремата... Ама јебига, очигледно они не тепаат пари од обични смртници како нас, туку од шиткање на комбиња на фирми. Исто така, ме разочара тоа што морало да се чека 3 месеци, пошто немале на лагер ниедна од моделите со 3 врати. Ќе чекам ако треба, не е толку итно... Најверојатно утре/задутре ја нарачувам. Црна.